Веб-страницата www.vakcinacija.mk од денеска ја пуштивме во употреба. За само неколку часа има повеќе од 8000 регистрирани граѓани! Преку пополнување на апликација искажувате интерес за вакцинација против КОВИД-19. Сите апликации ќе бидат внесени во системот Мој Термин и нема потреба дополнително да го ажурирате податокот или да го барате и информирате својот матичен лекар дека сте се регистрирале. Согласно распоредот предвиден во планот за вакцинација, матичниот лекар ќе ве повика и ќе ве информира за точниот датум и час кога треба да се вакцинирате на пунктот кој ќе го изберете при регистрацијата. Во прва фаза ќе се вакцинираат здравствените работници и граѓаните над 70 години. Сите останати кои се регистрирале ќе бидат контактирани во матичниот тогаш кога нивната група ќе биде на ред за вакцинирање согласно националната стратегија. Вакцинирањето е доброволно и се спроведува согласно стратегијата за вакцинација во нашата земја. Единствениот начин за да го победиме вирусот е со вакцинација против коронавирусот. *преземено од Facebook профилот на Филипче
Кинеските се очекува да бидат тука до крај на следна недела, пријавувањето е за која и да има вакцина, значи не се бира
Можеби сум неедуцирана но да прогуглате за чивеков и неговата масовна вакцинација низ Африка и Индија и неговите ставови дека земјата е пренаселена, нема толку лесно да бидете убедени нетрпеливо да чекате термин за вакцинација. Самата негова улога во целава оваа здравствена криза од предвидувањето негово за истата во 2015 па се до денес не ми е ниту малку логична. Излезе дека тој е лекар над сите лекари во светот.
Зајковци по еден месец ќе кажат дека стекнале колективен имунитет... За 1-2 саати 8000 апликации, пфф..
Да веруваш во лажни вести или во огромната медиумска пропаганда на медими под контрола на големците од тој калибар исто му доаѓа.
Успеав и јас ги регистрирав мајка ми и татко ми. Мора да го има тоа im not a robot да се штиклира и потоа добиваш одговор дека сте успешно пријавени.
Над 20 илјади пријавени. https://plusinfo.mk/pove-e-od-20-000-gra-ani-dosega-se-pri-avile-za-vakcina-protiv-kovid-19/
Дечки како се регистриравте? Пробувам мајка ми и татко ми да ги регистрирам но не добивам никаква потврда дека се регистрирани. Венесени се сите барани податоци со тоа што дејлот за маил оставам моја маил адреса пошто они немаат. Да не е тоа проблем што не можам да ги регистрирам?
Ти се појави до копчето за потврда im not a robot? Јас милион пати направив рефреш за да ми се појави ова и потоа вака ми пишуваше
Знам , истото ми се случи, автоматски се обновува страната. Милион пати пробав и успеав, исклучи уклучи и набрзина пишав информации да не се изгуби пак..
Мајка ми ја регистрирав,пријавував де и за чудо од прва,очекував потешко да отвори со повеќе обиди,но на прва бидна.
На мајка ми пријателка има прележано ковид и баш вчера разговарала со матичната и и рекла 1 месец треба да помине откако си прележал, па да се вакцинираш. И рекла обавезно , зошто втор пат ако фати корона ќе биде полошо..