Здраво, Јас бев вакциниран со една вакцина и 4 дена пред да ја примам 2рата доза се заразив и пројавив симптоми. Мислам дека ги имав сите можни. Еве 2 и пол месеци мирисот не ми се враќа, последниве 2 недели почна се да ми мириста исто, гадно на некоја хемикалија. Тоа било знак дека се регенерира оштетеното ткиво што и да е. Мене мака ми е пошо со новиов закон од 15ти нема да може да се иде по локали ако не си вакциниран со 2 дози. Се мислам што да правам, не осеќам поента дека треба да се вакцинирам, баш сите епидемиолози рекоа дека природниот имунитет е подобар од тој со вакцина. Само у Македонија на прележаните имунитетот им трае 45 дена ?
Кога ќе кажат дека сертификатот нема да важи без трета доза сите ќе шибнат. Ќе си речат ај јас две примив па сеа за една.. и така секоја година нова доза ќе ви бараат
И кај нас кажаа дека нема да биде задолжително и еве не уценуваат а сме една Македонија. Не можам да излезам од дома затоа што немам сертификат. Натаму ја тераат работава.
Тука е дозволено движење без сертификат со маски,но не е дозволен влез во затворени места. Не знам зошто се бунтуваш за вакцинација ама тоа си е твој проблем.
Размислував и ако тоа ме заштити, би. Ама рекоа и две ќе не штитат, па сега не важи. Од друга страна ми е малку инает, некој ни една, а јас три, пак во круг ќе се вртиме.
Ај сега вака, малку рационално. Очигледно вечна заштита не постои. Постојат две можни решенија- или ќе се изложиш на вирусот и ќе го засилиш имунитетот, или ќе го засилуваш имунитетот вакцинално. Единствен начин за мерење имунитет е мерењето антитела (за друг начин не знам), единствен начин за градење антитела е контакт со вирусот или вакцина. Инаетот не го разбирам, за што се вакцинираш уствари? За враќање на нормален живот? Тој предмет не постои. Изгледа вирусов ќе биде тука уште мнооогу години, и постојано ќе има вакви и онакви бранови, во најмала рака сезонски.
Имаш посебна тема за антиваксерство,коментирај си таму. Не ми штетиш мене,си штетиш самата себе затоа проблемот е само твој. Овде скоро никој не носи маски и невакцинирани се бројат на прсти. Ќе те замолам да не продолжуваш понатака,сакам да прочитам и други мислења.
Еднаш еден доктор кажа “Пандемијата ќе запре кога оние заразените ќе се сретнат со незаразените”. Двосмислено, но сепак вистинито.
Јас сега за сега не планирам, прележана сум лани во ноември, вакциниран со две дози фајзер пред 6 месеци. Правев антитела пред месец дена имав повеќе од 150, колку повеќе незнам апаратот мерел само до 150.Ќе проверам здравје пак после нова година ако ми се паднати здравје ќе видам што ќе правам.
Прва работа, проучи што значи антиваксер.Антиваксер не ме прави тоа што сметам дека за моето здравје е подобро да не ја ставам таа една недоволно испитана вакцина. Друго ако не ти одговара да ме читаш стисни игнор и така ќе си ги читаш сите мислења освен моите. Сите вакцинирани што ги познавам болни лежат по две недели со висока температура и не можат да се оправат дури се во шок како вакцината не ги штити. Штетна си и ти за околината затоа што си подеднакво преносител како и некој невакциниран. Не одам даље, толку од мене.
Секако дека твој е изборот дали ќе избереш трета доза или не, но да знаеш дека во медицината не е сѐ совршено. Моментално се соочуваме со ситуација шо е нова и непредвидлива дури и за најстручните инфектолози. Повторено е 1000х, ама ај пак. Уште од самиот почеток се кажа дека вакцината не штити од повторно заболување, туку посакуваниот ефект е избегнување на тешка клиничка слика и смрт. Факт е дека најголем дел од оние со тешка клиничка слика или со смртен исход не биле вакцинирани… Да, има и вакцинирани шо починале, но речиси кај секое заболување има отстапувања од вообичаениот исход, затоа се вика дека во медицината 2+2 не е секогаш 4. Имам забележно дека луѓето често издвојуваат определени тврдења/факти за вакцините, па и за многу други проблематики и упорно потенцираат како тие се косат со реалноста. Многу е погрешно кога не се согледува проблемот во целост, туку селективно се избира она шо им е во корист. Исто така кажано милион пати, иако вакцината поседува можни несакани ефекти, впрочем како и сите лекови/вакцини и сл… тие се занемарливи во однос на посакуваниот ефект шо се постигнува со препаратот. Пример: Оперативниот и хемотерапискиот третман на карциноми сноси многу несакани ефекти кои потенцијално го намалуваат квалитетот на живот на пациентот, но пациентот се спасува од смрт.
Многу јасно, се сложувам. А се вакцинирам за да се заштитам себе и блиските. Не барам 100% нормален живот и опуштање ама па и не секој ден со страв. Себеси можам и со 16 дози да се заштитам, не е проблем, блиските пак не ќе можам ако не се ниту со една.
И вакцинираните и невакцинираните можат да се заразат и да го пренесат вирусот. Не знам зошто ви е толку тешко да сфатите дека вакцината треба да е сопствен избор. Вакцините требаше да спречат првенствено зараза и не го направија тоа. Не може да се обвинуваат сега невакцинираните.
Буквално. Плус имаме забрана да идеме на места и да правиме кластери. Не одам у кафана, не идам во мол, не идам на кафе. Од каде сѐ дека невакцинираните се болни кога по клубови и сите горенаведени места идат само вакцинирани. Некој има објаснување за ова?
Јас.Влагаат невакцинирани со фејк сертификати.Ја уште кога ја донесоа меркава реков дека нема да има поента..У Каса бар (прв ми текна) да има 200 души седнато, се кладам дека бар 100 се невакцинирани и се со фејк сертификат.И ете како се шири.И по диската исто, поготово како шо се отвараат сеа затворените како Епицентар, Минус 1, Станица еве.. У Станица дента на отварањето едно 1000 души надвор чекале..па вие видете.Внатре било крцана исто.Ја колку знам што одат на кафе/журка со фејк сертификат.Најмалце 10 души знам. И по молови исто