Не е поентата дали има или нема, некој да те тера на нешто е безобразие а се зборува за правото на народот.
Кое право? Имаме нови правилници, бидејќи има природна непогода. Ти ко правник, треба да знаеш дека е така.
Какви нови правилници? За искривување вистини некој правилник има? Ако може да бидат позитивни и вакцинирани и невакцинирани, а може, нека се тестираат сите. Вирусот не го занимаат ни политики ни правилници иначе.
Сериозно? Знаеш колку сила треба за да оштетиш коска? Што ви е бе вас? Исто ко да кажеш дрка со пап трест ќе ти пробуши матка..
Касни во Македонија мерката, во Европа се фижура наголемо веќе тоа, нема јавен или приватен сектор. Веќе ни во автобус ќе нема влегување без грин пас.
Се согласувам, сите треба безз разлика на кој произведител примил,but but but откако сите ќе примат две дози вакцина. Тогаш има логика твојава констатација, сега поголемиот број хоспитализирани се невакцинирани тие се теретот на здравството.
Абе исто е глупо ова со вакцината, како шо е глупо со појасот. За нас треба да се вакцинираме, за нас треба да носиме појас во возило. Не заради политичари и полицајци. Да, може да се зарази и вакциниран. Да, може да умре од корона и вакциниран. Да, може да направи сообраќајка и тој што носи појас. Да, може да умри во сообраќајка и тој што носи појас. Ама поголеми ти се шансите да преживееш со вакцина и со појас. Не ви се пријатели оние што ви блендираат на Плетваро.
А ова има врска со што уствари? Ако збориме за сузбивање пандемија, треба да се прекине пренос, за тоа треба да се тестираат сите. Замисли, колега мој, минатиот четврток ,,настинат,, беше, јер вакциниран нели, на сопствена иницијатива прави тест (во вторник дури), оп позитивен. А да не праеше тест на сопствена иницијатива? @WildMk, секој со сопствените убедувања, додека времето не покаже кој е во право.
Нема да важи има фирми со 5000 вработени од кои 3000 не се вакцинирани, нема ни да ги натераш, замена за истите нема ни да најдеш нема луге за работа така да не е така пластично. И плус меркиве се чиста глупост и контрадикција. Вакциниран со двајца позитивни дома може да доага на работа оти имал вакцина?!? Нека си плате ПЦР и слободно нека дојде на работа. Плус здраствено за што ми сопираат 4000ден ако треба да се тестирам приватно?! За авицена, биотек да станат милионери?! Друга глупост е Центрите за јавно здравје имаат ограничени количини на тестови наместо да се полни буџет ние ке ги полниме приватните лаборатории. Смешно е.
За цената на тестовите се согласувам. Требаше да бидат бесплатни како секаде. Дека се наполнаа пари се наполнаа. Тоа ме иритира и мене. И јас сум за тоа дека треба и вакцинираните да се исто со изолација и третирање. Така да тоа е. Хаос е од старт. Ама да се продаваат глупости дека чип има во вакцина, дека е генетски модификации итн.. извини ама не може.
Сум пишувала ама еве ме пак: 7 месеци после прележан ковид, маж ми уште дознава нови дијагнози. Некои се последица од вирусот некои се последица од кортикостероидите со кои го лечеа болнички од ковидот. Дијагнозите ги немаше пред ковидот ниту пак имаше индиции дека некогаш ќе ги има, редовно си оди на прегледи. Дијагнози кои се карактеристични за лица над 60 години а не за над 40. Некои од нив имаат многу лоши можни исходи, особено ако не се откријат и третираат навреме. Сега ќе прима доживотна терапија за нив. Немаше примено вакцина, за 2-3 недели да не се разболеше ќе стигнеше на ред да ја прими. Ковидот го помина лошо, со пневмонија и хоспитализација, ама за среќа не помина толку лошо како други луѓе зошто немаше потреба од кислородна поддршка. Сестра му со многу полоши дијагнози од него пред ковидот, кои вклучуваа меѓу другото и специфични проблеми со срцето, вакцинирана со две дози, се зарази од пријатели, ама го помина како настинка дома, со ниска температура и без компликации. Така да немојте да ми зборите ве молам за ризикот од вакцината или од честото зимање брис и да го споредувате со ризикот од прележување ковид. Ковидот не е паметен начин или средство да направите доволно антитела за да добиете пропусница да се шетате слободно. Вакцината е паметен и контролиран начин. Ковидот е руски рулет. Недај Боже да го научите тоа на потешкиот начин. Кога ќе настане штетата нема назад. Допрва во наредниве неколку години ќе излезат на површина сите срања што ги разбуричкал во организмот на луѓето ковидот и ќе може се направат студии и да се споредат неговите последици со последиците од примањето вакцина. Времето ќе си покаже кое зло било помало.
Напротив ниту чип има ниту глупости. И дефинитивно е создадена за да те штити јас сум убедена во тоа. И некој цел живот ке одбере 6+3 дека се 9, а некој 5+4=9 и тоа е во ред различното мислење мора да се почитува. Мора да е право на избор како тоа што некој ке верува во сопствениот имун систем некој е убеден дека вакцината е лекот. За они кои не се вакцниринани не е тешко да ја почитуваат другата страна ама голем проблем за вакцинираните е да го почитуваат изборот на невакцинирани. Јас сум во приватен сектор и еве колега мој со двајца позитивни дома доага на работа. Фабриката го дозволува тоа бил вакциниран, незнам дали и законот не сум упатена, дишам 8часа ист воздух со него не сум вакцинирана ама тоа се мерките кои владеат моментално и кои го дозволуваат тоа. Неможе цел живот да го пордедиме според корона, мерките мора да останат и доколу се почитуваат маска дистанца ке може да се заштитме, очигледно и со две вакцини има кои добро минат ама има и кои лошо проагаат и здрави без коморбидитети заминаа од овој свет и болни кои успеаа да се изборат со болеста, се е непредвидлво.