Другарка моја уште во средно имаше тромб и да можно е. Како што може секоја жена да има абортус и причината е коагулација на крвта и тоа секоја 2ра се боцка и пие аспирин. И јас додека не испитав немаше да знам дека имам лупус среќа не активен моментално, ако би фатила корона можеби би се активирал и фатално би завршила, но јас знам имам испитано голем број од луѓето не знаат и да има поврзаност со генетиката. Ако нема поврзаност сите би биле критични и клинички случаи. Само никој не сака да се замара со испитувања и така е преоптеретен здравствениот систем. Затоа и напоменав за жените дека се почесто испитуваат и знаат, а мажите не се испитуваат.
Немаше најава од Мерк дека ке ја понудат лценцата бесплатно што повеке држави да можат да го произведуваат лекот?
Епа Ана, нас повеќе од аспирин никој не ни дава. Нит не гледа. Нит не испитува. Нит снимки и крвни слики. Во моментов имам позитивен колега, го прашав што му дале од лекови- сируп против кашлица. Доктор нит го има видено, нит ќе го види, освен ако не заврши во болница. Не знам @Cosmi . Разбрав само дека цената ќе зависела од куповната моќ на земјата, за богатите-поскапо, за сиромашните-поефтино.
Па не дека кај нас некој ги гледа болните... со позитивен тест оп троп еден куп лекови за да се покријат, во болница не се знае кој јаде кој пие, т.е секој од ракав тропа терапија, па види што се случува.
Добро,не е баш исто,кај нас на сите кои се ковид позитивни им следува упат за ддимери,е сега ако сме во бран е гужва,кај нив воопшто не им испитуваат што е чудно,не кај секого се нормализираат брзо после ковид.
Не добиваат сите упат, не сите матични даваат, освен тоа и термини нема на трансфузиологија, јас имав среќа да откаже некој и мојата матична да ми закаже веднаш, во истиот ден да отидам. Проблем е што постковид се јавуваат компликации, не мора димерите да се покачени од старт, ама знаат да се покачат подоцна. Јас еден месец превентивно пиев Еликвис, една цела кутија испив, пред две недели проверив, ок ми беа. Ама сега следната недела треба пак да проверувам, ништо не правам на своја рака, туку по совет на доктор од ковид центар. Очигледно е дека мора да се следи ситуацијата подолго време, ама само кај нас тоа се прави, во еу земјиве ништо од тоа нема.
Нема термини на трансфузиологија одамна. Јас еднаш само бев на клиника, се останато приватно прегледував. Треба и на трансфузиолог да одам, оти димериве ми се константно 900, ама нема термини Еве, ќе одам на приватно, ама ако ми даде терапија, нема да може да ми ја покрие фондот, а знаеме колку се скапи клексаните пример
Здраво на сите, не знам дали прашањево е за тука ама да си прашам сепак. Пред некој ден примив втора доза на вакцина и ништо не ми рекоа таму дали да се обратам на матичен, јас немам матичен, но доколку е потребно би отишол до најближниот..
Термините се проблем Матичниве треба и мора да даваат,имаат таква насока,одлуката заедно со упатот за испитување на овие лабораториски ставки била објавена во „Службен весник“ сите позитивни треба да добијат упат,е сега што прават не знам. https://faktor.mk/analiza-na-d-dime...klinikite-bit-pazar-jane-sandanski-i-drachevo Подобро да се следи бар до 6 месеци после ковид. И во екс ју државите се прави,тетин ми во Хрватска уште се оправа со димерите веќе 9 месеци,ама ај постар човек е. Како во еу земјиве воопшто не им прават бар една анализа ,не знам.
Ама бременоста сама по себе е протромботска состојба, како адаптивен механизам во бременоста и не е поврзано со генетиката на трудницата. Автоимуните заболување се од непозната етиологија и исто така не се генетски поврзани.
