Вакцинираат ли во Битола сеуште со Синовак? Јас сум вакцинирана со синовак, сега брат ми сака, скептик е за фајзер а слушнал дека немало веќе синовак.
Јас ставив вчера Модерна и ме боли малку раката, како да сум ја удрила. Ништо страшно. Синоќа имав нелагодност во мешето и пиев пробиотик. Јас имав и стомачни симптоми кога имав корона. Топла на главата, со минимална температура. Синоќа не мерев, ама осетив слично. Ова го приметив дека нели примив вакцина. Инаку јас сум преплашена, ама ете за да нормално функционирам, мораше да се боцнам.
овој интернет дефинитивно не ,,мрдна,,во буквална смисла на зборот со нивни ,,новини,,кои ни ја убија психата,само нус појави,смртни исходи,ништо во нормала ,се согласувам со nena2010
Сакам да се вакцинирам ама не знам дали со Фајзер или Синовак,ја прележав коронава во Јануари па се мислам сега,која е подобро според вас?
Синовак е класична вакцина додека Фајзер mRNA метод. Класичните вакцини ги сметаат за побезбедни но поспоро развиваат антитела. Исто така источните вакцини се делумно признаени на запад, ако патуваш низ Европа или САД ќе ти прават проблем за разлика од западните вакцини.
Одкако ја примив ревакцината на синовак ми нема дојдено,ми касни скоро една недела.Некоја друга до вакво искусѕво има ли?
Не знам колку е за во оваа тема мислењево, но ќе пишам. Астматичар сум со години, со јака терапија, со тешкотии при дишење. Од почетокот на пандемијата постојано сме бомбардирани со она - хроничните болни, уплав во коски имам, живеам во изолација постојано. Се вакцинирав со Синифарм уште пролетта. Се вардев многу. И деца не пуштив на училиште, контакти само минимални неопходни со најтесна фамилија. И на сето пазење, еве сме сите пет души дома позитивни. За децата пишав во темата, само ден-два 37 тт. Јас бев два дена со главоболка, малаксаност, слаба тт 37. Нецел ден имав како кристали во грлото и напати губење на здив, некоја тежина на градите. На нога сум, функционирам нормално. Со оглед сѐ, вакцината ми го спаси животот!
Овој месец ми дојде после 10 дена. Минатиот месец ставив втора доза. Не се секирај, многу девојки се жалат првиот месец после вакцина, после се е океј.
Нема логика после толку време да има нус ефект вакцината. Сакав за заморот да ти кажам ехо на тироидна да направиш чисто да ја исклучиш. Ја така се заморувам од тироидната
Од утре, граѓаните кои имаат над 60 години, здравствените работници и лицата со имунолошки болести, со потврда ќе можат да примат трета доза од производителот „Фајзер“ против коронавирус. Ова го истакна министерот за здравство, Венко Филипче, кој денеска ја поддржа кампањата „Напред розово“. „Граѓаните над 60 години согласно временскиот период после примената втора доза на вакцина ќе добијат порака да се вакцинираат. Нема да има посебен термин или пункт, туку тие ќе може да одат каде било најблиску до местото на живеење“, рече Филипче. Во однос на скринингот во училиштата министерот истакна дека најверојатно ќе почне за две недели. Како што рече, целта е да се откријат евентуални асимптоматски носители на вирусот, знаејќи дека децата се најчестите асимптоматски преносители. ©Makfax.com.mk