За еден месец? Измислена и пуштена во употреба? Еве, не знам такво нешто, дај да видиме да си ги обновиме знаењата
Gordan Lauc, Professor во Faculty of Pharmacy and Biochemistry, University of Zagreb Honorary Professor во King's College London Visiting Professor во Johns Hopkins University Според него се шири варијантата што е отпорна на тесниот имунитетот што ја дава вакцината.
Зборував за мерките што ограничуваат влегување во угостителски објекти, банки и сл. Епа тоа е целиот муабет значи СИТЕ сегде може да се заразиме, СИТЕ го шират вирусот и вакцинирани и невакцинирани, СИТЕ можат да умрат од вирусот, вакцината не штити од смрт. Поразлична сум само што не сум експериментално глувче, друго сите сме исти. Сакаш да ми кажеш дека имунизиран човек не може да се зарази и да го пренесе вирусот, ако да, отпиши се од факс те молам.
Кај имунизиран пациент е скратен инкубациониот период, пократко време е заразен, побрзо развива симптоми (може и воопшто да нема симптоми) и пократко поминува инфекцијата (сите 4 фази на болеста се скратени кај вакциниран, бидејќи веќе развил имунитет и тој имунитет брзо одговара при заразување). За разлика од тоа, кај невакциниран сите фази траат повеќе, со што пациентите подолго време се заразни и шансата некому да му го пренесат вирусот е поголема. Ти како google-доктор ова треба да го знаеш Патем, фала на комплиментот дека вакцинираните се експериментални глувчиња, во последните две години повеќе сакам глувче да бидам отколку да читам глупости од поединци на социјалните мрежи.
Никој никогаш не кажа дека не може да се зарази со вакцина. Не си ништо поразлична од нас иста си. Една мува што се лепи сегде. Во твој стил одговор.
Не знам како не разбираш дека шансите да излезеш од респиратор се речиси мали. Си играте со сопствените животи.
Како се мали? Девојчево има 20 ина години. Зошто така ширите страв? Смртноста под 40 год. е реално мала.
Исто како кај вакцинираните. Затоа не препорачуваат вакцина веднаш штом се прележи болеста, бидејќи создадениот имунитет одреден период ќе штити при повторно заразување. Кај нас затоа 45 дена ви издаваат документ со кој можете секаде да влезете, а мислам дека има и неколку европски држави каде истиов документ од прележан ковид важи и до 3 месеци.
Секако дека најубаво е кога природно ќе се прележи некоја болест (под природно мислам на прележување на болест без да сте вакцинирани). Но, со природно прележување следат и голем спектар на компликации (не само во случајов за корона вирусите, туку и кај сите други инфективни заболувања), доколку претходно не сте вакцинирани, односно не сте имуни на таа болест. Исто така, моментално дискутабилно е траењето на имунитетот и при прележување на болеста и при вакцинација, не би можела да дадам коментар по ова. Затоа воведоа и трета доза на вакцини.