Не сакам повеќе да разговарам со луѓе кои мислат дека се нешто над другите и една дебата не може да ја тераат во нормален правец без да се испревртат мислења во нечија корист. Имајте убав ден
Во Скопје кога бев во Сити Мол ми побараа, во кафиќ ми побараа, во маалските кафиќи само прашаа не го ни погледнаа. Во Србија на пасошка ми побараа излез, на Бугарска пасошка излез ми побараа. И нашите бараат. Сега не знам.
Не не жали, мораше некој разумен да биде и да превземе ризик. Нема фајде од вас шо типкате само и држите катедра и споделувате линкови. Еве имаш и поздрав од мајка што ја земаа да лечи ковид болни,( како и други колеги кои не се по професија инфектолози) која патем од 2019 години до денес има земено 1 месец само. Лесно е да пишува, оди тамо кај шо се лечи да видиш какво им е вистинското искуство и вистинската ефикасмност на вакцините од секој произведител. Колку од пациентите завршиле со пост ковид компликаци и корелацијата на текот на лечењето, со бар 1 примена доза.
А не сме секако сите жртви на експеримент со вирусов? Знаеш колку луѓе имаат долготрајни последици.Мене не ми личи на случајност.Не се преценувај, сите сме во лоша ситуација.
Да беа две дози разбирам. Ама трета? Не ве става малку во мисла? Јас сите други вакцини ги имам и сите по 2 дози сум примала
Треба орден за заслуга да им се даде за жртвување за спас на човештвото... освен на тие што се "жртвуваа" само за пасулче да добијат (не се мал процент, можда и најголем процент се) ... демак за другите го направиле тоа а сега другите не сакаат да го сторат истото за нив, какви себичњаци значи вистински жртви се само тие што се вакцинираа под уцена/страв дека ќе ја загубат работата и дека нема да можат на децата леб да им купат.
Па еве јас лично сега за сега не би примила трета доза, едноставно сметам дека не е потребно, особено што сум вакцинирана со кинеската па сега фајзер да ставам. Инаку трета доза може по потреба да се прими и за други вакцини колку што знам.Ама искрено ме става во мисла форсирањето на најновиве вакцини по секоја цена, тоа да.
Мајка ми е со синофарм 2ра доза прими почеток на јуни и сеа пред 10 дена прими фајзер, планирам и јас ама чекам да помине уште малце време
А да гледав сега Вене светињата вика да се боцкате и со оваа за грип и за корона- одличен микс и само напред, може и некоја нова сега ќе се донесе за отворање на третото око па пак потепајте се. И не знам како ја споредуваш оваа вакцина за грип што се прима сезонски и башка е повеќе од 50г присутна, со вакцина што вчера ја измислија, плус фактот што за ковид вакцините се врши присилно вакцинирање и луѓето се принудуваат да се боцкаат, додека за оваа е исклучиво кој сака од повозрасните лица. Далеку од тоа дека се преценувам нешто, свесна сум уште од самиот почеток на пандемијата дека позади ова стој нешто друго и не е туку така, се е плански направено и вирусот и вакцините и се буквално е со задна намера спроведено, ама жалното ми е тоа што некој слепо верува на тоа што му се сервира на тацна. И да сега ќе испоскокаат тука дека има милион теории на завери на нет, ама на страна тоа секој се може да напише на нет и не се водам според тоа, самата човечка свест и психа треба да ти зборува и размислува, да расудува, сам да си ставиш на вага некој работи.
Од некои вакцини се примаше и трета доза.За дтпр мислам беше Ниедна вакцина на светов НИЕДНА не е доволна една доза.Отвори си вакцинален картон види колку пати си примала ревакцина од одредена.Така и со коронава.
Ти ги кривиш и шириш омраза,не знаеш да испочитуваш едно мислење. Никако не ти одговара и продолжуваш бесмислено да тропаш. Не знам што ми се закачи,ама дај откачи ми се.
Не се објаснувај,на темава не вреди да пишуваш,од едно прашање драма направија. Се додека се збори “вие сте експериментални глувци,ве уценуваа”, и се користат секакви изрази наместо подршка и почит и взаемно почитување е само доказ дека во душата на невакцинираните тлее омраза. Нив ги навредува да ги нарекуваат антиваксери и не можат да се помират со тоа,им извира себичлукот. Полесно им е да читаат 24/7 на нет студија од некои квази доктори што никад не ги чуле претходно,а сега ги величаат. Тоа е равно на истата секта што го предвидуваше крајот на светот па луѓето масовно си ги продадоа домовите и плакаа на сектата. Еве сме живи и здрави уште чекориме,Земјата уште се врти. Не ми реплицирајте, нема ни да ве прочитам. Човек ништо да не праша на темава.
Дечки, фактите се тие. Нема да се заврши на трета и четврта вакцинална доза. Ефикасноста од вакцините е таква што и вакцинирани со трета доза заболуваат, и деца со 22 години умираат од мозочни удари и медиократен инфаркт осум до дванаесет недели после вакцинирањето. Дали е безбедна вакцината? Апсолутно не. Главното научно и медицинско правило гласи дека вакцина не смее да се пушти во употреба пред да ги заврши сите експериментални лабораториски процеси. 1. Процес на теориско создавање/дизајн 2. Процес на практично создавање 2. Клиничко тестирање во времетраење од 3-10 години. Секое медицинско лице, биохемичар, ќе ви го потврди последново. Така што реалноста е таа. Имате сведоштва и докази на проектор од медицински лица и сведоштва од директори на гробни претпријатија, кои укажуваат дека голем број починати млади луѓе пред триесеттата година се од самата вакцина. На кој му требаат доказите нека ме контактира во ПП ќе ги добие. Од мене толку.
И вакцината за грип еднаш била нова. Кога ќе стигни короната на ниво на грип по смртност, тогаш ќе биди по желба и оваа вакцина. Ама то тешко е да се сфати. Оти во основно се учи!
Апсолутно НЕБЕЗБЕДНА ќе беше да умревме сите после вакцинирање.Така што Е безбедна.Да, за да кажеме дека некоја вакцина е 100% безбедна треба да поминат повеќе години. АЛИ, немавме веќе време, сите баравте лек или вакцина, ви најдоа вакцина, не чини, сеа лек пуштија Фајзер ни тоа нема да чини.Епа сега.. Никој не ви вика дека нуди 100% заштита не знам зашто сте буквалисти.
Астронаутите од вчера што влегоа во Собрание немате гз да ги пријавите? Ама овие со фејк сертификат да. Океј... Првите се поголема опасност бај да уеј.