Да ги прочитам пост ковид последици од ковид а да го занемарам миокардитисот од вакцина? Исто така има последици и од вакцина. Не се само тие од пост ковид. А зарем ќе треба да одиме да се вакцинираме два пати годишно? До кога така? Зошто постои трета доза уште пред да бидат сите вакцинирани? Некои луѓе не планираат да се вакцинираат никогаш. Во Израел се вакцинираат со четврта доза. Сеуште вирусот мутира таму. Нели?
Сама си пиша дека и од лекови луѓе имаат последици. Што е точно.Ама... По твое испаѓа дека и Парацетамол не треба да им се дава на луѓе оти им штети на некои. Ама,не може така. Бројот на луѓе на кои им прави добро е поголем од бројот на луѓе на кои им штети. Исто е и со вакцините.
https://www.google.com/amp/s/www.ws...rsions-of-delta-variant-spreading-11624621207 Точно, ама за лекот одлуката е твоја. @Anne Boleyn последно кога читав за Израел најмногу имаше вакцинирани во болниците. Ама ајде ќе видиме како ќе биде тука.
Во Израел е намалена смртноста и хоспитализацијата,доволно е тоа.Нема ова да трае вечно.Се претпоставува кога ќе има доволна прележаност ќе се сведе на обичен грип .Дотогаш вакцинацијата е оружје против смртност и хоспитализација .
Апсолутно не е за занемарување миокардит, во право си. Исто не е ни за занемарување оштетување на бели дробови, оштетување на бубрези, хронична малаксаност и поспаност до степен да не може да се посетува настава, проблем со фокус и концентрација итн. Се’ ова кај здрави прави деца, кои не ни знаеле дека прележале ковид, туку отпосле кога почнал пост-ковид се испитало и се видело дека е од ковидот, без разлика што асимптоматски го поминале.
Од смеа. Кликни на стрелките во мислењата,види што пишала. Она вели да не се вакцинираме.Сè било светска завера.
3.64 милијарди луѓе се вакцинирале според ова https://www.nytimes.com/interactive/2021/world/covid-vaccinations-tracker.html Масовно производство на солзи ќе има тогаш, макар и сите да пуштат по една од двете очи.
Оф топик сме, ама кај читаш вакви работи?Линк, студија, проценти? Не коментирам за надмудрување, ти барем знаеш. Навистина би сакала да видам реални податоци, за да можам да имам реален став.