Да,да можно е да е и КОВИД но ќе видиме ако до утре не му спадне температурата и продолжи со истите симптоми ќе правиме тест , другите дома за сега немаме никакви симптоми (вакцинирани сме).
Да знаеш дека апаратите не покажуваат точно. Ти кажувам бидејќи користам ист на работа. Нека не ти мерат на чело туку на глуждот од раката. Освен тоа тие нон стоп го држат апаратот во рака и тоа се загрева и покажува грешна температура. После секое мерење треба да олади барем 1 минута. Ама толку знаат повеќе да измерат,само стискаат безврска.
Не знам дали прашањето е за тука, пошо има милион теми, ама сакав да прашам: сертификатот за вакцинација (а и потврда за примена вакцина) со кое име и презиме го вадат, со податоци од лична карта или како се водиш во фонд? Прашувам, пошо после брак немам менувано документи во фонд, па да знам дали треба да го средам тоа ради сертификатов.
Исто и мене, со овие симптоми имав ковид. Да не спијат на тоа дека е стомачен. Инаку овде и со стомачни симптоми прво те тестираат за ковид.
Мене па ме чуди какви прашалници сте потполнувале при вакцинација? Јас ништо не потполнив,ме прашаа со која рака пишувам и дали сум алергична на пеницилин. И да ви кажам многу се чудни овде,не те мачка со алкохол пред вакцинација туку отпосле.
Алелујааа До сега којзнае колку кластери ќе има од вакциналните пунктови. Оти митинг е. Инаку... денес сестра ми се вакцинираше во Врање, живо пиле немаше. Е, на граница се чека, ама сепак мислам дека се исплати да отидеш до таму, отколку да чекаш кај нас, особено што секогаш има некој кој сака „само да праша„
Индија ја одобри првата ДНК вакцина ZyCov-D против КОВИД-19 воопшто направена. Во клиничките студии покажала ефикасност од 66% за превенирање на симптоматска болест. Се очекува да се дава во три дози. Функционира на база слична на мРНК така што преку мал ДНК фрагмент кој се внесува во клетката и преку процесот на транскрипција се формира мРНК која пак од друга страна ќе го создаде спајк протеинот во процесот на транслација. Овие вакцини се најнова ера во имунологијата и се во тренд во последната деценија каде што се користат за изработка на вакцини против инфективни болести кај животните но и некои типови на канцери а за жал кај човекот не покажале баш добри резултати во поттикнување на имуниот одговор до сега и затоа не се употребувани. Кој е вашиот став за овие вакцини, јас мислам дека овие ДНК вакцини иако постои ентузијазам и напор да се пуштат во употреба што поскоро за хуманата популација сепак се недоволно испитани и не се знае какви ефекти би имале врз човекот. Сепак молекуларните процеси како генско препишување или транскрипција и генско процесирање или транслација се сложени и има можност за грешка и појава на некаква мутација со што според мене ДНК вакцини не се нужни споредбено со толку технологии кои денес се достапни и доволно истражени. https://www.bbc.com/news/world-asia-india-57774294
Познавам тројца со по две примени дози на Фајзер, кои се моментално позитивни. Да, да, знам дека вакцината не штити од заразување, ги минимизира симптомите. Е па, едниот е во болница. Сакав да се вакцинирам, но не на овој начин. Дури и на анкетава горе сум одговорила со ‘да’. Ама, не сакав присилно и одлуката да ми е наметната. Пред да скокнете, да потенцирам, не сум антиваксер. Но, не мислам дека друг треба да ја определува насоката на правото кое го имам за личен избор. Не споредуваат со земји во кои меркиве влијаеле позитивно на падот на бројките, а забораваме каде живееме.. и колку можеме да истрпиме. Жално!
Името на сертификатот ќе ти биде според податоците во фондот. Мораш да ги смениш најкасно пред втората доза. Ти треба старата книшка, нова книшка со нови податоци, венчаница и еден документ од фзом кој ќе ти го пополнат во фирма.
Пред вакцинација пополнувавме прашалник во смисла дали си бремена, доилка, дали имаш некои болести, алергија … тоа ми текнува
Вчера на работа дојде еден доктор, односно и он и жена му се доктори, жената беше бремена. Според него бремените доколку можат да почекаат со вакцинација, а доколку веќе мораат да се вакцинираат со фајзер. Жена му се вакцинирала ама не знаела дека е бремена. Исто кажа дека фајзер била најбезбедна, за кинеските имаше многу лоши зборови, особено за синовак. И иако двајцата беа со две дози вакцинирани бегаа на дистанца од 2 метри од нас.
Маж ми вчера се вакцинираше со модерна, би сакала да прашам бидејки се зборува само за фајзер, за модерна, ефикасноста каква е, односно нешто повеќе за истата доколку некој знае и има време да ми одговори. Ревакцина на точно 4 недели, додека јас со фајзер сум на точно 5 недели.
Против Делта Модерна се смета за најдобра вакцина, со околу 80% ефикасност за превенција на симптоми, за разлика од 40-50% на Фајзер
Јас сум со модерна. Никој не ме праша каква, само таква имаше тогаш за тие помеѓу првите што се вакцинираа, по приоритетните листи. Исто за 4, мажот ми со фајзер на 3 недели беше. И јас читав дека има најдобри статистики...па ќе видиме.