Толку голема непознаница и немање правило е оваа епидемија со вирусов што цела светска научна и здравствена фела не успеа да најде нзс,сите лутаат ама ние овде сме ги надмашиле. Ко жени на селска чешма сме. И само паники ,Синофарм не чини Синовак ич АЗ прави тромб ,Фајзер срцеви проблеми,Спутник леле останавме без 3 доза...ама веќе... Сака внимавање ама битно сите мораше по мориња по свадби матури и што ти не да појдиме... Е па ако ни е...
А што е важно дали е израелско или британско истражување. Важно е дека пишува за тоа дека се намалува ефикасноста на Фајзер и тоа нѐ е тајна. А освен вакцините, има некоја друга превенција во спречување на сериозни форми на болеста ?
Мислења за Џонсон и Џонсон вакцина? Некои резултати, истражувања? Читав за истата на твитер кои ја примиле во ЕУ луѓе ама нема доволно резултати освен дека се прима само една доза а баш се заинтересирав. @Ahoy
Која е најпогодна за помлади луѓе? Јас сум со предијабет, примам и терапија за тоа, некој ми препорачува Фајзер од докториве, некој Синовак ? Некое слично искуство?
Џонсон и Џонсон е иста со првата доза од Спутник, мислам, на истиот аденовирус е базирана. Добра е, само што имунитетот би имал пократок рок затоа што е само една доза.
Јас би ти препорачала Фајзер. Ич да не му ја мислиш. Прво испитај да не имаш антитела, ДДмери и ЦРП ( така мене матичната ми препорача 24 часа пред вакцина) и ако е се во нормала оди вакцинирај си се. Не е страшно, не се некои трауматични нус појави.
Имам читано случаеви дека може да предизвика згрутчување на крвта или парализа, затоа ме интересираше, а и дека многу боли.
Студија спроведена во Перу на околу 400 000 здравствени работници, вакцинирани со две дози на Синофарм, покажува ефикасност од 50.4%, во ек на најтешкиот бран во Перу предизвикан од Ламбда и Гама варијантите. Вакцината на Синофарм исто така покажала ефикасност од околу 94% во превенирање на смртни исходи. Ова се одлични резултати имајќи ги предвид мутациите кои биле актуелни за време на спроведувањето на студијата. https://www.reuters.com/world/ameri...-504-effective-against-infections-2021-08-13/
Да, има неколку случаи на згрутчувања после Џонсон, ама такви има од скоро сите "модерни" вакцини, ништо страшно. За парализа не сум слушнал, ниту сум ја ставил вакцината за да знам дали боли
Ова се одлични резултати на класично изработена вакцина. Кинеските и Астра на крај најдобри ке испаднат.
@bicycle ја има кај нас во Грција, јас познавам пријатели што се имаат вакцинирано со неа. За жал и доста починаа од тромбоза(а се имаат вакцинирано со оваа вакцина), и баш збореа на тв дека АЗ и ЏЏ најмалку ги бираат за вакцинирање. Најчесто со Модерна и Фајзер се вакцинираат луѓево тука. И поради тоа што е една доза знам има помал процент на заштита
Министерството за здравство ја објавува анализата на вакцинирани, од позитивни случаи со Ковид 19, во период од 06 август заклучно со 26 август. За вакцинирани се сметаат лицата кои се вакцинирани со две дози и поминале најмалку 14 дена од примање на втора доза вакцина. Во период од 06.08 до 26.08.2021 на територија на државата 17.020 граѓанин, се позитивни од тестирани на Ковид 19, од нив 17% биле целосно вакцинирани, односно 2924 лица. Голем е бројот на невакцинирани граѓани кои се заразиле со Ковид 19. Според статистика за изминативе три недели, 14.096 граѓани, односно дури 83% од позитивните на Ковид 19 не биле вакцинирани. Процентот на хоспитализирани лица кои се невакцинирани изнесува 89%, додека само 11% од сите моментално хоспитализирани пациенти се целосно вакцинирани. Смртноста кај невакцинираните е драстично поголема, покажува анализата. Во период од три седмици на територија на државата починале 276 лица со Ковид 19, 246 пациенти од починатите не биле вакцинирани, а само 30 (10%) примиле вакцина. Според анализите починатите имале повеќе комбинирани хронични заболувања. Заразените и починатите се вакцинирани со вакцини што ги има на располагање кај нас, како и вакцини Модерна и Џонсон и Џонсон, кои некои од пациентите ги примиле во странство. https://mk.tv21.tv/mz-83-od-novite-sluchai-i-89-od-hospitaliziranite-so-kovid-19-se-nevaktsinirani/