На располагање се околу 400.000 дози вкупно од сите производители од кои 200.000 за прва доза. За прва доза имаме 80.000 Синовак, 50.000 Aстра Зенека и 70.000 Фајзер. Секоја недела пристигнуваат по околу 20.000-30.000 на Фајзер и оваа пратка ќе продолжи да пристигнува и во следните недели до крајот на годината, велат од Министерството за здравство. Ова е од пред десетина дена.
Околу 500 000.со две дози. Во Србија појма немаат колку се вакцинирале. Расте бројот на омладина вакцинирана,тие што треба над 60+ во место стојат.
Ако сметаме дека сме 2.000.000 народ, а вакцинирани се 495.803 луѓе со две дози, тогаш комплетно вакцинирани се речиси 25%.
Само да пријавам дека сум негативна на ПЦР тестот. А, од пред некој час почна пак да ме боли осумка заб, кој го немаше две недели. Ништо чудно и од него да била температурата (која јас не ја ни осеќам). Како и да е ќе направам комплет крвна слика пред да се вакцинирам.
Еве и брат ми има 37,2 температура сега дома мереше ама се жали на болки во стомакот и дијареа денеска цел ден, најверојатно е стомачен вирус. За жал сега ако кивнеш или кренеш температура одма асоцира на КОВИД а многу други работи може да се од инфекции па се до временски услови...
После колку време од прва доза Фајзер би имало антитела, ако има воопшто? Знам да читам на гугл ама сакам и ваше мислење. (Не прашувам за да се изнаодам по кафани со прва доза).