Ако е така у Израел одамна требаше да нема корона, у УК исто така. Значи и научници рекоа дека ќе го има вирусот меѓу нас и треба да научиме да живееме до тоа. Решение е да се опремат добро болниците, да се има протокол за лечење и да, вакцина како лек за спречување на потешки симптоми кои не значи дека дури и вакцинираните лица нема да ги имаат. Моментално со меркиве купуваат време зашто не се спремни ни 30% за да се соочат со вирусот, а веќе 2 години е меѓу нас.
И телефониве зрачат со 4г,5г, сеуште не е испитана нивната штета, којзнае ќе видиме за 10, 20, 30 години. Зошто го користиш?
Не би рекла, ако вакцината ти овозможи да не умреш и да не лежеш по усрани болници наспроти неопходноста да сурфаш на нет.
Вакцината не е испитана и не можеш да го оспореш тоа. Пази го сценариото излегува нов вирус, прават вакцина и ја пуштат во промет. Се во рок од неполна година. Дали е испитана како делува врз луѓе, дали се испитани контраефектите, дали е испитано кои луѓе не смеат да ја примат, со какви болести и сл??
Сѐ е испитано, замисли до толку е напредната технологијата и медицината. Има и извештаи, статистики, научни студии, ама на тој што се сомнева ќе провери секаде, не само по коментарите од штабовите, некоја Трајанка таму што пишала
Па и телефоните не се испитани баш... Посебно тие нови мрежи и зрачења. Има примери каде луѓе останале буквално стерилни поради зрачење од телефон, лаптоп.
Да, ама никој не ги отфрлува, го преземаат ризикот, а кога се во прашање вакцини, изум кој помогнал во надминување на сериозни вируси, чуми, истото е докажано, евидентирано тогаш тоа е отров и не смее да се користи. СДК сите сакаат бенефиции од технологијата и науката, а многу ги одбиваат истите кога се работи за одговорност пред општеството кое ги нуди.
Dali ima nekoj informacija so koja vakcina momentalno vakciniraat vo Poliklinika Jane Sandanski ? Blagodaram
Да ама ти сам одлучуваш дали ќе користиш телефон/лаптоп или не. Никој не те уценува/присилува со скратувања на твоите основни права.
Не знам. А зошто се одложува ммр вакцината кај децата? Ако можам таа да ја одложувам, за оваа против ковид ич не се мислам
После две дози фајзер по извесен период се соочувам со слични тегоби како после короната. Асматични кашлици по смеење, потешкотии во дишење, умор, а помина време. Некој сличен случај?
Многу коментари читам од наши македонци и по странски портали дека жените имаат проблем со менструацијата, поточно не им доаѓа.
Чоек, сезонската за грип ја прават така. Секоја година е нова вакцина, затоа што секоја сезона мутира грипот во нови форми. Не се среќаваат прв пат и со ковид. Тоа што го викаме 'настинка' е всушност вирус од ковид фамилијата. Втората доза ја примив кога имав добиено. Ми запре менструацијата порано. Наредниот месец пократко ми траеше, третиот си се врати во нормала.
Мене не ми е нормално тоа да се случува. Сепак ти си возрасна и имаш веќе дете. Јас не можам да ризикувам па после главата од ѕид ќе си ја трескам. Никој не ми гарантира за ништо и затоа не ја примам вакцинава никогаш.