Ова со статистикава во Израел ја измешаа целосно откако кажаа дека 99% во болниците биле вакцинирани. По два дена ја сменија во 60%. Еве: https://www.beckershospitalreview.c...s-in-israel-fully-vaccinated-study-finds.html Ти сега ми праќаш статистика што е сосема спротивност од ова. Ги кријат бројкиве или мене така ми изгледа. Не знам во што да верувам веќе. @Ahoy фала за хипотетичкиот одговор, немаше никаква смисла. И ајде еве хипотетички на тоа, зошто во болниците би имало само вакцинирани хоспитализирани?
Реков хипотетички 100% вакцинирани. Ако се 100% вакцинирани, колку невакцинирани остануваат Вилдиз, па да бидат евентуално хоспитализирани?
Не мислам веќе ништо, очигледно ни самата не се читаш што пишуваш. *корегирано инаку, фала на исправка.
За жал ти самиот не се читаш што пишуваш. Процентот беше земен од тие што се хоспитализирани, а не од вкупно заболени невакцинирани.
Бахреин и ОАЕ се со Синофарм првично, после бустирани со Фајзер (не знам колкав процент примиле 3та доза Фајзер), Уругвај е со Синовак најмногу, но и Фајзер и АЗ, Малдивите се со сите вакцини ама претежно со Синофарм, а Катар е со мРНК вакцини колку што знам. За ефикасноста на Синофарм има студија од 400 000 испитаници во Перу мислам беше, со одлични резултати.
Браво. Само 207 вакцинирани починале за 2 месеци. Значи месечно по 100. Отприлика по тројца дневно, 21 за 7 дена, така? Викате да ги видиме УАЕ? Е ај. Во последните 7 дена, 14 починати. А 10 милиони држава се. МК милион и пол? И? Мислам производителите на вакцини треба да го тужат министерот, јер- нели бе штитат од хоспитализација и смрт?! Само...хоспитализацијата во МК не штити од смрт изгледа Идиоти неспособни сите до еден
https://lm.facebook.com/l.php?u=https://citaj.mk/2021/10/05/makedonija-ne-objavuva-preczizna-statistika-za-vakcziniranite-koi-dobile-poteshka-forma-na-kovid-19/&h=AT2zkkH99lavYZEkot6pEwfFGNjQ9Eg3_qmSLgKL_K1-P93AND5G-YBTGSZ10d19ElaE0ssiGJmTAnouAs6awMFng9qYL-iZmYmgQ8MitodbIorPnalIi_Q1dL2Cxt3gWAA За тоа дека Македонија не објавува точен број на вакцинирани и хоспитализирани.
Како бе во Србија во последните 41 ден нема починато ниеден вакциниран? Тие да не објавуваат лажна статистика? 5% од хоспитализираните се вакцинарани. Процентот на вакцинација на популација е горе-долу ист како МК.
И 5% да е сепак не се малку 305 хоспитализирани и вакцинирани. Инаку не знам за починатите и тука не објавуваа до скоро. Откако побара народот доби само проценти и бројка заокружена на 10 за цел месец.
Чекај малку, ако добро разбрав си имала ковид последици шест месеци и тоа го кажуваш како некој небитен и наивен факт, а истовремено продолжуваш да објаснуваш како е подобро да се прележи отколку прво да се прими вакцина?
Не само тоа, зборувавме за пост-ковид кај деца кој трае до година дена, и на тоа беше надоврзан коментарот кој ти го цитираше Oh, well…