Јас мислев дека е подобра од Фајзер, така читав. Ама ете, сега се мислам дали да ставам втора доза воопшто.
Работата испаѓа да легниме и да чекаме да умриме дали од Фајзер (вакцина) дали од Ковид. Ако од нив не, од стрес сигурно ќе биди.
За иселени бугари, цената е 350 фунти за сертификат, што ич не е ефтинко На крај стварно ќе не чипираат и со скенирање на чипот ќе излегуваме надвор
Многу луѓе имаат без вакцина доволно антитела и нема потреба да се вакцинираат барем засега. И јас сум во таа категорија, пред година прележана а имам над 3000 антитела, мерев пред 3 недели. И ајде сега, јас со дупло повеќе антитела од многу вакцинирани имам забрани за некои места а тие не. А дали си вакциниран или не нели не прави разлика во однос на ширењето на вирусот? Демек сертификатот ќе спречи некој вакциниран да се зарази со ковид и да го пренесе на некој друг? Многу работи немаат логика, ама од нашава држава логика не ни очекувам. Ниту од светов.
Не бе, пред неколку недели бевме со бугари од австрија, кажаа сега ќе одат во бугарија да земат сертификат, 100 евра бил таму. Така ми кажаа.
Може на лице место е 100 евра. Овие моиве од тука платиле, се немаат приберено година дена, ама важно сертификат од бг имаат Да фати човек и да ги тепа е работата
Боже мој. Да бе, во бугарија заминаа да си купат, 100 евра бил кажаа, башка човекот си се разбира троа од овие работи
Само вакцинирани може да влегуваат макар вакцинирани со една доза и пред половина час Во пракса не важат Многумина ниту прашуваат А таму кај што има редар е вака: Вакциниран си? Вакциниран сум Чепкаш телефон пред да влезиш, добро влези Ќе покажеш сертификат доста и со лажни влегуваат
Ја прочитав и што има ново кажано освен не малтретирате луѓе. Демек прелажани те остајте ги на раат. И од тие над 50% возрасни што не се вакцинираат сите се плележани. Ај те молам. Па и нека оди во СЗО ова нека го каже. Ппшто во САД вакцинираат месец дена по прелажување, во ЕУ 6 месеци важи прелажување. Дај те молам. Пак е ова само ние сме паметни никој друг не е. А тие будалите прелажани па што трчаа у Србија по вакцина се ненормални скроз. Зашто знаат како изгледа КОВИД и што се може да се случи од самата болест. Па не им е сеедно. @JuLleE оди боцкај се. Статистички нема значајна разлика во нус појавите од Фајзер и Модерна. Така барем науката вика. МАркетингот е друга работа. За лажни сертификати немам коментар.
Каква завера? Не спречуваат зараза(милијарда пати е кажано),ама доколку дојде до заразување треба да овозможат да се помине со полесна клиничка слика.
Зошто тогаш и деца се вакцинираат? И за нив ќе бараат сертификат во иднина. Во други држави почнаа и над 12 години да се вакцинираат деца.
Немаше што да одговориш па од истата причина пиша. Еј стварно? Колку деца завршија на респиратор невакцинирани?