Па што е 4 дози плус прележаност во рок од нецела година. Човечко тело ли е, што ли е, мора да издржи битно да се задоволат апсурдните мерки на скапаниот и засмрден до коска корона систем.
Дали сакаш да кажеш дека сертификатот кој во МК го признаваат како валиден 45 дена од прележување, во други земји е валиден 6 месеци?
Со сертификат од прележаност, надвор од Мк е 6 месеци Нека проба да го сметне преку апликацијата и ќе и биде валиден за патување.
Читаш ли @DarkStormm , до 6 месеци може да пиеш кафе во Солун, ама не во Гевгелија . Е за на работа не знам како.
За Мк има Синофарм Тоа е таа логика во Мк Моите со сертификат за прележани, правеа тест за влез во Мк.
Не вреди ич за едно патување да се боцкаш четири пати. Штом си веќе вакцинирана со кинеска, па сега си повторно позитивна, свесна си каков шок ќе му напрајш на организмот со две дози Фајзер? Шо доктор е тој шо ти рекол да правиш така?
Абе не знам. Прашав еднаш кога истекува важноста на вакцинирањето, за кинеските конкретно, никој не одговори. Овие сега, штом се инфицирале, им се поништува ли вакцината? Кај мене воведоа термин ,,одвакциниран,,, појма немам што значи. Божемеопрости, ко во расказ на Ефраим Кишон се осеќам.
Керками и испитував антитела 18г. има сака да се вакцинира на резултатот и пишува: IgM <0.2 IgG <0.0 Знае некој што значи? Јас бев лани во ноември и таа имаше симптоми ама резултатот ме буни. И дали сега само со фајзер вакцинираат во Битола?
Нема антитела, може да се вакцинира. Во Битола и во цела Мк е само Фајзер. @Biljarkata според СЗО кинеските три месеци траат, после пожелно е бустер А во однос на сертификати, рамноправни со другите се.
ве прочитав. Многу сте не можам да ви реплицирам. Јас планирав уште пред да се заразам да ставам Џонсон бидејќи во февруари морам за Германија на обука. Во врска со работата ми е, уплатено е, се чека само датумот. Планирав Џонсон да си ставам бидејќи со една доза се патува Џонсон. Синофарм не ја признаваат Германците.. Е сеа со сертификат за прележана дали може да одам не знам.
Ммм, Џонсон зборат само 3 месеци ќе ја признавале, јер една доза, сертификатот за прележаност во странство ти е признат подолго.
Еве јас прележана сум, плус после и се вакцинирав со синовак и после 3-4 месеци од втора доза имам вредност на антитела 60(реф. вредност >1)....не знам дали како резултат на "природен бустер" ако сум била во контакт со некого, ама не е ни битно, сега според сзо треба да примам пак трета доза?Веројатно во друга земја би била означена и како невакцинирана. Еве затоа не ми е логично примањето вакцина на слепо само за формалноста наречена ковид пасош што помалку има врска со имунизација а повеќе со политика.
Според сзо треба да се вакцинира остатокот од светот а не да се бустираат сите. А шо ти е гајле за сзо уствари, не ќе патуваш во сзо. Во Швајцарија и антитела признаваат.
Па јас се рачунам невакцинирана. Се вакцинирав со тоа што имаше (синофарм) сертификат за вакцина не ми беше битен многу, секако не шетам. Ама сеа кога се заразивме кога се јавувавме по доктори, прво прашуваа дали сме вакцинирани, кога велевме да со синофарм, ни велеа аа аха, епа слаба е таа исто како да не сте. Татко ми исто со синофарм, во Германија му рекле невакциниран си, сам ќе си плаќаш ако се разболиш и човекот отиде да се вакцинира таму, му рекле да бира меѓу Фајзер,Модерна и Џонсон. Му рекле дека препорачуваат или две Фајзер или една Џонсон.
https://www.facebook.com/strumicadenes/videos/376661057478970/ Протест во Струмица против задолжителна вакцинација.
Треба, ама не се вакцинираат. Протестираат. 'Правата им биле ускратени' Кои права, еден Госпо знај. Не ја измисли некој пандемијата. Има пандемија. Знаеме како може да се сузбие, имаме технологија, ама неее... инает ќе тераме. На кој? На вирусот? Вирус е, не разбира. Ич не го боли спајкот кои се твоите/моите убедувања. Си ровари.