Додека ние се вакцинираме, црниот пазар проработе. Знам за два случаи кои "легално" си се "вакцинирани" и двете лично ги познавам. Со едната и ручек закажав за викендов, другата нема да дојде зошто ќе оди во Грција со сертификатот. Флипче, дали се слушаме?
Денес случајно на вестите на канал5 кажаа дека драстично е намален интересот за вакцинација, која е причината?
Zatoa koga odime vo seriozna drzava pak tamu ne testiraat, oti znaat deka sme banana drzava. Mene Svajcarija koga ke se vraram naredna nedela, mi baraat i test od tuka i tamu pak test od 4 do 7 den koga ke vlezam
Секаде преработи и има обиди за лажни сертификати. Овде си има исто. Не знам дали ги фатија, ама во глобала тој е бизнисот моментално. И после вакциниран бил, ама немало ефект. И лажни тестови правеа, па затоа ЕУ не ни ги признаваше. И сертификатите од вакцината нема да ги признаваат.
Сертификати е ги признаваат. На ЕУ парлемент е објавено. Уште од Август ги признаваат. https://www.europarl.europa.eu/doceo/document/E-9-2021-003998_EN.html
Работат да, всушност зависи, ама ќе почнат и да не ги признаваат кога ќе разберат дека се плаќа за нив.
Добро, нели бараа вакцина и за кафичи на отворено? Оти гледам некои од нашиве јавни фацички во кафичи а си имаа кажано дека не се вакцинираат
Некаде не ни бараат, само ќе прашаат дали имаш сертификат и без да им покажат ќе речат дека имаат и ќе си седнат. А колку лажни сертификати има, то е друга приказна.
И јас знам вакви случаи, факт е дека никого не можеш да го присилиш да се вакцинира ако не сака , затоа ќе имаме вакви случаи на "вакцинирани".
Е па сега тие штои издале потврда за „вакцинација“ без да стават вакцина сите да се испоапсат. Ние го правиме системот. И се додека има вакви гнаси што лажат и око не им трепнува ќе имаме скапан систем. Па после ќе се чудием кога ќе горат луѓе по болници. Истиот принцип е. Ако ми се може ќе го изиграм системот. Затоа само со казни кои ќе важат подеднакво за сите.
Норвешка и Данска ја ставиле Модерна на пауза за помлади од 30 години оти имало ретка нус појава миокардит. Зошто Фајзер не ја стават? Или Фајзер е најдобрата вакцина?
И Шведска и Финска исто. Овде рекоа во Модерна имало некоја состојка во многу поголема количина отколку во Фајзер (30 во Фајзер спрема 100 во Модерна) и се сомневале дека тоа предизвикувало миокардит. Наводно поголем процент вакви појави имало кај Модерна. По број повеќе кај Фајзер, ама процентуално повисок бил процентот од аплицирани вакцини на Модерна. Којзнае што ќе биде следно
Секаде се издаваат лажни сертификати со пикање евра у џеб, тоа сите го знаеме, не е ништо ново, овде приведоа некоја докторка што издвала, се откри веднаш уште поодамна беше ова, во бугарија исто цените се поприступачни за лажен во мк скапи да ти биле. Франција исто имаше ваков скандал. Македонците таман работа да измислиле топла вода
Истото го прават и со "присилната" вакцинација, само дополнителен револт има кај граѓаните, со сила ништо не се постигнува.
Како бре секаде во свет се извакцинираа само ние сме тука присилени. Аман веќе со тие права и слободи. Покрај права имаме и одговорности. И секаде имаше елемент на присила да не се лажеме. Само секаде луѓето тоа многу понормално го сфатија. Само ние сме препаметни за да слушаме што ќе ни се каже. За се сме експерти. Што лошо видоа севрњациве што се извакцинираа сите до еден. Сега деца вакцинираат. Си се отвори се да си функсионира без страв и притресување. Ама нашиов менталитет е што да ти кажам. Од инает ќе се влечеме со Ковид уште 5-6 години. Секаде ќе биде искоренет само кај не. Зашто ние сме од тие најнапредните. Не даваме чипирање, чепкање по личен избор и слично.
Не ми се пишува од почеток исто пак исто колку да се врти нешто на темава. Прочитај ја новата колумна на проф. Никола Пановски во врска со сертификатите и вакцинацијата.