Тогаш нека не носат некои безвезе мерки ако немаат капацитет да ги спроведат а нас психата да ни ја е*ат. Неспособњаци.
Факт е дека нигде не бараат сертификати, а и таму каде што бараат (молови), не ги проверуваат, така што, basically никој не е ограничен воопшто.
Од пред неколку дена достапна е и апликацијата MK Wallet, каде што преку скенирање на QR кодот од вашиот EU DCC сертификат за вакцинација (кој е достапен за симнување од веб страната, исто како и македонскиот и CommonPass сертификатот), и внесување на TAN кодот впишан на истиот тој сертификат, сертификатот за вакцинација од ЕУ ќе ви биде достапен и електронски на апликацијата MkWallet. EU DCC е сертификат во коишто постои и потврда за прележување на вирусот и негативен тест, покрај вакцинацијата. Повеќе за MK Wallet: https://vakcinacija.mk/mk/landing
Ја знаев дека нема да упали..Ама ја ли да се бунам.Безвезе им е меркава пошто не се почитува, џабе ја што сум вакцинирана кога после мене во Сити Мол ќе влезат уште 10 невакцинирани.И после се шири вирусот.. А веќе негде не ни бараат сертификати по кафичиве..Да не ги именувам сеа.Мада ја ќе почнам да ги пријавувам.Нека ги чеша џебот
Во мојот пост го кажав истото шо и ти во првата реченица, меѓутоа никој не рече/гарантираше дека вакцините ќе спречуваат инфекција, впрочем од самиот почеток кажаа дека вакцината ќе го намали ризикот од тешка клиничка слика и смрт асоцирана со КОВИД-19. Според мене, дел од оние шо се вакцинираа свесно веруваат дека вакцината е 100% заштита и не се придржуваат кон мерките на претпазливост, со тоа и те како се потенцијални преносители. Во однос на невакцинираните, организмот немајќи веќе оформен специфичен имун одговор кон вирусот(антитела, клеточен имунитет) подолго и помалку ефективно се справува со инфекцијата. На механизмите им треба време да се прилагодат и специјализираат за справување со инфекцијата и тоа остава простор да вирионите се прилагодат(мутираат) кон имунолошките механизми(и да ги избегнат) кои се уште не се доволно способни да го уништат вирусот. Слична е ситуацијата со антибиотиците. Многу луѓе ги земаат на своја рака, ги прекинуваат кога ќе им текне(т.е. кога ќе забележат и најмало подобрување), а со тоа се намалува концентрацијата на антибиотик потребна за уништување на бактеријата, притоа бактеријата развива механизми на резистенција кон антибиотикот(не одеднаш, но со текот на повторувано вакво изложување) поради таквото изложување кон субоптимални концентрации. Затоа антибиотикот се зема по точно определена шема без отстапки, доколку се почне една “доза”, мора да се заврши.
Оти да ги пријавуваш? Не те ставаат тебе во опасност како вакцинирана, самите си се изложуваат на ризик.
Не знам кој што зборел во март, јас знам дека овде дискутиравме дали ќе значи стоп за трансмисија. Никој не очекуваше паѓање имунитет за 3 месеци, ниту очекуваше дека ќе има толку ,,брејктру,, инфекции како што ги викаат. Германија, ко што тргнала може да ги има истите бројки на починати како лани, сега со 70% вакцинација, наспроти лани со 0 вакцинација. Ај баш да праиме муабет по 3 недели, да видиме што е што.
Ја од август на кафе немам седнато најискрено и не ми смета, нема едно не одење на кафе или во мол да ме премисли. Мене ми е страв да не влезе инспекција, па после казна да си плаќам, за едно кафе да ризикувам на крај памет не ми е. Исто важи и за тие други што ми се блиски и што не сме вакцинирани, цело време само на отворено се гледаме, веќе со месеци и не дека нешто ни се смени во животот. И јас знам луѓе што одат со лажни сертификати секаде ама и самите се свесни дека е ризик и се спремни да платат ако ги фатиле сами така си кажуваат. Ако некој има пари да си плаќа казна нека, има и такви што навистина поштуваме мерките и никаде не сме отишле. И не е фер ни према нас што немаме сертификат и тоа што почитуваме навистина и ете никаде не одиме. Почитував и кога маски се носеа на улица зашто на другарка ја казнија и си плати зашто беше без маска на улица, а сите сме со ист став дека тоа беше скроз бескорисна мерка. За некое време и за ова ќе излезе така ама нека.
