Нема доволно испитувања или не се покажале контра-ефекти па да се забележи како посебен податок. Такво нешто прочитав ми се чини Јас би со фајзер, модерна или руската, иако рускава ми се чини уште нема поминато трета фаза, освен ако сум рипнала некоја информација. Кинеската многу им варираат резултатите од земја до земја, не ми се допаѓа. Не чекам,ако ми се даде можност одма ќе се вакцинирам. Ама еве, и пријавувањево иде бавно, пола саат чекам код Тагни ме те молам коа ќе имаш инфо од докторот. Нашиве овде како да не се многу запознаени
Помина и Спутник трета фаза, покажа одлични резултати. Ако те интересира: https://www.thelancet.com/journals/lancet/article/PIIS0140-6736(21)00191-4/fulltext
Информации еден куп,во ред,барем можеме да прочитаме кои вакцини се подобри.Но кај нас нив нема да ги има од досега приложеното,нема ваљда да имаме избор,па одма прашалници,сега што????Искрено не е сеедно што ќе примам....
@An-na @kravce и другите... Докторов вика дека Фајзер засега се покажува како многу безбедна вакцина, но Синофарм веројатно би била поефикасна на подолга стаза, односно веројатно би имала подолготраен имунитет (ова е главно претпоставка, со оглед на тоа што резултатите од трета фаза на Синофарм не се сè уште објавени, но како што изгледа би било така). Хипотетички, кога тој би бирал, би ја избрал првата што е достапна во моментот, затоа што според него не би имало никакви (или барем не значајни) проблеми по примање на вакцината, а би се чуствувал многу по пријатно и безбедно каде и да е. Вели дека во моментов има некои големи студии кои се однесуваат на ефикасноста и безбедноста на вакцините, но Хашимото конректно не би требало да е проблем
Јас се консултирав со имунолог од клиниката во Загреб ,препораката е засега е да се почека и да се консултира специјалист кој те следи за болеста . Инаку би ја избрала Синофарм.
cek be luge ne mi e jasno zs se prijavuvate uste sega koga rekoa samo za medicinski lica i lica nad 70 god?
Нема врска тоа. Секој има право да се пријави, дури и препорачувааг да се пријават сите што сакаат/ планираат да се вакцинираат, термин ќе добијат соодветно спореед приоритетите.
Луѓе, мајка ми се регистрирала, и пратиле код со смс, шестоцифрен код од мој термин. Го пишала кодот на некој линк , и тоа. Сега потврден одговор некој треба да има или?
Да и мајка ми и татко ми , брат ми ќе е пред нив зошто е лекар Тоа е , сите не знаеме што понатаму по вакцината , ама и коронава не поминува така...