Министерот за здравство Венко Филипче, кажа и дека во октомври ќе биде предложена мерка, односно дека ако сега влезот во сите угостителски објекти како и други институции е можен со една доза, од октовмри ќе се бара сертификат за целосна имунизација. - Една од мерките што сигурно ќе се препорача е потребата да се прикаже потврда за примени две вакцини, односно тоа ќе прерасне во потврда за примени две дози вакцини или целосно вакцинирани лица, рече Филипче потенцирајќи дека тоа би било во месец октомври. https://sitel.com.mk/filipche-od-oktomvri-vlez-vo-zatvoreno-so-sertifikat-za-dve-primeni-vakcini
Зато тие што се против мерките и против вакцината же излезат утре во 17.00 часот прес собрание на Република Македонија
Ќе има протест? Кои улици ќе бидат затворени да не знаеш? Немам фб да го видам евентот, па да знам од кај да си одам. Едит Ааа си пишал утре ок...
Како не му е срам да збори после сè? Народ бара оставка од него,а он продолжува да кажува лоши мерки.
Eee aма ти го сакаше. Пред една година кога ти велев дека не е он човек на место, ти не, добар е, не ја гледаш пошироката слика.
Цела Европа прави нарачки на новата Новавакс вакцина,вакцина која се смета за доста безбедна,нашиве имаат абер да нарачаат некоја доза?
Што ти вреди прележаност без пасулче. Нема пасулче - нема влез никаде, иако можеби имаш петпати појак имунитет од некој вакциниран. На корона политиката не и е битен имунитет, битен е процент на вакцинација. Уште се правите неудрени, тоа не можам да го сфатам никако. За вас уште важи тоа "Никој не те тера на сила да се вакцинираш!!"
Швајцарија букирала пола од планираните дози што ќе се произведат, ова ви кажувам уште лани во декември си обезбедила неколку милиони вакцини. Сега слушнав на вести. А нашиве уште свадби си прават, као треба сертификат, ама може пола пола. Банана држава
Чекаат да се испитаат на другите нации прво Бриџо, кај нас не може така на непроверено. Мислам молим ти се, да не се вреѓаме
Каква врска има муабетов со мене Оваа вакцина се смета за најдобра и најбезбедна,зошто спијат нашиве ми беше прашањето? Добро е @Bridget не се вознемирувај,сепак во совршениот и идеализиран систем не смее ваква утка.
Па многу е без врска човек што секој пост му е недоверба на вакцините кон овие што година дена и кусур се користат, цени сценарија и што уште не секој ден, тотална антикампања, незамарање за непрележаните оти вие сте си прележани, прогнози за колективен имунитет, сега да прашуваш кај била најновата вакцина. Така да, има врска.