Во сите. мРНК (Фајзер, Модерна) и векторските (Спутник, АЗ, Џонсон) вакцини се базирани само на тој протеин, а инактивираните (Синофарм, Синовак) веројатно го содржат затоа што го имаат целиот вирус, инактивиран
Охоо колку вакви видеа има... те спајк протеинот отров бил , те Бил Гејтс ќе те следел и кога одиш во WC и ќе ти ги контролирал емоциите. Ич да не ги гледаш видеава, ова се типични секти кои пред публика од 100-200 луѓе собрани кажуваат како човештвото ќе изумре, само господ бил спасот. Вакви ги има колку сакаш, ова ти е stand-up comedy квази доктор/научник и група 100-200 будали што му веруваат и го шернуваат масовно и пропагираат антиваксерство. Искрено кога ми е досадно им ги отворам групите и видеава ги гледам и онака само се чудам на секоја глупост што ќе им излезе од уста.
За тие што прележале. По колку месеци се вакциниравте? Јас прележав крајот на март. Дали пред вакцинирањето проверивте антитела и колку треба да се за да знаеме дали треба да примаме вакцина? 2 дена пред добивање сум и не знам дали воопшто да се вакцинирам, да не си направам проблем.
После 6м се вакцинирав. Не проверив антитела пред вакцина, имав проверено после 2м од болеста. Планирам пред втора доза да проверам повторно, се плашам да не се многу високи (како што пишуваат по групите дека од високи антитела може да се добие автоимуно заболување) И затоа што докторите советуваат дека за прележани е доволна една доза. Ама пусти сертификати, не даваат само со една доза...
Ама кај овие е само кодот кој предизвикува создавање спајк протеин, мислам дека самата вакцина не содржи екшуал спајк. Ако грешам нека ме поправи некој.
Да , информационата РНК е всушност информација како клетките во нашето тело преку процесот на транслација да го создадат спајк протеинот од SARS Cov-2 кој покасно ќе го активира имунолошкиот одговор. Де факто секоја вакцина има спајк протеин како неизбежен сегмент од корона вирусот на кој се базира и нејзината имуногеност.
. Здравјето е многу побитно од било кој сертификат. Не вреди да се игра руски рулет и да се ризикува. Барем јас така мислам.
Јас се вакцинирав скоро година некои си 10 месеци по прележување. Прележав лани во Јуни, се вакцинирав годинава во Април. Антитела не проверив пред вакцинирање. Ништо не проверив пред вакцинирање (од аспект, крва слика,д-димери и слично). Се вакцинирав со Спутник додека имав циклус. Тој циклус ми беше пореметен, наредниот се си се врати како и претходно. Промените беа краткотрајни. Читав дека промени во циклус даваат сите вакцини (освен за кинеските немам читано, ама за нив и нема многу податоци по светски медиуми). Ама не мора да значи дека баш тебе ќе ти направи промени во циклус. Кај некои жени даваат промени во циклус, кај некои не. Во Америка препораките се 30 дена по прележување може да се прими вакцина. Некаде се 6 месеци. Ама како и да е, ти и едниот и другиот рок веќе си ги поминала.
Нема да си направиш проблем и матичниот и докторот на пунктот вака ми кажаа кога прашав. Мене не ми се поремети циклусот
Со антиваксер од типот Бил Гејтс, можиш да се разбериш на негов јазик. Пример, мислат дека Бил ќе контролира преку вакцината. Епа јас би му рекла, не бе тој сака да мислите дека преку вакцина ќе ве контролира, за да не се вакцинирате... И дај му два-три тешко разбирливи докази и одма ги придобиваш. п.с. Славица не мора да е од село.
Ако сум вакцинирана со една доза што треба да им покажам при влез во кафич, мол итн. Каков документ? Сертификат за вакцинација даваат после втора доза вакцина.
Претпоставував дека е со картончето, само би требало јасно да кажат со каков документ, а не вака да си правиме претпоставки.
Кои вакцини моментално ги има во Букурешт или другиве поликлиники? За високи антитела 20илјади измерени во јули, два месеца по прележување дали е штетно да се вакцинира? За колку време ќе се намалат антителата?
Прашај си го матичниот лекар зашто тој најдобро ти ја знае здравствената состојба. Јас прележав во јануари па ме советуваат да чекам, да не се вакцинирам.
Какви 20 илјади?! На скала од колку дека е позитивен наод? Ако се 20.000 кајшто 1 е позитвна вредност, рачунај колку е тоа многу. Никој нема да ти каже за колку време ќе се намалат и не треба да се намалат. Ако се реално толку многу да одиш плазма да даруваш (или кој и да е, ако не прашуваш за себе) и да се обратиш кај некој реален стручен од фелата. Kај кој, може ќе има идеа @Cosmi . Јас лично верувам дека вакцинирање на толку високи антитела може да направи проблем. А за што? За конформизам со луди мерки на една луда власт