Кога сме веќе кај антитела, дали е вистина тоа дека различни антитела треба да се испитуваат за различните типови вакцини? Некаде чув ама не ми е јасно. И за која какви се испитуваат?
Со Фајзер. Инаку, не проверив ни јас антитела зашто 99% сум сигурна дека не прележав, но ако си прележана би ти рекла да провериш зашто татко ми прележан пред 6 месеци имаше реакции од Фајзер. Еве го од петокот вакциниран сеуште качува температура повремено во текот на денот и имаше голем оток на лимфните жлезди под левата рака. Најверојатно нема да ја прими втората доза.
Зошто да не ја прими? Тоа се многу чести реакции од вакцините. Мм исто после една недела од вакцината имаше оток под пазуви,со борова вода се повлече за неколку дена. Имаше и температура и болка во рака. Јас исто имав болка во рака ,имав и гадење со повраќање и тт на 4ти ден но не сум сигурна дали беше од вакцината. Прележавме пред 6м.
Треба да оди на преглед, не знам дали ќе испита антитела или по кој критериум ќе одлучат дали ќе ја прими. Секаде каде што се консултираше му рекоа дека се чести појави ама демек 6 дена температура е многу. Вие и втора доза примивте?
Брат ми после примена прва доза вакцина и 5 дена температура излезе позитивен на вирусот и го прележа. Си ја прими втората доза во закажаниот термин, после три месеци од првата (со Астра Зенека се вакцинираше). Од втората доза немаше никаква реакција.
Не би требало пак да е заразен зашто се оперираше скоро и многу се пазеше. Плус ние сме кај нив цела недела, нас одма ќе не фатеше не сме прележани. И ова отокот на лимфните жлезди е наведено како реакција од вакцината. Барем се надевам дека не е. Сега да се тестира веројатно касно е?
Не знам за вас ама мене многу почнаа да ме живцираат антиваксерите. Без осет, на секој чекор,објава,коментар за вакцина стои совет од нив кој не е побаран. Последно прочитав декс Бил Гејтс сакал да ја уништи 15% од популацијата на човешството. Они не знаат кој е Бил, прочитале негде им влегло во глава и толку е. На човек да му страв да праша за вакцина нешто,одма не чинело. Брзо заборавија на сѐ. Страшно и жалосно.
Дали Јане Сандански работи до 7? Како иде тоа со издавање сертификат за примена прва доза...ќе го добиеме одма таму или од нет треба да се симне ?
Супер, фала ти. Прочитав некоја страна наназад дека гужвите пред поликлините биле од луѓе кои чекале документи, па затоа помислив дека не ги даваат одма.
Не е касно, ама штом има прележано, не е корона, бурна реакција од вакцината е, му реагира организмот, оти изгледа има доста антитела. Оток на лимфни жлезди може да се јави како реакција од вакцина, не само од овие против ковид, туку од сите вакцини.
До колку работат Јане Сандански, и дали имате информација со која вакцина боцкаат ? @Ahoy дали знаеш за влез во Швајцарија кои вакцини од кај нас се дозволени ?
Дали може да прочитам размислување од поупатените на темава околу видеово што кружи по фб? ( јавно достапно кај некој Валентино Лауцоски) Дали спајк протеинот го има само кај фајзер или и во другите вакцини? Со вакво видео разубедуваат луѓе да не се вакцинираат ( за кое не верувам дека е вистина тоа што го збори)
Да https://www.bag.admin.ch/bag/en/hom...en-fuer-reisende/quarantaene-einreisende.html COVID-19 vaccination requirements People who are fully vaccinated are exempt from many health-related measures at the border. These exemptions apply to people who have been vaccinated with one of the following vaccines: Pfizer/BioNTech (BNT162b2 / Comirnaty® / Tozinameran) Moderna (mRNA-1273 / Spikevax / COVID-19 vaccine Moderna) AstraZeneca (AZD1222 Vaxzevria®/ Covishield™) Janssen / Johnson & Johnson (Ad26.COV2.S) Sinopharm / BIBP (SARS-CoV-2 Vaccine (Vero Cell)) Sinovac (CoronaVac)