Еве и од нашава земја за ефикасноста за вакцините: https://novatv.mk/finance-think-vak...site-za-hospitalizatsija-za-2-8-milioni-evra/.
Никој не може да бара доказ за вакцинација од кое било лице, вработени или клиенти – Гувернерот на Тексас забрани задолжително вакцинирање против Ковид-19. https://lm.facebook.com/l.php?u=htt...VA4fTV7nwuBHhsKKf2V8qZOpbwoScpHZUuq8H2-QSal6Y
Луѓе од Куманово, дали вакцинален пункт “Перо Наков” во Бедиње е официјално затворен? Прочитав вести пред една недела дека го затвориле во бедиње, но вчера ми стигна СМС порака и ми вика да се јавам во Перо Наков во Бедиње за ревакцинација? Има некој од вас што знае што се дешава?
Денеска се вакцинирав прва доза Фајзер само ме боли раката, се осеќам уморно и имам болки под пазувата, но приметив цигарите не ми одат како вчера? Дали има некоја врска со вакцината ?
Да. И јас помислив на тоа, дека не и' се вкусни, едноставно не посакува да запали Ми се случувало порано кога сум имала проблеми со грлото на пример, но понекогаш и без причина неколку дена не ми се пали.
Епа ако генерално не се чувствуваш добро (во случајов од вакцината), нормално е да не ти одат цигарите. Ќе помине за ден-два
Министерството за здравство неделно ќе ја информира јавноста за починати лица со Ковид 19 кои биле комплетно вакцинирани, какви хронични заболувања имале починатите и колку од починатите со каков тип вакцина биле вакцинирани. За комплетно вакцинирани се сметаат лицата кои примиле две дози вакцина, а од ревакцинацијата поминале повеќе од 14 дена. Во период од 08.10-14.10.2021, починале 105 пациенти со Ковид 19, од нив над 75 % биле невакцинирани. Од вкупно починатите пациенти во период од 8.10 до 14.10, само 26 пациенти починати со Ковид 19, биле вакцинирани. Само еден од починатите пациенти немал хронично заболување и имал 80 години. Двајца пациенти се вакцинирани со вакцината на Фајзер. Тројца со вакцина Астра Зенека, четири починати пациенти со Ковид 19, примиле вакцина Синовак, а 17 пациенти примиле вакцина од производителот Синофарм. Министерството за здравство во продолжение ве информира за возраста и хроничните заболувања што ги имале 26 те пациенти, кои починале со ковид. 8 октомври Пријавени за починати 16 пациенти со Ковид 19, 5 од починатите биле вакцинирани: 84 год. кардиолошко заболување 62 год. кардиолошко заболување 78 год. кардиолошко заболување 63 год. кардиолошко заболување и дијабет 73 год. кардиолошко заболување и дијабет 9 октомври Пријавени за починати се 18 пациенти, само 1 од пациентите бил вакциниран. Пациентот имал 80 години и имал две хронични заболувања дијабет и кардиолошко заболување. 10 октомври 14 пациенти пријавени за починати, од нив 3 вакцинирани. 64 год. кардиолошко и малигно заболување 59 год. со кардиолошко заболување 68 год. кардиолошко заболување и дијабет 11 октомври 18 пациенти пријавени за починати од нив 6 вакцинирани: 72 год. кардиолошка и белодробна болест 69 год кардиолошка болест 81 год кардиолошка болест и дијабет 76 год кардиолошка болест 64 год белодробно заболување 56 год кардиолошко заболување 12 октомври 6 пријавени за починати, само 1 вакциниран пациент на 80 години – нема хронично заболување; 13 октомври 20 пријавени за починати, 8 вакцинирани: 61 год. кардиолошко заболување и хипотироидизам 80 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет 77 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет 48 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет 72 год. кардиолошко заболување, дијабет и бубрежно заболување 77 год. кардиолошко и белодробно заболување 78 год. кардиолошко заболување, белодробно заболување и дијабет 71 год. кардиолошко заболување 14 октомври 13 пријавени за починати, 4 вакцинирани: 75 год. крдиолошко заболување 74 год. кардиолошко заболување и дијабет 64 год. кардиолошко заболување и дијабет 77 год. невромускуларно заболување https://infomax.mk/wp/за-една-недел...W_EPA7O_cmcCt0MOEv1CsXQ9tZ_sndHhtdffBAA0PPhVk "nisto samo" 26 vakcinirani oni koi trebase vakcinata da gi "stiti"
ne e vakcinata jas mislam problemot,problemot e nesoodvetno lekuvanje i davanje na kislorodna podrska koja sto neznaat da ja davaat pravilno
Баш така но има едно големо НО...Претходно гарантираа дека вакцините се поуздани и дека штитат од тешка болест, камо ли завршување во болница.
Нели токму тоа се ранливите, ризични групи за коишто вакцината е најпотребна/најважна. Значи само вакцинираните починати имале и други здравствени нарушувања а невакцинираните починале само од Корона ( само затоа што не се вакцинирале, кој им е крив) . Логика страшна. Со ова само се дозакопуваат во нелогичните статистики.
Јас мислам дека е добро што прават вакво информирање на дневна база. Кога ќе направат/завршат со една посеопфатна студија на коронава која нема само да прави споредба на број на починати од ковид пред и после започнување на вакциницијата во земјава, туку ќе направи и други анализи меѓу најразлични фактори и категории пациенти и таа сакам да ја објават.