Еве ја ефикасноста на вакцините во Македонија, пресметана математички, а не со голо око како нас тука, па да донесуваме заклучоци. Преземено од Дејан Трајковски. Во неделата 24.09 - 30.09.2021 уделот на вакцинирани кај заразените изнесувал 36,3%, при удел на целосно вакцинирани во возрасната популација (две недели претходно) од 39,9%. Ова одговара на ефективност на вакцините (намалување на ризикот) против заразување од приближно 20,3% (портокаловата линија на првиот дијаграм). Уделот на вакцинираните кај починатите во истата недела изнесувал 23,3% (приближно ќе сметаме дека сите биле постари од 60 години, иако биле околу 95% во таа група). Уделот на вакцинираните во возрасната група над 60 години (3 недели претходно) изнесувал 68,7%. Тоа дава ефективност на вакцините (намалување на ризикот) против смртен исход , кај постарите од 60 години, од 84,1% во изминатата недела. Доколку вакцините не би штителе од смртен исход, уделот на вакцинираните наместо 23,3% би изнесувал околу 68,7%, односно колку што изнесува нивниот удел во популацијата над 60 години. Ја користиме претпоставката дека бројот на жители во државата изнесува 1,8 милиони, од кои 1,5 милион возрасни, според првичните податоци од штотуку завршениот попис на населението, што не мора да значи дека е точен. Едно е сигурно, бројот на возрасни сигурно не е поголем од 1,72 милиони, односно вкупното население сигурно не е поголемо од 2,1 милиони, затоа што во тој случај ефективноста на вакцините би опаднала на 0%, што не е можно. Од друга страна, со помал број на жители би добиле повиока ефективност. Моменталниот временски интервал после втората доза кај вакцинираната популација изнесува 67,3 дена. Ефективнста на вакцините против заразување продолжува да опаѓа со текот на времето, додека ефективноста против смртен исход сé уште не покажува знаци на намалување. На десниот дијаграм забележуваме дека, сосема очекувано, продолжува да се зголемува учеството на вакцинираните кај заразените и починатите, со оглед на сé поголемиот опфат со вакцинација на населението. Изгледа дека броевите не се „штеловани“ и изгледаат прилично логични. За поточна пресметка би морале да ги знаеме сите броеви на заразени и починати, вакцинирани и невакцинирани, во возрасни групи на секои 10 години. Сепак, имаме определена претстава за намалувањето на ризикот поради вакцинација.
Самиот здравствен систем ,неспособноста за справување со целава ситуација ,големиот процент на починати и понатаму ,па и доста хоспитализирани вакцинирани ни отвора уште поголем сомнеж кон вакцините која и така на нашево поднебје беше голема. А да не зборам во недовербата кон овие кажани бројки ,проценти и сл оти сите веќе од искуство научивме дека не се секогаш точни... Инаку ,дали знаете како оди процедурата за 3 доза кај помлади од 60 .После 6 те месеци треба пријава во системот,сами ќе праќаат пораки или нешто трето?
Најавено беше дека после 6 месеци од втората доза добиваш смс дека имаш право на трета доза и можеш да ја примиш кога и каде сакаш. Е сега, не знам дали тоа функционира. Ако ти поминаа 6 месеци од втората доза јави се во најблискиот пункт кај вас, ако има Фајзер можеш да се вакцинираш
Мене ми стигна смс со покана за вакцинација, да одам кога сакам, каде сакам, секако нема да одам за трета доза, оти прележав. А поминаа 6 месеци од втората доза кај мене. Ако не прележав, ќе се вакцинирав пак со Спутник, во Србија, немаше да биде Фајзер.
Крај на месецов правам 6 месеци. @Annath и јас сум со Спутник и би сакала пак со неа.Ама незнам за одење во Србија.Ај може и јас ќе прележам месецов Фајзер во нашиов град мислам немаше.Ќе одиме во др.град Ај ќе видам ,фала ви на одговор.
200 починати за 6 месеци од вакцина. Рекоа дека ќе ги пишуваат само тие кои починале откако изминале две недели од вакцинација. Значи, многу повеќе се.
