Да, големи се бројките, ама се е отворено, за разлика од лани. Ама помала смртност имаат. Многу помала. И мала стапка на вакцинација. Овде има и со Џонсон плус. Сите околу мене вакцинирани поминаа баш ко настинка, еден со Фајзер, со преживеан инфаркт пред 1 година го мина како од шала, речиси без симптоми. Јас избрав Модерна оти има голема заштита. Прележана и вакцинирана, се сметам заштитена.
Ти па со Модерна и големата заштита Многу знаеш каква заштита има, од каде оваа информација што упорно ја шириш? Иста заштита пишува и за Фајзер како што читам. Што е Модерна посебна?
Изгуглај, си има податоци, не тресам јас од ракав работи. Модерна против делатата има највисока заштита. Имаше и овде низ страните постирано, не од мене. Еве еден линк https://www.regenstrief.org/article/covid-vaccines-effective-against-delta-variant/
Кога ќе има вакцинирани со Модерна барем приближно колку со Фајзер тогаш може да се споредува. Плус тука некаде се со проценти, зависи каде читаш.
Ова е еден од линковите. Има поголема заштита и тоа е факт. И двете се исти вакцини, Мрна, само што Фајзер е фаворизирана. Преголемо форсирање нели, што создава и одбивност. Еве имаш научни истражувања дека има друга вакцина која има поголема заштита, ама не, мора Фајзер.
Не мора Фајзер ама не мора и ти за да мирно спиеш на секој втор пост да потенцираш дека Модерна има најголема заштита ко да е факт. Не е.
Па ќе спијам, прележана плус две дози вакцина, да доволно е. Впрочем и без вакцина имав имунитет, сега плус. Искрено и со Фајзер ќе имав доволно имунитет. Реинфекции на прележани се ретки, а на плус вакцинирани не знам дали и има.
На крајот на ова ќе се сведе Врати го филмот уште на почетокот Меркелка викаше дека минимум 70% од светската популација ќе прележат. Или пак, кога ќе решат дека не е интересна, па да ја тргнат од насловна страна
Еј, памтиш? Ај сега види уште колку има до прележување Германија, од 84 само 4 милиони прележани. Изгледа јас песимистот, оптимист бев, ко реков ќе трае коронизам само 6 години.
Има и тоа лани ноември прележан,вакциниран пред 6 месеци,сега пак позитивен без никакви симптоми.тест правен ради позитивен во фамилија.
Денес се вакцинирав во Вакциналниот пункт на УКИМ одма до Влезот на Економски факултет. Персоналот е прељубезен нема гужва и можеш да си закажеш кој ден сакаш да ти чуваат доза. Кој сака може да отиде, сите возрасти примаат и 3 доза може. Моментално имаат само Фајзер.
Според мене неуспешно вакцинирање за тие што немаат створено антитела али се е тоа до имунитетот. @Cosmi од хронично болни без генетски предиспозиции за згрутчување на крвта и со генетски предиспозиции има разлика. Има луѓе што не знаат дека се носат со автоимуно заболување додека не фати пример корона. Повеќе луѓе умираат од касното и не навременото лекување од матични лекари. За жените е лесно прават испитувања по спонтани и дознаваат, но машката популација е исклучена од овие испитувања. Колку фармацевски компании има толку ќе има и вакцини. Овие вакцини се сеуште не испитани како и сите предходно кои се ставени во вакцинален картон како морални. И оваа ќе стане задолжителна со текот на времето.
Велика Британија прва го одобри лекот против коронавирусот Некои инфо за леков? Не сум во тек, извинете.
Ќе одам оф топик, ама... ако збориме за згрутчување крв, нели постои аспирин 100 на пример, кој може превентивно да се пие дури си позитивен? Немам појма дали е доволно, или контраиндикативно или какво веќе, ама кога веќе сме на муабетов
Од Мерк ли тој? Еве некое инфо https://www.statnews.com/2021/10/04/what-we-know-and-dont-know-about-mercks-new-covid-19-pill/