Да? Ти? Браво за тебе. Слободно игнорирај ги сите оние што умреа, сите оние што останаа со долгорочни последици и сите оние на кои им остааа помали последици ама сепак присутни и после 3-4-5 месеци.Игнорирај ги, вакцината е неефикасна, корона да си фатиш е најубаво.
од секогаш биле такви, само што сега дојде до степен кај што не можат веќе да глумат лицемерие и да продаваат политики и све излезе на површина
Ја споменуваш вариола вера, а свесна си како била вакцинацијата и за колку време се извакцинирале? Ако им било дадено право на слобода како денес и вариола вера ќе била хаос. Уште не можам да ве разберам со тоа нова вакцина, па секоја вакцина еднаш е нова. Секоја вакцина која сме ја примиле за некоја генерација била нова. За нас оваа е нова и престанете со себичноста, вие нова да не примите, а генерациите наназад можеле да примат. И од каде тоа не штити? Само пишувате не штити, не е ефикасна, дај поткрепете со некој труд, доказ што и да е. Обратно дека е ефикасна и графици и бројки и цртежи се е овде споделено.
А се сеќавате дека на почетокот на пандемијата одеа оние срцепарателни текстови како ќе не' направи поемпатични, сочувствителни, да цениме мали работи, дека ние ќе е поважно од јас...
Па и вакциниран ако си може да фатиш корона. И да поминеш со полесна клиничка слика како што велат дека е ефектот од вакцината, нема да имаш никакви последици? И не секој што прележал корона се мачи со последици како што мислите сите.
Не штити , каков труд, луѓето што лежат по болници а вакцинирани се доказот, и плус тие вакцинирани што го шират вирусот!
Ист е бројот на хоспитализирани вакцинирани и невакцинирани? Ист е бројот на починати вакцинирани и невакцинирани?
Логика единствено нема за оние кои се прележани. За останатите и те како има. Со оглед на тоа дека за време на групирање настанува масовно ширење на вирусот, доста е логично да се инсистира на вакцинирање. Не за да не се заразиш, туку да ослободиш болнички кревет на друг или воопшто на никој.
Да се вакцинирате не ви одговара, да не затворат дома не ви одговара, да има полициски час не ви одговара, да не се прават свадби, крштевки... скраја било тоа е најбитно свабдата да се направи со 200 + души, да се носат маски на затворено тешко им паѓа на повеќето, гледам по маркети никој не носи маска како што треба, во кафана и кафич мора да се оди секој ден зошто инаку како така да не се излезе...епа ајде кажете како да се преброди ова се што не снајде?
Извини така ама повеќе се сакам себе, зошто да го нарушувам моето здравје за други, ќе помине се , подобро дома ќе седам отколку да примам нешто не испитано, здравје другата година...