Не сум за трета доза. Ама мислам дека на некој начин ова ќе прерасне во нешто поголемо и дека сите што се вакцинира(в)ме ќе треба да тераме со дозите. Мене ми е шубе и почнувам да се осеќам ко експериментален глушец. Сум за вакцини, но со некој осет за крај. @ElenaOfRivendell најверојатно да, од што се мора.
Па и сме експериментални глуфци, сакале да прифатиме или не. Јас безволно се боцнав со Фајзер мислејќи дека со две дози ќе сум ''заштитена'', ама не, сега трета доза требало. Па на шест месеци боцкај се, па на три.. А кој знае со шо си го труеме организмот, времето ќе покажи какви нус ефекти ќе имаме ние помладите. Јас поќе не се боцкам. Не вакцинален пасош истекувал или требало за патување во странство, ич поќе. Ако треба пари за тестирање ќе се убијам од фрлање, ич не ми е гајле.
@christinnn види, до некаде можам да кажам дека заштитуваат. Јас бев во контакт со лице кое најверојатно префати од друго лице, правев тестови, излегов негативна. Проверив антитела, прилично високи, 148. Двете лица имаа ковид, јас не. Они не беа вакцинирани, за разлика од мене. Само некој нека го каже крајот на вакцините, ќе бидам благодарна. Пошто ова веќе не се трпи. И факт е дека не сите можат да примат вакцина. Што со нив..?
Јас не знам што ве боди, здрави, на 20, 30, 40 години да размислувате за трета доза. Во Америка па и другаде е војна за сите да ги невакцинираат со 2 дози, сите помалку или повеќе 12+ години. Во Америка бустер е препорачан за итна употреба кај стари и имуно компромитирани. Да повторам, за итна употреба. По кој памет, по кои препораки, за бустери зборите од чиста мира?
Па го зборував овде ова, пред некоја недела, кога бев во мк, конкретно за во мојот град, никаде не ми бараа сертификат, само на мк граница за влез и излез бараат. Толку. Во мојот град никаде. Башка и никаде не се носеше маски, освен на лекар и во аптека. Толку. За во други градови не знам како е.
Јас трета не примам. Доста е, сметам дека си исполнив должноста, се заштитив колку можам, прележав оддама. Нека се боцкаат оние кои ниту се прележани ниту вакцинирани. Дете исто не вакцинирам. Нема зошто. За експеримент, секако сме. И вирусот и вакцините, не знаме што и како ќе се одрази. А нема и да знаеме. И не би повеќе да се оптеретувам со тоа.
Па и кај нас прво викаа не за бустер, па за стари и болежливи, и сега оп, од декември стигнале до возраст од 40 до 60. Значи за месец дена 3 изјави сменија. Од не треба сега за сега не се размислува до да треба и мора. Знам дека ништо не е во ред ама ништо амааа…
Татко ми прими , мајка ми за некој месец ќе прими. За мене некако не, бар мајка вика да помине време да видиме што студии ќе искочат па тогаш. Лекар е по професија…
Мајка ми и свекрва ми примија трета доза. Ќе примаме и трета. Во декември ни минат 6 месеци од втората.
Clinic in Germany stops booster stitches https://www.krone.at/2545128?fbclid=IwAR3z3WKuafPiELxsXzcEJyZ0E1Gpo4XwziEgBiREYoff5iMuCPviGumxN2s
Не сте интересни веќе со тоа "антиваксерство". Барем да смислевте некоја друга одбрана. Тоа е таа логика цело време. Ако не си за вакцината против Корона тогаш си против сите можни вакцини кои постојат т.е автоматски си антиваксер.
Тука е уште, никаде не бега Ова го кажува уште од почетокот, не само од Септември кога е интервјуто. На секој можен прес или интервју е тоа истото, дека мора да се приспособиме на живот со ковид, зашто долго ќе трае. Сега за сега е ок, нема драстични растења на бројки, малку се упрпаа оваа недела и најавија враќање на некои рестрикции, се најавува и ставање во употреба на ковид пасошите. И третата доза тие што се над 65 и ризичните групи ќе ја примат на 5 месеци, не 6 како што беше првиот план. За останатите ништо не се знае, догодина ќе почне вакцинација со трета доза Обично брановите каснат овде пошто сме ретро, ај да видиме сега
Мислам дека е обратно Само да буцкаш и испревртуваш. Ти кажав баш ме заболе дали ти ќе имаш вакцина или не,твое тело,твој ризик,твој проблем. Мене ништо не ми менува. Поединци мислат како да запре пандемијава,а поединци како тебе мислат како да земат лажни сертификати и дека вакцината е измишљотина. И тоа е во ред,секој има право да мисли што сака. Нареден пат кога некое прашање не е за тебе,не го одговарај.
Многу е глупо да си измислуваш и да погаѓаш кој што мисли. Ај да не ти го расипувам сега филмот у право си ти секад
Јас дури почнав да ги жалам овие сите што истрчаа и се вакцинираа, мислејќи дека се заштитени сами станаа глувци за експериментирање, баш да видам до каде ќе оди ова, крај нема и до 10 доза ќе терате.