Кој деца ,не ти зборува за деца ,за возрасни не вакцинирани дека починале мисли .А иначе за кој деца,колку деца зборуваш дека починале ,дај линк од каде ова? Инаку да децата ќе прележат, ама колку ќе умрат родители,баби ,дедовци ,додека му се дава простор на чудовиштево да мутира.Имаш ли решение како да се запре поинаку?
Што мешаш сега деца? За возрасни ми е тоа мислење. И на дете и на возрасен похумано е да им се даде вакцина отколку да се остави да прележат.
Јас ја прашав за деца прочитај убаво. Како тоа што мешам деца кога еве си за да се вакцинираат и децата. Самата пишуваш сега. Прашањето ми беше зошто сметаш така?
А кој полни? шо реков? Мое тело моја одлула едит: Како што јас не пунам ничија глава неќам ни мене да ми ја пунат
Ама вирусот нели ќе продолжи да мутира и понатака? Не игра никаква улога дали е детето е вакцинирано кога секако може да го пренесе вирусот иако е вакцинирано и со три дози.
Пак ова и за двете категории. Зошто да си против вакцини? Здравствениот систем не ни е сјаен. Да ги оставиш луѓето да прележат. А,капацитетите во болниците? А,здравјето на медицинските лица? А,луѓето кои се болни од друго? Кој ќе ги лечи и каде ќе се лечат тогаш?
Затоа што имунитетот од вакцина е краткотраен и ќе треба да се вакцинираат повторно за неколку месеци. Од лекови што некои луѓе конзумираат подолг рок имаат последици, а да не збориме за експериментални вакцини што може да се случи.
Ако добро се сеќавам, во Шведска живееш Ќе ги оставиме другите држави на страна, не се мешаме во туѓи штипки. Ај ѕирни во бројот на починати колку деца има. Ај ѕирни колку деца се соочуваат со пост-ковид и со што се соочуваат после прележаниот ковид. Плиз
Вирусот ќе продолжи да мутира се додека нема доволен број на вакцинирани и прележани,тоа едно со едно е поврзано.Може и воопшто да не се вакцинира никој,ама исклучиво оставено на прележаност,не сите ќе прележат во тој случај поголем број ќе умрат.