Првиот пасус од медицинска гледна точка не е точен. Низ вакциналната историја (од шпански грип), откако првите стотина дози се покажаа како неефикасни, а некои од луѓето попатно пројавија нус појави како посинување на телото, веднаш беа тргнати од употреба. Правилото е практично, и од прилика гласи дека ако на 1000 луѓе, 100 пројават симптоми или фатални последици, вакцината се фрла истиот момент. А, статистиките покажуваат дека имаме многу повеќе од 100, но тие информации ако малку пребарате ќе сфатите дека експресно брзо се тргаат од интернет. Tаа реченица "немавме време" апсолутно не даде за право да бидеме експериментални проекти, а уште помалку присилени за боцкање по цена да загубиме работни места, а можеби и имот за некоја година.
Не знам зошто мислите дека на некој што се вакцинирал му е битно што мислат другите за него? Еве јас и ќерка ми кој а е малолетна сме вакцинирани, ама и да не бев, одлуката сигурно немаше да ја донесам заради мислењето на некој си што не го ни знам. Маж ми и син ми не се. И таа одлука да не се вакцинираат беше донесена заради многу побитни ствари, а не заради другите. И никој не истрчува кога се работи за своето здравје, зашто секој си го пази.
Јас не знам дали воопшто се читате што пишувате и која паника ја ширете. Во март вакцинирани со Фајзер, еве ги сите се живи. А Македонија мала е сепак. Не се вакцинирајте ама вакви паники се непотребни. Навистина. Некои се вакцинираат за да се заштитат.
Кои сите се преживеани, и кои беспотребни паники? Џулс, не се губи, те молам. Конзилиум од медицински експерти кои беа банирани пред една недела лажат?
Каде беа банирани? За Мк ли зборуваш? Јас не сретнав лекар кој кажа не за вакцините. Кои се тие? Еве јас да очекувам да ме стрефи тогаш. Оти според вашите постови, така е.
Конзилиум доктори од САД. Имаа јавна конференција, споделија статистики на починати и ризици од вакцината. Остана само делче, едно излагање од доктор, сакав да го ставам во моментов, но и тоа го избришале. Штом повторно воочам нешто такво, веднаш тагнувам, чесен збор.
Ќе носат ли од кинеските вакцини? Има некое инфо? Имам дома дотични лица кои не признаваат фајзери Веќе не знам што да мислам. На почеток бев поборник за масовна вакцинација, се вакцинирав ама работите не одат во очекуван правец. Еве поминаа две години и ситуацијата не е воопшто на завидно ниво. Кој е излезот од ова зло, еве не знам, само знам дека ми е смачено. Мислам дека од лани сме минорно поместени на подобро, ништо посебно. Само не се труби толку за короната по медиуми. Не се знае ни кој јаде ни кој пие. Деца по школите скоро и да нема, сите нешто “настинати“ а протоколите поочајни не можат да бидат.
Зашто така збориш? Нема разлика вакциниран и невакциниран во смртност? И дали твоето дете ги прими сите вакцини по календар?
Не се труби во мк јер нема капетан моментално, да го стабилизираат, во полн ек ќе се врати кампањата.
Нема ништо скандалозно во текстов. Сакале многу персонал да вакцинираат пред викенд, ама се предомислиле. Баш за викендот да не се пријават со спореден ефект и дома да одмараат наместо да работат(што е очекувано и често). Па нов план ќе направеле, не сите наеднаш, порамномерно ќе ги распределат за вакцинирање, дел по дел.
Нема никаква разлика, како што може да умре и невакциниран, така може и вакциниран да се зарази и да умре, така да не гледам јас поента во ова. Шансата за смрт секако не е исклучена и во двата случаи. И да ги прими сите вакцини до сега моето дете, исто и јас сите ги имам примено до сега. Антиваксер сум?
