Не знам дали е за овде ама ќе прашам. Мајка ми е 45 години и пред 7, 8 години доживеа мозочен удар. Моментално од лекарства пие секоја вечер андол 100, но исто така има тромб во главата. Сака да се вакцинира но матичниот не и препорачува затоа што не се знае како тромбот ќе реагира. Па дали некој има вакво искуство или пак искусил на своја кожа?
Малку е ризично. Со Фајзер со сигурност не може. Ама, мислам дека може со Синовак. Пак ќе кажам, не е сигурно. Ете @Ahoy ќе го тагнам, тој е поупатен. Можете да се консултирате и со имунолог, тој најдобро знае.
Никако без консултација со имунолог, невролог и инфектолог, јас во таква ситуација би консултирал и трансфузиолог. Матичниот е општ лекар, нема доволно знаење за вака специфичен случај, треба подлабоко да се анализира, затоа консултација со специјализанти во струката. Само претпоставувам дека ако и' одобрат да се вакцинира, тоа ќе биде со Синовак или Синофарм.
@GirlRose @Ahoy фала ви многу, ќе и пренесам. Таа највеќе сакаше да се вакцинира за да може слободно да доаѓа и да се враќа пак во Германија, ама ќе и кажам поарно таму да си седи додека не се консултира со доктори за што е најдобро. Само не знам дали таму има Синофарм и Синовак. Татко ми со Фајзер се вакцинираше и помина без проблем, ама секако секое тело е различно и тој плус нема никакви проблеми со здравје.
Денес примив втора доза Фајзер, досега никаква реакција, се надевам дека нема да има воопшто. Со лесно нека ви е на сите
Таа е во Германија? Нема таму Синофарм и Синовак. Нека си се консултира со специјалисти таму, можеби ќе и' одобрат да се вакцинира ако проценат дека е безбедно. Со среќа
Да, таму е. Претпоставував дека нема ама не бев сигурна. Фала ти многу, се ќе и пренесам па нека си одлучи.
Во случај да не смее да прими вакцина треба да и се издаде сертификат дека не смее да прими. Со сертификатот ќе патува слободно. Ние во Италија имаме ваква опција за лицата шро не смеат да се вакцинираат.
До колку работи букурешт за ревакцина, дали може да се оди ден подоцна,пример Сабота и до колку раб у сабота?
Имаат сите поликлиники контакт броеви прашај си, за а1 арена звони на мој термин 02 15 444 ( можеби они знаат за сите поликиники не знам)
Научници од Фајзер за тоа дали е подобар природен имунитет, или од вакцина. Еве конечно релевантен одговор на ова прашање, порелевантен, амин.
Синовак или Фајзер? Прашувам за мене, би сакал да отидам конечно... Знам во однос на признатоста во странство како стојат, општо прашувам за/против.
Ако си помлад од 30, Синовак. Немам чуено за проблеми со Синовак кај млади, за разлика од Фајзер. И сепак е традиционална вакцина, бар така велат.