Кој е планов и програмов за трета доза, навистина мислат само Фајзер да се дава? Има нешто најави за Синофарм или тешко?
Само Фајзер е достапна, не само за трета доза, туку и општо. Има уште неколку илјади АстраЗенека и Синовак, ама главно се за ревакцина и некаде ако има за прва доза, ама не секаде. Фајзер има околу 250 000 мислам.
Јас немам ниту една и не планирам засега ,нема да се трујам со вакцини ,и да ми прават проблеми со менструалниот циклус
АЗ има и повеке од доволно.Прашањето е зошто при количини на АЗ на стари лица им се нуди фајзер за 3 доза,а поготово што комбинацииве не се одобрени од сите. Од друга страна зошто лица кои се прележани и вакцинирани да се бустираат со 3 доза? Зошто не се остават да дојдат во контакт со вирусот ко во студијата во Англија. Ке избустираат многу повеке антитела и ке бидат подолго заштитени. Видовме дека заштитата вакцинална е мак.до 6 месеци,после 3 месеци рапидно опаѓа,а имунитетот од прележаност трае најмалку год./ипол. Зошто континуирано боцкање на секои 6 месеци наместо доаѓање во контакт/ситни симптоми и бустање подолготрајна заштита.
нити сум се вакцинирал, нит па ќе се вакцинирам, кој знае што уствари праат со тие вакцини, а со имунитет сто посто никаква веза нема
a sega nie nevakciniranite za izbori ,moze da glasame,moze da ideme i cekame vo guzva no vo kafic nikako oti samo tamu ke ve ispozarazime
neli uporni bevte VAKCINATA STITI OD SMRT od virusot!!! toj 23% e katastrofalno golem i eka kajnevakciniranite e pogolm, pa normalno ke e pogolem koga i procentot na nevakcinirani e pogolem ova e mizi mitro tolumbi pagaat go sledev na pocetokot ovoj profesor no veke nenonakraj pake od OKO ubavo pisal na kraj tuku koj da razbere "За поточна пресметка би морале да ги знаеме сите броеви на заразени и починати, вакцинирани и невакцинирани, во возрасни групи на секои 10 години".
Не можеме да ги знаеме сите зашто ко прво сите позитивни ги пишуваат и око не им трепнува. Така процентот на вакцинирани испаѓа многу мал и ние ќе си веруваме дека се навистина ефикасни и безбедни. На почетокот викаа дека вакцината ќе не штити 100% од тешка клиничка слика денес гледаме дека се повеќе и повеќе болниците се полнат со вакцинирани лица. Воопшто не знам и зошто оваа боцка ја нарекуваме и вакцина, кога вакцината има сосема друга улога. Никогаш не би се вакцинирала ‘против ковид’ затоа што не сметам дека се ефикасни ниту безбедни. Бројките се кријат, тоа веќе мислам дека на сите им е евидентно. Кога ќе излезат со вистинска статистика се прашувам? Дали некогаш ќе дознаеме колку точно луѓе имале негативни последици по вакцината?
Најновото истражување спроведено од EpiPhare во Франција, кое е спроведено на 22 милиони луѓе на возраст над 50 години, покажува дека вакцините на Фајзер, Модерна и АстраЗенека остануваат високоефикасни против тежок Ковид-19. Истражувањето покажало дека вакцинираните лица на возраст 50-75 години имаат 92% помали шанси да имаат тежок тек на болеста и смртен исход, а кај оние над 75 години овие ризици со вакцината биле намалени за 84%. https://norwaytoday.info/news/new-f...vide-good-protection-against-severe-covid-19/
Не сум вакцинирана. Вчера бев да испитам крв пред да идам да се вакцинирам. Имам високи тромбоцити и ми кажаа да пијам аспирин од 100 мг цел месец и рибино масло. Имам нешто читано дека некои вакцини ги намалувале тромбоцитите и правеле нешто со димерите (астра, џонсон..) . Не знам со која вакцина да се вакцинирам.