Вакцина против коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 20 август 2020.

?

Дали би се вакцинирале против коронавирусот?

  1. Да

    613 глас(а)
    53,3%
  2. Не

    365 глас(а)
    31,7%
  3. Не знам

    173 глас(а)
    15,0%
  1. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.787
    Допаѓања:
    41.874
    Пол:
    Машки
    Исто како што се симнуваат и нашите сертификати, на vakcinacija.mk. Таму можеш да ги генерираш, односно симнеш Македонскиот сертификат, под него е оној од CommonPass (ти треба број на пасош за него), и последен е тој од ЕУ.
     
    На Avery му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.344
    Допаѓања:
    190.187
    Некои загрижувачки информации околу интегритетот на податоците во клиничките студии на Фајзер, од свиркач во компанијата ангажирана да ги спроведе клиничките студии:|.
    upload_2021-11-8_10-36-39.png
    upload_2021-11-8_10-41-42.png
    ФДА е слепа и глува за ова:tmi: (lalala)
    :!: Истата компанија, несомнено со истите пракси, ги спроведува сите Фајзерови клинички студии, за возрасни, постари деца, помлади деца, бустери...

    ,,Свиркачот,, е жена која гради 20 години кариера во контрола на квалитет на клинички истражувања, ако разбрав добро. Кариерата ја прогласуваме за умрено, барем привремено, од очигледни причини.
    ...
    Многу факд-ап ситуација:doh:
     
    Последна измена: 8 ноември 2021
    На Askopje му/ѝ се допаѓа ова.
  3. mind_monsterskp

    mind_monsterskp Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    27
    Леле луѓе што ви е.. одите да се боцкате со ботокси кај некој квази доктор заради тоа што е фенси, а кога се работи за вакцина што е развиена од светски научници со вложени огромни буџети и слично - одлучувате да не им верувате и верувате повторно на оние кои што друга цел освен да се здобијат со краткотрајна слава - или се затворени во своите ограничени видици.

    Истото важи и за синовак, синофарм споредбата со фајзер на пример.. Кинеските продукти не ви се допаѓаат - а кинескиве вакцини демек послеби реакции имала, бла бла.. Јас искрено не познавам ниту сум чул за некој кој имал незнам какви последици од „западниве“ вакцини - но од друга страна сум чул за многумина што немаат никаква заштита од кинескиве вакцини.
     
  4. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    16.415
    Не си чул за никакви последици затоа што никој не смее за тоа да пишува/зборува. Се живо и диво е цензурирано.

    Ова е прв медицински продукт за кој не се зборува за можни несакани ефекти, туку напротив, се' само нај нај. Што и да се случи после вакцина никако не е поврзано со истата. :x

    Ете погоре имаш и за неправилности при спроврдување на истражувањата ама при очи слепи се правите и ги игнорирате сите тие работи а знаете да кажете "...вакцина што е развиена од светски научници со вложени огромни буџети и слично ..."...
     
    На Amelia и OmilenataZaNego им се допаѓа ова.
  5. mind_monsterskp

    mind_monsterskp Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    27
    А дали мислиш дека од 7милијарди луѓе не би се нашол еден свиркач кој што би бил на релевантна позиција да го разоткрие ова? Дали мислиш дека сите тие имаат ист морален и етички кодекс? Јас повторно ќе кажам дека овие теории се само друг начин на размислување без никакви докази, и предпоставувам дека и до некаде интереси.

    А од каде тоа дека е цензурирано? Од каде ти се овие сознанија? Или ти си само уште едена алка во ланецот на ширењето на дезинформациите??
     
  6. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    16.415
    Ти првпат слушаш за цензурата што се спроведува цело време откако е почната пандемијава? Тогаш жал ми е за тебе и немам што повеќе со тебе да дискутирам.
     
