Море колку време помина вие уште се думате за вакцина, глеате руски рулет е грипов не значи дека ако си поминал лесно ќе поминеш и втор пат или тој близоѓ ќе помине лесно. Реално океј, ако неќете редно е цел финансиски товар ( ако недајбоже пу пу пу) фатие вие цел да си го платите и да завршиме со целава сага. и со тоа која вакцина е најдобра никој на форумов не треба да дава мислење( слаба јака била, крива права) него прашајте си соодветен лекар,така и почнуваат шпекулаци за која да која не вакцина. Барем тоа е моето мислење, кога читав пред да примам уше толку испопаничив. Секое тело , секој организам е различен ! Сега барем имате тон сајд ефекти на официјалните страни на сите вакцини, читнете си сами. Сите се ефикасни против хоспитализација 98% тамо95% тоа ви е најбитно !!!!!!! Имате очи, има сега доволно инфо одлучете си сами, од секоја сме чуле нешо и не е само фајзер бабарога. Две другарки примија фајзер и еве сеа чекаат бебе. ( остаа трудни после 7 месеци примена вакц) .Не бидете за све драми , сите ние говеда ли сме шо сме решиле да примиме, ја не ли сакам мајка да сум. Ко ќе чујам сестра у јане рекла не за фајзер за девојчиња јака е трена да раѓа , сестра од систина исто не. Коса ми се крва! Секој се замишла дека е доволно компетентен, стручен лекар па совети да дава.
За последново мислам дека ова е една од поголемите причини зошто дел од луѓето не сакаат да се вакцинираат. Слушаат вакви „стручњаци“. Многу примери има кај нас од луѓе што работат како медицински лица, доктори, сестри кои со своите коментари ги преплашуваат луѓето. Кога ги слушам/читам, тропаат за 5г и што не, јавно, по социјални мрежи, да ти се крене косата на глава и да се чудиш од кај учеле медицина. Се прашуваш кој се лечел луѓе досега... Добар дел од луѓето гледаат колку е саат и се тргаат од нив, ама некои им веруваат зашто се медициниски лица и ги следат нивните штетни совети. А да не зборам што едно зборат пред други луѓе, а самите тие прават обратно од нивните совети кога се работи за нив лично - збори колку е вакцината штетна, дека не треба да се прими, а самите се вакцинираат на пр. Кога луѓето слушаат мешани пораки од авторитети (власт, медицински лица и сл.) губат доверба во целиот систем. И нормално не прифаќаат нивни препораки, зошто не му веруваат на изворот на препораката...
Со скроз иста технологија се правени, само што мислам дека едната беше од државна а другата од приватна компанија. Сега само Синовак ја има кај нас.
Јас се вакцинирав со Фајзер утрово. Не сакав да се вакцинирам ич, одам против себе со ова ама кога и да е ќе го направев тоа, ептен го стегнаа обрачот за невакцинираните. Сакав со кинеска, кога веќе примам вакцина сакав да е најслабата ама истрошени биле и ајде дај шта даш. Четири часа откако се вакцинирав, осеќам само слаба болка во левата рака. Ќе пратам ситуација денес, се надевам ќе остани на тоа.
Не се истрошени,примена е донација од бугарија сп рок до 30 септежври и за де потрошат ја фураат фајзер.
Јас. Потполно исто. Помина скоро месец од втора доза. Скалите до втор спрат не можам да ги качам од умор и немање воздух, а цел живот сум "планинар" и имам кондиција. И кашлица навечер и насабајле, како притисок во градите. Не знам дали да го препишам на вакцината.
На исто се жали и баба ми која не е прележана а е вакцинирана со две дози синовак. Ние другите па ништо посебно немаме осетено после вакцина. До сега мислев дека и е од нешто друго. Не ми падна на памет вакцината.
dali imase nus pojava od samata vakcina,nie sme so edna doza isto Fajzer,t.e.mojot sin megutoa se zali na trpnenje na levata raka i noga i posle samata vakcina po 2h dobi kako alergija na lice,jako crvenilo dodusa nas cesto toa ni se slucuva od sto si imame alergii,sega nz za vtorava doza kako ke bide
Болка во раката, од двете дози и поспаност првиопт ден, од втората. Друго немаше... Консултирајте се со некој алерголог, чим викаш дека има алергии...
Ќе мора кај што се имунизираме со виролог,алерголозите оставаат тука на нив кога е во прашање вакцина,чудни симптоми и јас сум во бунило за вторава доза еве
Штом се јавила по 2 часа од вакцинирање,од вакцината е алергиска реакција и не би требало да прими втора доЗа.
и јас сум цела во бунило искрено незнам и јас,нјверојатно ќе останеме со една доза ,а лошо е што е со астма
Националниот комитет за имунизација препорачува трета доза на вакцина против ковид-19, за сите граѓани над 60 години, за сите здравствени работници без разлика на возраста и за сите граѓани кои имаат имунокомпромитирачки проблеми без разлика на возраста, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Третата доза ќе се дава од производителот „Фајзер“, без разлика со која вакцина претходно граѓаните се вакцинирале. Препораката важи и за граѓани кои прележале ковид-19, се вакцинирале, а спаѓаат во наведените категории. Третата доза треба да се прими најмалку после 6 месеци од втората доза. Граѓаните ќе добијат порака преку „Мој термин“ дека може да се јават за вакцина, а ова би стартувало од понеделник, додаде министерот. Во државата вкупно се аплицирани 1.482.287 дози вакцини, а ревакцинирани се 703.878 граѓани. Во земјава вчера стигнаа 110.612 вакцини против ковид-19 од „Фајзер-Бионтек“, кои се купени преку Ковакс-механизмот, а до крајот годината е најавена испорака на уште 100 илјади вакцини од овој производител. Филипче денес кажа дека се очекува Данска да ја објави донацијата од 250 илјади вакцини „Џонсон“. Таа е единствена вакцина која се дава во една доза. https://sdk.mk/index.php/zdravstvo/...ravstveni-rabotnitsi-bez-razlika-na-vozrasta/