А не знам што е за тебе лично различна оваа вакцина од календарот за деца? Ако светска здравствена мене ми кажува да се вакцинирам, која сум да зборам дека тие што се вакцинираат се глувчиња? Разбираш некому ова колку лошо може да му звучи? Па рота ти прими малото? Таа од скоро е значи и децата ни се експериментални глувчиња? И од стрептокока ќе заболат децата ама нема да им развие потешкотии. Затоа ги вакцинираме. Негде во '65 беше откриен хепатит б вирусот за накај доцни 80ти да се добие вакцина. И демек подобра била тогаш науката од сега? Пошто им требало преку 20г? И замисли уште има луѓе што оболуваат не е искоренет овој вирус. Како ни морбилите. Значи се надеваме ова дека ќе стави крај како и секоја вакцина што ставала крај на многу епидемии. Скоро имавме 2019 пандемија и замисли вакцинација ја смири. Нејсе, глупо е такви заклучоци да трескаме за нешто што не знаеме и нешто што е далеку од нашите знаења. Има многу паметни луѓе таму кои ги прават вакцините и календарите за имунизација. Нели е жално дека умираат 16 годишни, а ние се уште во 21век не веруваме во вакцини. Битно се нашлака пола држава таблети за коњи. Замисли ги тие родители на 16 годишната и кажи им дека добро направиле што не ја вакцинирале ќерка им. На крај, сакам да кажам пред да се расфрлаш со такви коментари отвори податоци, отвори научни истражувања еве и да не отвориш пушти bloomberg тие ти се најсоодветните вести или ббс. Слушни го Петличовски или Пановски. Ако никој од овие работи не ти го сменат бар малку мислењето, тогаш жал ми е. Тоа е.
Понекогаш посакувам да сум се родел во 20 век кога немало интернет и немало онлајн епидемиолози и експерти по сештологија. Прво има разлика од вакциниран и невакциниран во однос на тоа што кај невакцинираниот шансата да развие тешка клиничка слика пропратена со провоспалителни цитокини кои се излачуваат во енормни концентрации (т.н цитокинска бура) е поголема од тој што е вакциниран и има развиено неутрализирачки IgG антитела против SARS-Cov-2 вирусот. Работата е што и кај вакцинираниот постои ризик од развој на тешка клиничка слика и смрт но во многу помали проценти. Има многу фактори за набројување тука ама еве ќе одвојам некои: генетска предиспозиција т.е одредени индивидуи развиваат тешка клиничка слика поради сосздавање на автоимуни антитела кон интерферонот гама кои се предиспонирани за развој на тешка клиничка слика и смрт (повеќе инфо тука: https://www.science.org/doi/10.1126/science.abd4585), видот на сојот т.е мутацијата на вирусот, типот на вакцината, коморбидитети, обезноста (дебелината) каде со научни докази е потврдено дека количината на масно ткиво во организмот е правопропорционална со T-bet генот кој е одговорен за продукција на провоспалителни цитокини од страна на Т-хелперните 1 лимфоцити. Ова се само неколку од факторите зошто и вакцинирани можат да починат од вирусот, сепак таа не е магичен препарат кој превенира 100% смрт но ја намалува драстично така што вакцина во комбинација со здрав начин на живот и егзогени фактори ќе превенира смрт со околу 90+% Во медицината 2+2 не се секогаш 4 и секогаш ќе има исклучоци на кои за жал не е можно да го достигнеме она 100% што сите го посакуваат бидејќи човечкиот организам е толку хетероген и разнолик што ќе ни требаат минимум 500 години да напреднеме на тоа поле. За негативните ефекти од вакцината е апсурдно веќе да се коментира пошто е кажано минимум 1000 пати уназад.
Листата е долга. Ако во првите 3 недели не јавиш нема веќе што да очекуваш, така да број 20 дена па свиркај после.
Машала, како заклучи дека невакцинираните се себични, секташи, мразат се живо и диво, м? Да не претера малку? Дали помисли дека некој НЕ СМЕЕ да се вакцинира, дури и да сака? Се што лета не се јаде, порасни! И научи мозокот да ти биде побрз од јазикот, не обратно.
Па добро, еве можеше да ме тагнеш, дека се изразив со поимот експериментален глушец. Нѐ прашуваш ние што се вакцинираме дека мораме и сме обврзани со нешто сосем трето или така лупна? Башка што секаде од земјите ќе притиснат уште повеќе, не ќе да е на избор после сакаш/не сакаш.
Сѐ тоа што го пишуваш е издржано и би рекла сите да си прочитаат, да си повторат зашто неинформираноста секогаш е зло. Ама друго е проблемот, не здравјето.Уцени, присилувања, цензури, признавање само на одредени вакцини, gaslighting на пациенти со невообичаени нус појави од вакцини, грешки(како тоа што испадна пред некој ден со клиничките студии на фајзер). Едноставно кога се работи за вакви глобни проблеми, не може да се игнорираат факторите пари и моќ. И знаеш што друго, не може да се обвинуваат луѓето затоа што се лути за смртните случаи и покрај вакцинација.На секој што има познавање од медицина му е јасно дека тоа не е возможно и дека 100% заштита од смрт не постои. Ама останатите кои тоа не го знаат веруваа на зборовите на сите оние кои јавно на телевизија тврдеа дека со вакцина никој нема да умре.Тоа не е грешка на народот, туку на оние кои даваа лажни ветувања.Затоа е разбирлива и лутината и разочараноста.