На нога, и пократко траат симптомите, иако може да има потешка клиничка слика, не се одолговлекува, побрзо се опоравуваат.
Јас се надевам дека ќе е така... Бидејќи и јас сум со прва доза Синовак... Се разбира секој организам различно реагира ама онака само читам искуства
Дали мора да имате две дози примено за да извадите дигитален сертификат? На кој начин се вади? Пробав на вакцинација, па нешто не испадна ко што треба.
@Ahoy кој треба да контактира за одлагање на вакцината? Татко ми е негативен исто во вторник треба да ја прими втората доза од АЗ ама и за него ми е шубе дека е колку толку во контакт со мајка ми.
Да две дози треба. Сертификатот се симнува од вакцинација.мк или од кај матичен. Имаш две дози примено? Што беше проблемот за симнување преку сајтот?
Пријави се прво за вакцинација, па потоа регистрирај се со истиот тел. број. Ќе ти стигне код на СМС. Ќе се најавиш и ќе ти ги даде податоците за примената прва доза. Откако ќе ја примиш и втората, ќе можеш да го симнеш сертификатот. Или ако имаш профил на е-услуги, можеш и со него да се најавиш.
Можеш и ти да му средиш, со твојот тел.број како што ти пишав погоре. Или ако имаш профил на е-услуги, можеш и со него да се најавиш.
Ако Филипче денес тврди и ветува дека со вакцината се стекнувало траен имунитет, како после некое време ќе излезе и каже дека треба одредени луѓе да примат трета доза како што е случај во некои држави, во Србија на пример. . Зарем не се пишуваше во скоро време дека имунитетот после Фајзер опаѓал после три месеци.. па оттаму потребата за бустер дози. Или па после ќе каже и ќе се правда дека не кажал после која доза се стекнува трајниов имунитет.
Искуства со синофарм? Дали сега исто мора да се најавиш на страната или само одиш на пунктовите и попунуваш пријава? И каде има синофарм тука да не имате информации? Тенкс
Ништо.... Само некоја тапа болка во раката на местото каде што ме боцнаа.... Толку, а се вакцинирав во петокот.
Дали навистина сертификатот за вакцинација ќе важел 9 месеци за патување во странство. После 9 месеци ќе морало да се вакцинира со 3та доза. Има официјално инфо?