А,што те прави тебе кадарна да им се потсмеваш на луѓе кои мислат дека вакцинацијата е единствено решение? Очекувано.Беше најавуван и овој бран.
Решение на повидок се глеа тогаш кога ќе се вакцинира доволен број на население, историски гледано тоа помагало. А додека сите шо не сте вакцинирани не се вакцинирате ќе се трткаме уште долго, избор е даден сеа ајде еве ела која сакате , епа лекајте ако неќете милом -силом. И да се заразиш и после две дози , еве ќе искочи и антивирален лек па и спреј за ковид (имам читано по нетов). Ако нишо не успее, ајде да поработиме на жувотниот стил( може тоа смртност ќе намали), ако ни тоа ајде тотален карантин 1 месец или маски до крај на живот .Ништо не прифаќаме , нишо не ни одговара. Не е ништо против тебе нити према не кој кој неќе или не е вакциниран, ама светот натака иде , вакц или седи дома. Разликата е шо ние вакцинирани не седиме , чекаме , млатиме вода у празно, него преплашени( као пред, така и после вацк) сме пуштиле чекор кон промена на гадново време промена , надежни дека ќе го пресечемњ ковид ако недајбоже дојде до нас иии венко наш голем маж ќе ја има последната прес конференција поврзаана со пандемијава у која ќе каже .. дечки / другари прогласувам крај на пандемија …и после па почнуеме све од почеток хе историски гледано. Не дека и прележан нема да го направи тоа , не дека и некој кој се чува нема да го направи тоа , али вакцинирај вакцинирај вакцинирај!
Здраво, сакам да се вакцинирам со Фајзер, дали некаде воопшто вакцинираат по желба или мора да примам Синовак со оглед дека имам 30 год, а Фајзер давале само над 25.Ако вакцинираат некаде со која ние сакаме ве молам пишете ми. Фала ви однапред.
Да помагало со вакцина која спречувала да се заразиш од болеста и да шириш.А со овие вакцини што,ем се разболуваш,ем шириш исто заглавуваат по болници,крај не се наоѓа.Лотарија што ќе ти се падне.Невакциниран може и лесно и тешко да поминеш,вакциниран исто.
Здраво, дали некој знае дали може ако сум примила прва вакцина во Гостивар, втората да ја примам во Скопје?
Не е точно ова со фајзер над 25 год. Со фајзер се вакцинират од 12год па нагоре. Со синовак од 18 год па нагоре
Не знам како тоа исто заглавуваат по болници кога 85-90% од хоспитализираните се невакцинирани. Најмногу починати во последниве 3 недели имаат Струга, Кичево, Гостивар, Тетово, Куманово и Струмица, односно најмалку вакцинираните градови во Македонија. Неготино, Кавадарци, Гевгелија и Ресен се мирни во однос на починатите, а се градови со највисок процент на вакцинација. Битола и Прилеп се исто мирни имајќи го предвид бројот на жители таму.
Ок ,заглавуваат мислев прегледи,контроли,консултации.Протокол за лечење е ист како и за невакцинирани,пристапот на болеста не е сменет.И јас сега треба да ја гледам мапава на мкд и што ,кога нема разлика никаква,а да ќе заборавев..... Ако еден член од фамилија пр.дете 15 год се заболи од ковид,вакцинираните родители продолжуваат на работа.А пошто се вакцинирани и имаат или немаат симптоми , пуЗдер ќе напраат на работа . П.с на мапава нема статистика вакцинирани и невакцинирани или недогледувам.
Син ми се вакцинира на 20 ти Август со Фајзер,втора доза дури Октомври,или од земја до земја има разлика меѓу боцка или многу за боцкање или недостаток на вакцини(не е овде)
Ајде ајде , поентата не ја сфаќате сите што уопорно викате дека вакините се неефикасни, како слепи да бевте коа пишаа дека не се 100%. Све е ова ново, како поминува време учиме , речено е зависи од самиот имунитет на човекот, речено е зависи која количина на вирус ќе внесеш и мал милопн ствари итн. Сите нови соеви се од невакцинирани , и да излезе нов сој од вацк. ќе биде од шо се трткавме, молевме и докажувавме. Едноставно е неќеш да се вакцинираш и да пробаме вала да завршиме ( резултат не се знае , но се верува дека ќе се стави под контрола) седи дома. Патем сите ќе бидат , еве почнаа помали следни се од 6 месеви до 12 години, имаме веќе регистрирана. На крај што сум ја мајмун што се боцнав, како и мое друштво, родители блиско семејство? Е не сум , надежна сум дека ќе помогнам во прекинување и дека мој имунитет ќе издржи на мои 29 ипол години, што е и поента , веруваш на некој. Право имате сите да, ама не коа твоето право го загрозува моето постоење.
Па нормално дека можеш да се инфицираш кога поголемиот број не се вакцинирани, вирусот кружи и меѓу вакцинираните, но најмногу помеѓу невакцинираните. Најмногу заразени, хоспитализирани, починати се невакцинираните. И за сите болести кои примаме вакцина да прекинеме да примаме повторно ќе има и заразени и се, пример се морбилите пред неколку години. Заглавуваат со прегледи, консултации, конторли не е лоша работа. Протоколот нормално дека е ист кога и болеста е иста. Мапава убаво ти кажува колку починати има од заразените и убаво пиша Ахој најмногу смртни случаи има во градовите каде што има најмалку вакцинирано населени, во градовите каде што свадбите, журките беа пуштени на најјако. Статистика објавуваат од Институт за јавно здравје и јасно таму се кажува дека далеку е поголем процентот и на заразени и на хоспитализирани и на починати кај невакцинираните.
Без навреда, ама не знам дали на сила се правите мутави! Вакцината не е лек, кога би била, тогаш на заболен човек ќе му се стави и ќе го излечи. Вакцината ги намалува шансите да фатиш вирус и доколку сепак фатиш, помага полесно да го пребродриш вирусот. Аман веќе, како може упорно да ги споредувате вакциниран и невакциниран. Како ќе направат пуздер ако сите се вакцинирани? Проблемот е ако не се вакцинирани. Сфаќаш каде е разликата?