Дали било бременост или вирус може да активира автоимуно заболување доколку некој го има. Никогаш не се знае ова го има кажано докторка јас не измислувам. Никој не се замара со пациентите ретко кој знае терапија да погоди.
Не разбирам што сакаш да кажеш. Никогаш ништо не сум испитувала, истерав бременост, за клексани прв пат чув на форумов. Генерално популацијата во светот нема појма за ништо од автоимуни и крвни состојби. И што менува кога би знаела, што би направила поинаку со тоа што да речеме знаеш дека имаш лупус или тромбозна предиспозиција или како и да се вика?
По примена втора доза треба да се јавиш кај матичниот за да ти даде сертификат за примени две дози на вакцина, ако немаш матичен лекар, може да се обратиш и кај матичен стоматолог
Одма би била под терапија бидејќи матичниот ја знае мојата состојба, додека некој без никакви испитувања како тој погоре сируп за кашлица што му дале, па после ќе се влоши состојбатапа ќе пие сумамед па ако не успее и се влоши во ковид центар ќе биде. Јас кога бев на ревматологија жена имала пасивен(неактивен) лупус после 2ор пораѓај и се појавило црвенило на лицето т. е. и е активирал по самото раѓање на детето. 70% се шансите ваквите луѓе да имаат проблеми и 30% да поминат бременост без никаков проблем. Мислам дека сме надвор од темата веќе Ова е само од едните заболувања а ги има премногу затоа кажав човек не знае што носи во себе додекане му се појави некој значителен проблем. Затоа и кај некои луѓе вакцината прави проблем сепак е специфична.
Со делта сојот ке се забрза тој процес посебно ако се тргнат повеќето мерки (Британија пред делта 1јуни 4.5 милиони случаи моментално 9.2м. 4.7м случаи за 5месеци во 66 м држава, а и тие 4.7 се x 2 заради вакцинирани што мислеле дека се настинати.Бтв од 1јуни до денес Британија има 14,000 починати од ковид на 4.7м случаи или 0.3% смртност додека до 1јуни 2021 имало 4.5м случаи со 127,000 починати или 2.8%.Астра зенека добро се покажа.
Нека не префрлат во главната тема за ковид ако не @RainBow ? Во странство сум, тука сируп против кашлица е изгледа стандард, сумамед нема ( и веројатно поарно што го нема) еднаш во аптека слушнав за дете кортико земаа, не познавам некој што правел крвна слика ради ковид или после ковид.
Јас не реков дека измислуваш. Доколку некој има автоимуно заболување кога тогаш, дали порано или покасно во живтот ќе се активира, а автоимуното заболување може и да се стекне, еве конкретно за лупусот има асоцијација со употреба на таблети за контрацепција. Изложеност на сонце може да го активира лупусот.
Сестра ми доби кс после короната оти и беа на граница димерите претходно. Сега пак ќе правела. Ја следат оти и се на граница пред короната. Имаше модринки и така откри. Симптоматски лекуваат и реагираат. Колку е исправно, не знам. Овде сите сакаат да се заразат. Нејќат вакцини, сакаат да прележат за да имаат сертификат.
Точно али може и да не се активира, да е природен процес сонце и други природни работи океј ама со сила нешто наметнато за да загрози живот некому тоа не е во ред. Еве искрено јас имам висок ризик и од тромбоза прашував маѕичен лекар крева раменици за дали да се вакцинирам вика не знам што да ти кажам. На ТВ гостуваше Дејанова каде објаснуваше дека и паценти под антикоагулантска терапија смеат да примат вакцина али прво терапијата да ја земат па на боцкање да одат значи сепак има испитувања но за жал веќе што знаат дека имаат. Дали некој проверува хемостаза и димери после вакцина, предпоставувам никој затоа и често се случуваше посче 20 дена или помалку да почине некој по вакцинација. Пак ќе кажам секоја вакцина не е за секој организам али они моментално вакцинацијата ја гледаат како повеќе да има здрави од починати. А резултатот ќе го видиме понатака.