Каква држава е ова каде што сите ќе не тераат да се вакцинираме, вработените? https://a1on.mk/macedonia/zadolzhit...-zdravstvenite-rabotnici-predlaga-komisijata/
Државен, а каква врска има со приватен, таму не иде корона та? Стварно без врска, да се тера народ на нешто
Во приватен не работи народ работи стока, како и за се во нашава земја мора да се административците нумеро уно да се заштитени а приватниве кој ги вози може и без тест и со коронка да пукаат, ако веке сакаш да го вртиме муабетов може и така да се гледа.
Во Италија за да работиш мораш да си вакциниран. Прашање на време е кога ќе ги укинат тестирањата за вработените што не се вакцинирани, на тоа работат. Практично нема грин пас со тестирања само прележаност и вакцина.
Што во случај ако одбиеш вакцина?Има ли опција за работа од дома доколку ти дозволува работното место или ?
Значи, нема обичниот човек што сака што не сака, тоа ми беше прашањето, имаше едно време дека секој има право на избор, изгледа се укинало.
Како заштита кога и со 2 дози фаќаат корона? И знам вакцинирани со 2 дози кои имале сериозен проблем со корона, логика? Слабо
Апсолутно се согласувам. Кога бев на инфективна и чекавме редици за крвна слика голем дел од заболените беа вакцинирани со многу потешки симптоми од моиве. Кога го кажувам тоа лугево не веруваат. Кога ке кажам според мене колкав процент беше тоа ми велат ги броеше ли Во секој случај секој треба секој да има право на избор дали ке верува со својот имун систем или дали ке верува во вакцината. Незнам што би се постигнало на овој начин. Плус роднина моја блиска е во 8ми Септември медицинско лице и ги кажува рекаците од вакцината од прва рака она лично нема да се вакцинира по цена да ја изгуби работата ама зошто сите информации не се достапни до нас?? Кај мене и мајка ми и сестра ми беа со реакции од вакцината и тоа е во ред нивен беше изборот.
Да штитат вакцините никогаш не би ги кажале во јавност, цел живот не трујат со отрови, не знам што се чудите, не иде во прилог денешнава медицина да лечи, што повеќе излечен народ помалце работа, помалце работа помалце профит и така, да не буде пиши пропало, машала пред некое време што бизнис биднал од вакциниве, за маскиве е сувишен секој збор
Сличен случај со ќерка ми летово. Меѓу двете дози се настина, со темп. и затнат нос. Имаше и контакт со позитивни, исто. Сите тестови и беа негативни и од аптека и ПЦР. Најверојатно не беше ковид. За ревакцината не беше уште баш дооздравена и на пункт лично бев да прашам, ми рекоа да дојде за 2 недели кога ќе се опорави скроз. Нема презакажување и сл., само се појави за ревакцина.
И за приватен ќе важи ова. И јас сд согладувам со оваа мерка. Бујрум тестови еднаш неделно ако не сакаш вакцина. Доста беше со глупости, чипови, чуда врагови.
Како не ме присилува кога не смее да се влезе во државен сектор без вакцина? Не сакам ниту да правам тестови, зашто да ми брцаат во нос и да ми оштетат нешто? Работам во институција која се бави со право, ама првово на избор е ускратено и тоа многу, срамота, невиден срам!