Да бе, не е ни новокомпониран. Најчуден израз е запорка = лозинка. И сите сте заборавиле дека термин пелцување постоеше, што е ова ваксајн па ваксајн
Се гледа не сте учеле српско хрватски па ви е чудно. Иначе да, cijepljenje, Cijepiva, vakcine, pelcovanje = vakcinisanje
Кукличка има некои инсајдерски инфо кога ќе стигнат Кинеските? И дали веќе добива(те)ат термини за вакцинација од овие што стигнаа?
Ете ти проблем од вакцините на Фајзер- дополнителна работа и потрошувачка затоа што вакцините не доаѓаат со шприцеви Затоа само Кинески за нас, практикал енд ефектив, да бест
Лапни-голтни Проблем се шприцевите, не знам колку дози ќе вадат од едно шишенце кај вас. Некои сигурно вадат 6, некои покреативни може и 7.
Не ги бројат во шишенца , туку во дози, ние добивме 4680 дози односно за 2340 луѓе Ова значи дека имаме добиено нешто помеѓу 780 и 936 шишенца Не сме толку креативни за по 7 дози од шишенце
936 мислам прочитав вчера. По колку излегува есапот? Те го, ако Биља лаже, Францпрес не лаже https://www.france24.com/en/live-ne...x-doses-controversy-over-pfizer-vaccine-vials
тАчно. Затоа и ме закажаа одма, пошто прво здравство ќе боцкаат. Ако ние преживееме, немате гајле после
Добиваат термини сега само вработените кои не прележаа и кои немаат антитела во ппследните 6 месеци. На инфективна тоа се само 1/4 од сите вработени.
Светската здравствена организација (СЗО) денеска ја одобри вакцината на „Астразенека“ и Универзитетот Оксфорд за итна употреба. Во соопштението на СЗО се вели дека вакцината произведена од Астразенека во соработка со СКБио (од Јужна Кореја) и Институтот за серуми од Индија е одобрена, јави „Ројтерс“. „Сега ги имаме на располагање сите делови за брза дистрибуција на вакцините. Но, сепак треба да го зголемиме производството“, рече Тедрос Гебрејесус, генерален директор на СЗО. Вакцината беше одобрена неколку дена откако панелот на СЗО обезбеди привремени препораки, велејќи дека на возрасните мора да им се дадат две дози во интервал од околу осум до 12 недели, во земји и со јужноафриканската варијанта на вирусот. Одобрувањето на вакцината на „Астразенека“ и Оксфорд е добредојдено затоа што е поевтина и полесно се дистрибуира од некои други вакцини, вклучувајќи ја и онаа на „Фајзер“ / „Бионтек“. ©Makfax.com.mk