Испран мозок имаш. Све је лаж. Монтирано, лепено, фотошоп. Знаеш све је лаж, осим смртти. Али и смрт од корона је лаж па оди најди и НЗС
Јас ти кажувам за овие кај мене што умираат дека се од корона,кажуваат луѓево ,тешко е Скопје го испратија.Мајка и ќерка,маж и жена ,татко и син,во нецела недела разлика, од што побогу ако не од последица од ковид.Пред две години да се случеше такво нешто(а се случувало еднаш на 5 години) цел град зборуваше како на трагедија,а сега ни стана за жал нормално.Во нашата болница иначе како што кажуваат на тв така е точно,полна.Соседката специјалист вика ужас е, на работа внук на шефот, доктор ,исто вика.Прееска доаѓаат едни му викаат на шефот ,те молам јави се кај внукот,наша е таму,од корона, да ја погледнат ,вода да и дадат .Се јавува, му вика докторов а тешко е таа за Скопје ќе ја носат .
Знам јас што е статистика, ама верувам дека оваа влада е способна на се за да си спроведе тоа што наумила,па дури и да лажира бројки. Преполни се болниците, премногу заболени, премногу умираат ама наеднаш почна пред 1ви септември бројката на позитивни да опаѓа. Зошто ли? Дај боже да се намалува бројката на новозаразени, ама што е со бројката на хоспитализирани и починати. Се надевам дека не се дрзнуваат и ова да го лажираат, а дека се способно за тоа се.
И колку ќе има хоспитализирани па и починати спрема бројот на заразени математички пресметува Трајкоски.А за тоа дали намерно го пуштија овој бран да ескалира веќе кажав мое видување.Можно е да го очекуваа и го забрзаја со свадби,концерти за да заврши есенва ,за почеток на школска/академска година избори и др. Или да е светска стратегија како што во мислење во корона состојба во мк спомнав .
Дали некој води реална статистика? Од толку вакцинирани толку заразени, која возраст, со која вакцина, после колку време? Мислам дека не. Луѓето се само бројки на потрошени дози вакцина на пункт. Би сакала да грешам ама мислам дека не е така, барем јас не сум слушнала одговор на горе поставените прашаеа. Луѓето над 60 год се исфорсираа да го скратат терминто за а. Зенека, зошто? Затоа што на астра зенека и истекува рокот следната недела И ред други работи. Како и мерките така и немање избор немаат смисла. Значи чиста лотарија е која вакцина ќе ја добиеш на пункт. Ако гледаме за заштита во ред. Меѓутоа луѓето се ограничени за работа, за да гледаат фамилии и сл. Треба да се грижи малку повеќе министерот. И луѓето не треба да се бунат само за и против вакцинација, туку и да добијат тоа што сакаат.
Некако многу непропорционални овие бројкиве. Помеѓу некои градови разликата во вакцинација за 20% а разлика во број на умрени 100%. Too good to be true .
Абе испаднаа и пролетоска некои ,,заборавени, , починати, па имаше ситуација на 20 позитивни, 10 починати да препишат, од заборавените, така бар ми објасни @Ahoy . Кај мене имам видено да има минус починати некои денови, ете не знам, може воскреснале. Не се знае ни кој пие, ни кој плаќа и тоа е. Ќе се преброиме на крај.
Како може да се споредуваат бројката на умрени во Куманово со 70 000 жители и бројката во Ресен со 9000 жители? 43 наспроти 1! Браво за Ресен, благодарение на вакцините само еден умрен а да не се вакцинирале ќе имало како во Куманово 43. Кој е тој тука што е излажан и во заблуда, еве не знам. Пред да се исмевате и да се обидувате да го омаловажите тој што не мисли како вас размислете малку логички како и со што ви се поткрепени "фактите". Да не биде некој друг на крај за исмевање.
Од средината на месецов треба да почнам да пијам Јасмин заради пцос и акни. И матичната докторка и матичниот гинеколог ме советуваа да се вакцинирам со Синофарм ( прележана сум пред година ипол ). Ми е страв ради крвни згрутчувања и такви проблеми..некој слично искуство околу вакцинава и хормонска терапија? Не знам дали да се извакцинирам со 2 дози па да почекам некој период за да ја почнам терапијава.. Инаку 6 месеци треба да ги пијам, првично
А, ти да исмеваш вакцинирани смееш? А, а се сврти во обратен правец е навреда? Ај одлучи се. И не, не си најпаметна на темава иако гледам натаму целиш. Сфативме, анти вакс корона си, некст.
Па спореди го Куманово со Битола, Ресен со Дебар да кажеме. Еве Струмица и Кавадарци се тука некаде со жители. Ама секако, ќе го гледаме тоа што ни одговара.
Да се вакцинираш, да провериш димерите па да почнеш хормони. Иако не би требало со кинеската да е проблем, АКО е традиционална вакцина, ко што велат.
Не сум јас таа што се прави најпаметна туку сите вие што сте се боцнале со Фајзер и се однесувате како тоа да ви ја зголемило интелегенцијата 10× а сите други ги етикетирате како Славици. А твојот коментар беше баш таков.
Очекува само дека ќе има есенски бран,а со кој интензитет не знае. Според Даниловски пак, ќе има , ама нема да биде толку експлозивен како овај,со оглед на веќе прележани,вакцинирани...
Не сум се боцнала со Фајзер. Ти се понашаш како да си со зголемена интелигенција пошто не си вакцинирана и дека само вие сте просветлени, дека вие ја сте ја откриле финтата. А, набивате вина на вакцинираните и ги сметате за овци шо следат се шо ќе каже Венко.
Vo Kumanovo se vbrojuvaat i albanskite opstini kako Lipkovo , ima taka poveke od 70.000 , nakaj 100.000 ziteli . Taka da ima poveke od Bitola i od Strumica ziteli. @Ambitious
Veli deka 4bran ke bide podelen na leten ( ovoj sega) i esenski nekade oktomvri sredina/kraj. Mozes da go sledis na fb sekojdnevno objavuva ( Dejan Trajkovski)
Проста математика е. Ако е Куманово 8 пати поголемо од Ресен тогаш треба 8 пати повеќе умрени да се? Значи 8 а не 43.
Зошто се расправате и докажувате со некој, кој ниту допира до него ниту сака да чуе? Еве јас на пример верувам во природна селекција