Да, себично е стварно. Ама па за себе и за моето семејство мора да сум себична. Да се жртвувам за други, нема. Не дека нема да се вакцинирам, туку со некоја претпазливост сум пошто едно е вакцина со години на илјадници користена, друго е вакцина излезена вчера. Не дека не е истражена, не дека ќе пуштат шодае низ народ. Ама дека ми е сеедно, не ми е, и мислам дека ќе почекам.
Ама шо зборате бе? Има доволно луѓе кои ќе се вакцинираат уште во првиот 'круг'. Сигурна сум Само да се дистрибуира вакцината и да стаса до установите кои ќе вакцинираат. После е само штанцање. На 7.500.000.000 луѓе на планетва, не 100.000 (како што рече Лили), 1.000.000 ќе вакцинираат за еден ден.
Јас сум на ставот на Каме. Би се вакцинирала и би продолжила понатаму со животот. Не сум човек кој верува во светски заговори. Фармацевтската индустрија цвета тоа е неспорно, ама нема да ја спречам јас со моето вакцинирање. Дај боже да дојдам на ред ама како сме тргнале во државава ни вакцина нема да ни треба 100/100 ќе ја прележиме.
Друга ми беше поентата. За секоја болест на светов, постои вакцина, лек некаков, шо знам апови, инјекции, хемо. И сите чекаме некој друг да е прв, никој не вика ок ја прв. И тоа е ок, само да не глумиме солидарност, оти ја немаме
Солидарност е едно, себичност е друго. И различки типови на себичност има. Едно е, јас сум себична за мојот живот и здравје, друго е - јас сум себична, ќе ги изедам сите колачиња. За првото сум себична, за второто ич не е проблем. Во ситуацијава проблем се тие на кои второто им е проблем.
Ама ок е тоа. Само пошто имаме тенденција (не ние на темава, општо луѓето) да изиграваме солидарни, емпати и човекољупци, ама кога треба вистински да се "жртвуваме" одма да се тргнаме на страна. Мене не ми пречи мислењето - да себично е, ама прво за себе гледам, него ми пречи удирањето во гради колку сме големи човекољупци и се' ќе направиме да помогнеме, освен кога не сме и нема со прст да мрднеме ако тоа значи дека нокт ќе скршиме.
Да објаснам попластично, мислам не се разбираме. Постои болно дете. Сите: ајде да бидеме солидарни, донирајте 100 денари, донирајте го вашето кафе, сите за Трпе со срце итн. На Трпе му треба црн дроб да му се пресади, сите овие погоре - штама. Значи, хумана/солидарна/несебична/човекољубец сум само додека истото не ми менува ништо
Да знам математика. Читајќи статистики тука се луѓето кои инаку би ги ставиле во категориите починати од рак и кардиоваскуларни заболувања, бидејќи тие графи се годинава намалени. Сега се покажува дека муабетите "така не хранеа и нас па ништо не ни е", "што има врска дебелината" не држат, немањето пристап до лекари, немањето навика за рутински прегледи доаѓаат до израз. На крај се тоа најчесто поттикнато од сиромаштија и затоа сме бр.1 по смртност
Прележувањето не те ослободува од вакцинирање https://insidescience.org/news/why-...-19-vaccine-even-if-youve-already-had-disease
И јас и маж сме против да се вакцинираме, ама од вчера и официјално почнаа да го тераат тоа да не можеш да леташ нигде ако вакцината ти е достапна, а не си вакциниран. Сега сме на два ума. Па плус 2 дози најверојатно ќе се. Абе ајде... Вакцината треба да пројде експериментална фаза која трае обично 10 години. Сега, ние сакале нејќеле, вака или така ќе не натераат "доброволно" да си се боцнеме.
Ау не. Јас кажувам без извинување. Не за вакцинава, општо зборам. Никогаш не правам ништо за друг ако тоа е на штета на мене. Точка. Двајца луѓе имаш, на еден му треба помош. Која е поентата да му помогне првиот на вториот, ако после на првиот му треба помош. И прва помош кога учев, правило број 1 е прво заштити се себе си после помагај. Не знам зошто да се мавам в гради. Да се ставаш себе си на 1во место е поголема "доблест" одколку другите да ги ставаш на 1во, а себе си на 2ро. Пошто секој има обврска да се грижи прво за себе, нема да опстоевме ко вид ако не се грижевме прво за себе. Е сега, да ми се скрши нокт, не, не зборам за такви работи. Кога велам штета на себе, мислам стварно да има штета. А има и такви што со прст не мрднале за ништо во животов, да. Тоа е друга крајност, ептен да си без емоција. Двете крајности се лоши, и да си од камен и да глумиш жртвено јагне. Мора баланс некој, златна средина.
Секако се разбираме Не е кафе донирање, претпазливост во врска со здравје и живот е. Не само за вакцина, и за исхрана, и за животен стил. Мислиш случајно ви дадов органски колачиња
Вчера се кошкавме со другар, немало да се вакцинира којзнае што ќе му ставеле. А алкохол, дрога и трева, ехеее, прв е Попрво ќе се нашмрка "кокаин" отколку вакцина да му ставеле. Ќе го чипирале , 5G, дрн дрн јариња. Аха, ги интересира нив тајната неуспехот која е .
Јас дадов пример, ете можеш некому да донираш делче црн дроб. Да, за тебе е мака, да за тебе е операција, секако дека има опасност, ама на тој некој живот му зависи од твое делче црн дроб. Мислам да бидеме реални, живееме со луѓе што си "чуваат" плазма за недајбоже, ама не донираат, ако е тотално глупо што ја чуваат оти не се чува. Крводарители? Кубуриме, арно војнициве и полицајциве што донираат, помлади слабо. Па идеш на оп и ти викаат донеси некој крв да остави за тебе. Живееме во свет во кој на луѓето им е тешко крв да дадат, а не дел од орган. Истите се најјаки на зборови. Од прва рака зборам, дур апелот е 100 денари ок, ама срж да треба, бегаат.
Сите вакцини во животов ги имам примено,децава сите по ред,дури и отповеќе,едното иако не требаше да се вакцинира не ми кажаа сите му ги ставија-не можам да речам дека сум себична во однос на други,дури и штета претпевме во случајот со првото дете и не не беа нити солидарни нити желни да советуваат дека не треба кога го боцкаа