    На neno0o и Amelia им се допаѓа ова.
  7. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    789
    Пол:
    Женски
    На ниту една апликација луѓето не можат да пишуваат и да објавуваат слободно за вакцинација и нејзината неефикасност зашто на некои од нив дури им ги хакираат профилите. Се пријавуваат видеа како лажни информации уште пред да бидат проверени секаде каде што го пишува зборот вакцина и некакво истражување кое не им одговара. Целта им е луѓето да не ги видат тие информации за да не се предомислат дека ќе се вакцинираат. Доколку беше навистина толку безбедна оваа вакцина како што ја претставуваат немаше да постојат вакви работи.
    Зошто на телевизија немаме слушнато за никакви негативни последици по вакцината?
    Зошто луѓето што се починати веднаш по вакцина и не се изминати две недели ги пишуваат дека починале како невакцинирани?
     
    На Askopje му/ѝ се допаѓа ова.
  8. mind_monsterskp

    mind_monsterskp Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    27
    А што има луѓето да мислат?? Дали имаш ти свое мислење за аеродинамика на пример?? Освен ако си компетентен да зборуваш на темата мислам дека нема поента да кажуваш мислење нели?
    Еве сега ајде да дискутираме кое брашно треба фурните да го користат и на кој начин треба да се меси лебот на пример. Нели нема смисла, затоа е цензурата - за да не се створи паника и непотребно ширење на дезинформации, зошто на крајот на денот луѓето го прифаќаат она кое повеќе им се допаѓа. Дали постојат дискусии помеѓу обичните луѓе(не медицински образувани нели) на кој начин треба да се вади слепо црево на пример.


    1. А од каде ти се тебе овие информации ако се е цензурирано?
    2. Дали си сигурна дека тоа е фактичката состојба?
    3. Колку ти се веродостојни извориве?
     
  9. mind_monsterskp

    mind_monsterskp Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    27
    И мене ми е жал за тебе и твојата кратковидост. Нема повеќе дискусија, поздрав и остани во добро здравје
     
  10. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    16.415
    Ти и твојата далекувидност...:rofl:
    Поздрав (fingers)
     
  11. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    789
    Пол:
    Женски
    Како тоа ме прашуваш што има луѓето да мислат? Се разбира дека имаме право да се информираме за негативни последици по вакцината бидејќи таа ќе биде во нашето тело.
    Цензурирани се видеата, но сепак луѓето наоѓаат начин и ги споделуваат тие видеа на страници каде што по некое време и тие страници ги хакираат. Не знаеме колку се точни тие информации бидејќи немаме можност да дознаеме и колку навистина не се точни, нели?
    За тие последни две прашања не те разбирам што всушност ме прашуваш, ако се за починатите луѓе тоа мислам го пишуваше кај Венко Филипче страницата на фб.
    Но, сепак ти мислиш дека не сум компетентна да размислувам воопшто за нешто кое ќе дозволам да се внесе во моето тело и според тебе треба слепо да верувам на политичарите и експертите кои и првенствено не работат според струка. Секој со своето мислење, само те молам не пишувај да се вакцинираме секој има право на избор. Битното е дека ти си заштитена, зарем не?
     
    На Amelia му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.859
    Допаѓања:
    41.174
    Пол:
    Женски
    Се пријавуваат видеата како лажни инфорамции бидејќи повеќето се.Треба повеќе од две мозочни клетки за да се заклучи дека одредени видеа се чиста дезинформација направена за прости маси со цел ширење антиваксерска пропаганда.И јас не сум за цензура на битни информации, ама исто така не сум за секој човек да може да си шири слободно лаги за тема што ја познава 0% и притоа да се вади на слобода на говор.Бидејќи по интернетов се шират страшни лаги и не може тоа да се остави да циркулира.
    Информациите се корисни само ако знаеш да ги интерпретираш.Со оглед на тоа што огромен дел од народот не знае, се создава хаос.
     
