Додека ние ништо не научивме за 2 години, за вакцини, вакцинација, имунитет, носење маски, науката оди напред. https://www.healthline.com/health-n...s-are-the-best-approach-for-covid-19-vaccines
И јас, и маж ми сме вакцинирани со Фајзер. Од првата доза имавме само болка во раката, а од втората, болка и поспаност. Се пос*авме од спиење првиот ден. Ќерка ми (15г) вчера прими втора фајзер, сега-за сега и таа само болка во раката и поспаност. Се' ќе биди во ред
Здраво, Денес требаше да примам втора доза Фајзер. Вчера добив позитивен наод на Staphylococus Aureus, и ми беа препишани два антибиотика. Немам симптомк ксвен раничка во носот. На пунктот за вакцина и кажав на докторката дека имам бактерија и таа рече дека вакцината ќе ми го ослаби имунитетот и не е спорно да се одложи додека да ја испримам антибиотската терапија. Дали е исправна оваа одлука?
Не знам кој на кој се потсмева. Ако мислите дека вие сте од тие високоинтелегентните кои мислат дека вакцината е решение а другите не сакаат да се најде истото во тешка заблуда сте. Па и се сметаат "кадарни" да кажат дека вакцината била решението. https://2012-transformacijasvijesti...epljenih-imaju-eksploziju-broja-novozarazenih
Благодарам за споделеното искуство Јас утрово ја примив, за сега сум супер, ако има нешто ќе споделам.
Чисто информативно,кој не ја видел статистикава,да ја споделам.Понатака кој како сака,нека расудува,превртува,мудрува...
За да биде комплетна информацијата треба да има и број на заразени вакцинирани и невакцинирани по град. Вака е апла вадење од контекст. Да не заборавиме дека Кавадарци немаше милион свадби со 500 луѓе и не се прошири вирусот експлозивно како во Тетово Гостивар. Дополнително игра улога и менталитетот на луѓето во градовите. Не викам дека вакцините немале свој удел, ама овие бројки не го докажуваат тоа. Нејсе, нека се објаснуваат ако за некоја недела од сега Кавадарци избие на прво место.
Секако дека и свадбите и менталитетот имаат удел,показател е тоа на табелата,каде и има најмногу починати.Ама согласно менталитетот затоа им е и мизерен и опфатот ,на вакцинација ,зошто корона не постои.
Мислиш на бројките на починати? Ти сеуште не веруваш?Кај нас умираат по двајца тројца секојдневно. Со оглед дека сме релативно мало место точно утредента знаеме кој се .Завчера почина мој школски,изминатава недела мајка и ќерка од соседното село и останати .Реални се ликови не бројки.
Бројките на починати не верувам да ги лажираат, но бројката на новозаразени некако одма почна са паѓа од кога кажаа з.з и в.ф дека бројот на заразени веќе ќе почне да опаѓа, која коинциденција .
Се намалуваат бројот на тестови потребни за поминување граница со тоа и бројот на заразени. Ќе се види по бројот на починати за две три недели дали се реално намалени. Иако очекувам зголемување со отворените училишта и групирања во затворени простории. Ама се надевам дека нема да бидам во право и овој бран ќе се смири нагло како што почна. Па да дишиме до следната грчка буква.
Не е коинциденција, тоа се вика статистика.Се знае од прилика кога се достигнува врвот ,а потоа почнуваат да паѓаат бројките . За десетина дена се очекуваат околу 500 дневно.Тоа проф ДејанТрајковски, ,многу сликовито со графикони го објаснува секојдневно од почетокот на пандемијава, точно и прецизно .Отвори му на фб профил ,ќе ти се разјасни .
Па ако умираат не значи дека сите се од корона умрени. Не реков дека не верувам, ама се претерува и бројкиве со сила ги пумпаат, како на починати така и на новозаразени, само за паника и страв да шират. И јас сум од мал град каде секој со секого се знае, и која коинциденција на тв цело време кажуваат дека има огромен број заболени, болницата била преполна, слободен кревет нема, а комшика моја работи баш во болница како медицинска сестра и кажуваше дека нема толку многу колку што они кажуваат, исто и брат ми работи како обезбедување во болница, вика 10 души се само што ги носат да ги снимаат на ренген секое сабајле, а на тв троцифрен број кажуваат.