Во Хрватска која е исто Еу проверуваат антитела. Уште пред месеци лекарите на прележани со игг над 10 им советуваа да почекаат со вакцина.
Овде не, а мислам и на други места тешко. Јас лично два пати проверив во Мк. Јас прележани воопшто не би вакцинирала оти било каква слика да имале, биле во контакт со вирусот, а нели и вакцината содржи барем дел од тој вирус. Значи моето тело веќе еднаш било во контакт со вирусот, иако ете немам антитела. Јас еве знам дека не беше лажно позитивен. Ама светската политика вели вакцина и за прележани. Ама најрано после 6 месеци.
синофарм или синовак беше.Не ме фаќај за збор .Едно од нив имаат да.Температура,потење,треска,нос течење.
Zdravo, neznam kade bi go postavila prasanjeto zatoa moram ovde ke se vakcinirav vttornik, e sega sakam da prasam sitr razlicno kazuvaat dali mozam posle vakcinacija da ostanam bremena vo nekoj pokratok period ili mora da cekam da mine vreme?! Vi blagodaram
dali ve primale vo Hrvatska so Sinovac? Mi interesira deka sakam i ja da odim pa ne znaem dali da napraem test ili samo so vakcinacija da idem deka na vebstrana ne pisi deka go primat Sinovac!
Министерството за здравство ја објавува двонеделната анализа на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 19.08.2021 на територија на државата 9881 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив само 15% биле целосно вакцинирани, односно 1507 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според двонеделната статистика, 8374 граѓани од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 91%, додека само 9% од сите 724 моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од две седмици на територија на државата починало 101 лице со Ковид 19, 92 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 9 односно (8%) примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе хронични заболувања. Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини Модерна и Џонсон и Џонсон, кои некои од пациентите ги примиле во странство. Министерството за здравство укажува на важноста на вакцинација, секоја вакцина која ја имаме на располагање е безбедна, ја намалува шансата од заболување, спречува тешка форма на болеста и штити од смртен исход. Министерството за здравство апелира граѓаните да се вакцинираат, само така ќе дојдеме до колективен имунитет и ќе спречиме ширење на мутации на СарсКов2. https://mk.tv21.tv/mz-85-od-novite-sluchai-i-91-od-hospitaliziranite-so-kovid-19-se-nevaktsinirani/
Моментално има позитивни со сите вакцини, две дози, со поминато време Има со лесни симптоми , течење нос, грло, малаксани но и со температура и треска по 5 дена.
Заев да пресмета колку се 9 проценти од 724 хоспитализирани со примена вакцина. Вај само 9 починати од вакцина. Случајност.
Во салата на медицинско Вакцинираат, пред некој ден знам боцкале со Фајзер, Синовак ти даваат избор која ја сакаш ( лица над 60 години само со Астра Зеника).
Институтот за имунобиологија и хумана генетика при медицинскиот факултет во Скопје објави научна студија во списанието Allergy кое е официјално списание на Европската академија за клиничка имунологија и алергологија. Колку што видов во студијата имало 226 испитаници и се испитувал хуморалниот одговор (антителата) кај позитивни и негативни лица а исто така и пријавените негативните ефекти по примена вакцина. Почитувани, Со гордост и големо задоволство, ве известуваме дека е објавен трудот “A single dose of BNT162b2 vaccine elicits strong humoral response in SARS-CoV-2 seropositive individuals” во списанието Allergy, официјално списание на Европската академија за алергологија и клиничка имунологија (EAACI). Трудот е резултат на студијата за хуморалниот одговор на вакцината на Pfizer спроведена изминативе месеци на Институтот за имунобиологија и хумана генетика. Ова е огромен успех и признание за научно-истражувачката работа на Институтот и Медицинскиот факултет во Скопје, имајќи го во предвид Импакт факторот на списанието од 13.146. Во продолжение линк од трудот: https://pubmed.ncbi.nlm.nih.gov/34386995/