Официјални шведски извори, ова е ситуација овде локално, ти барем знаеш дека не се осмелувам други држави да коментирам Достапни се на интернет за сите Праќав линкови едно време, очи ми ископаа малтене, не планирам пак
Во постот имаше останат твој цитат, отпосле видов па го избришав, затоа ти стигнала нотификација. Скроз друг пост, нема врска со ова
Израел никогаш не достигна процент на имунизирани со две дози за да рачуна на колективен имунитет, стапката на вакцинирани со две дози таму мислам дека е/ беше околу 65%. Тоа е далеку од мин. 85%. ...гледајте ги Емиратите
Кои лекари бе Фана? Пановски лекар ли е и што вели за вакцинирање прележани? А што вели политиката? Ова многу одамна е надвор од лекарски домен. Две раководни лица од ФДА, кои неодамна ја напуштија агенцијата, се против планот за бустери за сите. https://www.ft.com/content/af8da7d4-43ea-41d6-90ee-f959b3675cc5 Бустери ФДА препорачува само за имуно-сензитивни групи. Може па не мразат да му се сневиди, може планот е бесконечно да трае ковид. Кој ќе ги знае. Јас стварно ништо не разбирам.
Емиратите веќе се со две вакцини. Прво со Синофарм на почетокот на годинава, летово со Фајзер почнаа да вакцинираат. Од наши луѓе таму ми е инфото. Е не знам каква им е ситуацијата со заразени.
Во Македонија во последните два месеци од вкупниот број хоспитализирани случаи 81% не биле вакцинирани. Јас сум и прележана и вакцинирана зашто сите лекари со кои се консултирав ми рекоа да се вакцинирам. Ако речат и трета доза ќе примам. Знам лекар што прележа во Ноември, се вакцинираше со Фајзер во Март и сега си прими бустер. И вика колки ќе кажат толку вакцини ќе примам. @Biljarkata ако го спомна Пановски и политика чисто да знаеш дека виси по политички плакати. Така што не е само лекар во моментов.
Па да ете проф. Пановски, Даниловски не се доктори врска немаат, резил за лекарската фела, ама Филипче за тоа ако каже трета доза мора трета доза.
Знам, ама цело време со вакцинацијата имаат стабилна состојба, сега веќе и во пад: Тука ќе спомнам и некои други со вистински висок процент (85%+) на вакцинација: Тука е и Куба, со над 90% вакцинирани и бројки во пад, ама нема да ја спомнам неа повеќе затоа што си користеа сопствена вакцина.
Аха. Не знам, мене логично ми е да кога веќе знаеме дека исклучок секогаш има и дека многу мал дел од вакцинираните сепак ќе завршат во болница при евентуална инфекција, процентот на хоспитализирани вакцинирани да расте со порастот на стапката на вакцинација. Сликовито, во држава 0% вакцинирани, 0% од хоспитализираните ќе се вакцинирани. Од друга страна, хипотетички, во држава со 100% вакцинирани, да има 2 ковид хоспитализирани пациенти во целата држава, ќе значи дека 100% од хоспитализираните се вакцинирани
Еве читај. Од сериозните случаи на Ковид 75% се невакцинирани.https://www.google.com/url?sa=t&sou...cQAQ&usg=AOvVaw3-doonIPJWipp1zgyJQKW6&cf=1 @Guns N` Roses читај погоре пишав за кај нас статистика од ИЈЗ за последните два месеци. Од хоспитализираните 81% се невалцинирани, 19% имаат примено вакцина. Ама ја ништо не разбирам па може лупам глупости.
Да, ама нема точен податок колку се точно на број. Од овој број на дневно заболени што пишува 7 дн пр е 7 дневен просек. Штом тие велат дека скоро сите во болниците се хоспитализирани и вакцинирани а седум дневниот просек на заболени е тој тоа значи дека сепак има многу луѓе кои се хоспитализирани и вакцинирани, а не се само двајца.