Тоа го мислев во однос на стручњаци и оние шо ја истражуваа/формулираа. Јас барем не се сеќавам некој да гарантираше стоп за трансмисија. Во однос на оваа проблематика и за потребата од booster дози размислувањата беа доста воздржани.
Не. Бев позитивна претходниот месец иако се вакцинирав во јули, не планирам веќе други дози да примам.
Фала Богу јас сум совесна па не фалсификувам сертификати како тебе за да одам било каде. Не те ни прашав дал ќе се вакцинираш, ти кажав дека е твој проблем. А ти ми кажуваш дека е проблем на целиот свет? Која си ти да кажуваш што е проблем за целиот свет. Биди си антиваксер ја неам проблем со тоа, баш ми е гајле сама си прајш ризик. Не се вакцинирај, бунтовај се не ми менува мене ништо. Прашањето ми беше сосема друго, ама Ким од форум ќе не учи за антиваксерство дека она не се вакцинирала штетно е за нејзе. Трагедија.
Ме ставаат во ризик, како не ме ставаат?Мене вакцината не ме штити 100%. https://www.who.int/news-room/feature-stories/detail/vaccine-efficacy-effectiveness-and-protection @Kimberly11 неќам да звучам идиотски, ама до негде сами се криви.Викаш у шок се како вакцината не ги заштитила?А сто, не сто, милијарда пати кажаа дека вакцината НЕ штити 100% и дека поентата е да се намалат симптомите, да се добие полесна клиничка слика, АМА, планетава има 7 милијарди луѓе, тоа се 7 милијарди различни организми, и не секој ќе ја поднесе на ист начин.Еве ја као вакцинирана со две дози може ништо нема да ми е, некој друг може ќе има температура, трет може ќе заврши у болница.Не се суште прилагодени да влијаат на сите организми исто, а не ни може.Така беше и со вакцинине за морбили, стварале аутизам, ја сите што ги знам што сме примиле вакцина за морбили сме здрави и прави да чукнам во дрво.Шо не ја праи вакцината опасна, туку има разлика од човек до човек.Мене болест класича (пред пандемијава) ме држеше максимум по 2-3 дена, а мои другарки доаѓале до инфузии и болници.Не моеш да споредуваш
Пошто можеби полесно ќе поминам него без вакцина?Вакцината е направена за да ако веќе се зарзиме да имаме полесни клинички слики, и да нема крахови во здравството ко лани.Памтите до март годинава дека не можевме на доктор да идеме?Ортопедија, хематологија, хирургија дрндрн, не дај Боже да ни` затребаше нешто, се` беше ковид центар ама се` буквално.Епа ние не можеме таков крах да претрпиме.Во земјава сем 1,800,000, пола од нас живееме во Скопје, другите итни случаеви исто ги носат овде.Во Скопје подобро снабени болници ни` се 8ми Септември, Букурешт, Градска и Инфективна, ај иди бутни ја цела Македонија, можеш?Не можеш. Не можеме да си дозволиме пак таков крах.Ја тој период имав такви проблеми со едната нога што не можев да одам буквално, а не можев да идам ни на доктор, ни на магнетна јер све беше Ковид центар, епа пак да ми се деси истото не планирам.
Ти со годините што ги имаш секако полесно ќе поминеш. Освен ако не одиш во болница, таму веќе шансите да преживееш ти се така, слаби. Абе 61%болничка смртност, ало
Тие што уште не ставивме ниту една, не знам во кој антиваксерски круг на пеколот ќе одиме. Може Клаус Шваб, овааај, Луцифер спремил некој посебен коктел за нас.
Јас ќе видам, во септември примив втора доза имам време. А искрено не сум 100% сигурна во новиве вакцини,затоа се вакцинирсав со кинеска