Фајзер е mRNA а Астра Зенека e adenovirus . Инаку двете вакцини се одобрени од ЕМА ако патуваш во ЕУ.
Според медицинарите сите вакцини се безбедни така да која сакаш таа. Јас искрено би одел на вакцини на класичен начин, пример кинеските или пак adenovirus технологија како Астра Зенека ама тоа да биде Спутник. Ама овие вакцини делумно се признаени во некои земји на ЕУ додека ЕМА ги нема признаетп и немонеш да патуваш секаде, додека во САД може со кинеските т.е вакцини одобрени од СЗО за итна употреба. Во прилог ти испраќам линк за Фајзер и Астра Зенека. https://www.healthline.com/health/astrazeneca-vs-pfizer-vaccine
Нема подобро. АЗ ја критикуваа и негде ја суспендираа ради нус појава на тромбо- корелирани проблеми, во компаративна анализа фајзер ги има истите 10 пати повеќе. Ризикот од истите ефекти од ковид се уште пута 10 да речеме. Сега да мора и да може да бирам би избрала АЗ.
Нашиот проблем како општество се оние кои не ја прифаќаат вакцинацијата." Петличовски за рестриктивни мерки за невакцинирани. Штом почнаа австриците кај и да е ќе воведат и кај нас локдаун на невакцинирани. https://telma.com.mk/2021/11/14/петличковски-нема-дилема-дека-вакцин/
Тука мислам прават САД како ќе им свирне. Нели требаше дополнителни мерки да има? Што се случи? Прекинав да пратам веќе.
Ништо никакви мерки не воведоа. Освен сега дека за во објект ти требаат 2 дози на вакцина. Последно Петличовски даде предлог невакцинираните да плаќаат здравствено лекување при заболување со корона, а тоа некако одамна се провлекува не би ме чудело да го усвојат.
https://www.bitchute.com/video/IQoU...tsrphxNWooyN5S2wN5DxmxvmIZLThBZt4Sf-lJkjn3_9s Вакцините 'штитат'! Многу поучно видео за долготрајните последици
Кај нас и онака не дај боже да завршиш во болница од корона, шансите ти се 10 кратно намалени поради никакви услови, уште да укинат здравствено на невакцинирани и да почине некој затоа што не може да си плати на приватно, а во државава мнозинството не можат. Е дури тогаш како народот и го собира на власта за сите грешки, неправди и изгубени човечки животи има да гори и влада и собрание. Паметен човек не сака овакво безредие. Е сега, ретко кој паметен кај нас е на функција... Оно овака за 1.5 година во државава коронава однесе жртви колку жители на едно Свети Николе. Ако го воведат ова, ќе имаме масовна смртност. Дно ќе пробиеме по сите статистики.
Прашање имам за ваше мислење или слично искуство... Утре имам закажано термин за втора доза вакцина, меѓутоа сум била во контакт со заразен од ковид пред 4-5 дена. Направив ПЦР тест вчера и негативен е. Дали треба да седам во изолација без да ги известам, дали упорно да вртам во поликлиниката за да презакажам... Се јавувам секаде за да ја добијам оваа информација и нема никој, ни матичната дури не можам да ја добијам а не сакам да одам никаде за недај боже да не ставам некој во ризик.