Од денес Фајзер во Америка со стандардна дозвола за употреба. https://edition.cnn.com/2021/08/23/health/fda-approval-pfizer-covid-vaccine/index.html
Во врска со тоа дека вакцината штити од тешка клиничка слика, е па луѓе и тоа паѓа во вода, братучед ми е вакциниран во Врање уште пред неколку месеци и еве го сега на кислородна подршка во многу лоша состојба. Уште ќе ме убедува некој дека штитат?
И што е поентата на овој пост? Предизвикување паника, хистерија? Олабавете со вакви постови. Ја немам ,,среќата" да знам дека сум заразена и ќе поминам асимптоматски. Една надеж ќе имаш и успевате да ја уништите. Лошо ли е да верувам во ефикасноста на вакцините? Не ве разбирам... Што ти е целта?
Ми треба мислење Моите дома се заразени сите освен јас, денес проверив крвна слика, топ е се и брз тест правев ми беше негативен. Утре ми е термин за втора доза со Фајзер, матичниот не е сигурен дали да ја примам бидејќи имам контакт со моите дома и не ми даде конкретен одговор. Ваш совет?
Моментално заразена е една жена на 70+ години, неколку пати оперирана од канцер, со многу замастено и слабо срце и тон други болести, за докторите феномен што е жива, во нормални услови. Вакцинирана е со две дози Фајзер. Симптом нема. Никаков, ништо, освен позитивниот ПЦР. Се чувствува одлично, да не ја подречам, само така да остане дај Боже. Јас сум пресреќен. Вакви примери има и со Синофарм ко втора најкористена кај нас, ама ми се подалечни практично непознати. Еве мене овој случај ме увери 100% дека вакцините си ја вршат работата.
На другарка двајцата родители, доктори, се позитивни. Немаат ниту еден симптом, вакцинирани со Фајзер. Свекрва ми вчера ги имаше сите можни симптоми на ковид, вакцинирана со Фајзер. Негативна е на брз тест, ама скоро сме сигурни дека е ковид, ќе видиме денес на пцр. Денес има само кашлица и кивавица и се осеќа само како да е малку настината. Се надеваме дека вакцината делува.
Не верувате кога некој е болен а негативен на тест, а верувате кога има позитивен тест но нема симптоми дека е заразен со ковид? Која е логиката? Зарем не покажа времето дека имаше и доста лажно позитивни тестови?
Па мајка ми немаше апсолутно ниеден симптом,а беше позитивна и веруваше дека е лажно позитивен тестот и дека и згрешиле нешто се додека не ги провери димерите после две недели од позитивен тест.И беа многу покачени.Може сами од себе ќе и се стабилизираа без терапија,а може и не
Ne razmisluvaj, samo uzivaj. Dve moi prijatelki ostanaa bremni izmegu dozi na vakcini, fala bogu dobri se. Doktorski preporakata e posle 3 nedeli od vtora doza
Вчера ми излезе на ФБ дека Амфенол Кочани ставиле правила за вакцинирани и невакцинирани Не ми се веруваше иако поддржувам вакцина. Демек за вакциниран 500 ден за редовност, за невакциниран нула… итн….
Има и други состојби во организмот кои ги покачуваат д димерите. Тие не се строго поврзани само со ковид. Да не беше ковид за многу луѓе д димерите уште ќе беа шпанско село. Ретки ама еве бар јас ги знам 5 души. Вториот пат кога беа вистински заразени беа и болни. Првиот пат не.
Дечки за тие што се имате вакцинирано деновиве, дали се уште важи тоа дека те вакцинираат со која вакцина е достапна или даваат да бираме доколку има повеќе вакцини достапни?