    Последна измена: 8 ноември 2021
    На buba4e89, Cosmic Girl и Need for Speed им се допаѓа ова.
  13. OmilenataZaNego

    OmilenataZaNego Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2015
    Пораки:
    449
    Допаѓања:
    789
    Пол:
    Женски
    Јас лично им ги проверував профилите на одредени луѓе на Linkedln и заклучив дека не се со 0% познавање. :)
     
  14. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.859
    Допаѓања:
    41.174
    Пол:
    Женски
    За кого збориш? За наставнички по англиски што во слободно време се епидемиолози на фејсбук?
     
    На buba4e89 и mind_monsterskp им се допаѓа ова.
  15. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.427
    Допаѓања:
    90.773
    Пол:
    Женски
    Излагањето на Питер Доши senior editor на медицинското спосание Лансет, и за бустерите и за пандемискиот маркетинг.
     
    На Askopje и OmilenataZaNego им се допаѓа ова.
  16. mKdevojce

    mKdevojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    2.301
    Допаѓања:
    16.415
    Да, баш само наставничките по англиски. Колку си информирана на темава што дури и со терминот "проста маса" си дозволуваш да ги именуваш сите што не работат како тебе за ваксерската пропаганда.

    Весникот Bild во Германија ( штом ти спаѓаш во паметната маса би требало да знаеш колкав медиум е во земјата), имаше пред некој месец рубрика "Сите факти на маса". Во таа рубрика беа поканувати еминентни експерти на тематикава, професори на факултет, лекари и сл. И погоди што се случи. Целата плејлиста со тие видеа беа избришани од јутуб. Зошто? Кажи ми ти штом си ти толку запознаета со темата цензура.

    Повели линк да не излезе дека ширам антиваксерска пропаганда за проста маса. (facepalm)
     
    На 999 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Nena Jovanova

    Nena Jovanova Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 септември 2021
    Пораки:
    1.013
    Допаѓања:
    1.308
    Пол:
    Женски
    ke moze li prevod na ova zatoa sto site ne razbirame germanski pa koj moze neka go protolkuva i prevede
    videovo
     
  18. mind_monsterskp

    mind_monsterskp Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    27
    Јако ми е тоа што несакаш да дискутираш а се поздравуваш неколку пати, позз :D
     
  19. mind_monsterskp

    mind_monsterskp Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2020
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    27
    НЕ Е СПОРНО ДЕКА СЕКОЈ МОЖЕ И ИМА ПРАВО НА МИСЛЕЊЕ... поентата е дали СИ КОМПЕТЕНТЕН ДА ГО ДАДЕШ
     
  20. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.344
    Допаѓања:
    190.187
    Размислувам многу за ова, пред да постирам било што. Проблем е што се преќутуваат работи кои не смее да се преќутуваат, јер секој сомнеж и збор против е антиваксерска пропаганда.
    Дали биле учителка или шнајдерка е небитно, секој треба да биде информиран со факти. Пример, факт е дека ризикот од тромбоцитни проблеми е 500 на милион во случај на ковид, ама 50 во случај на Фајзер на пример, или 10 во случај на АЗ, не е нула. (бројкиве се округли, вчера го гледав Др.Кемпбел со точни бројки, ама не ми текнува кое видео беше). Значи, нема никого да убедиш со тоа- абе нема врска, никому не се случило, глуп ли си ти, знаеш ли колкав е ризикот од ковид? Транспарентност нема, сајд-ефекти очигледно има, и колку повеќе ги потиснуваат и негираат, толку пострашни ќе изгледаат.

    А кога сме кај толкување информации, ќе сакаш да ја интерпретираш информацијата од погоре, кајшто контролата на квалитет вели дека клиничките студии не се баш ко што треба? Особено делот со ненавремено следење на пријавените несакани ефекти ми запна за око. Не дека знаеш што значи, ама што би можело тоа да значи? Интерпретација на ситуацијата од погоре наведениот доктор
    Му се воодушевувам на смиреноста, јас сум цел ден во благо збеснат мод. ВТФ?:|
     
    На NewMama, Askopje, KuklickaSk и 2 други им се допаѓа ова.