Јас антитела не испитав, не знам дали имам или не, а пред 7 месеци прележав. Не се сеќавам во тоа прашалникот што и како имаше прашања околу прележување, ама сега прашањата беа дали имам температура, дали сум бремена и дали порано сум имала алергиска реакција на вакцина и сл.
Ме интересира дали некој знае бидејќи никако не можам да најдам релевантен извор по интернетов... Што доколку сте бремени, а сеуште не знаете, ниту се сомневате, односно рано е за тест, а се обидувате, а со оглед на ситуацијава кај нас што не се знае ни приближно периодот кога би ни дошол ред за вакцини, па еве да кажете тој и тој месец ќе се штитам?Дали евентуално примање на вакцина во аков случај би предизвикало некаква штета за плодот? Има ли некакви сознанија?
Нема доволно испитувања на бремени жени и препораката е да не се вакцинираат доколку не се докторки кои работат директно со ковид.
Филипче одбива да се вакцинира... Зошто? Може не сака со Фајзер. Има некој податок дали секаде прво се вакцинираат Премиерот и Министерот за здравство? Дефинитивно не се вакцинирам. Освен некогаш со руската
Да ве прашам зашто гледам сте спомнале, сега за сега термини добиваат само вработени на инфективни одделенија?
Камо инфо? Ваљда не му дошол редот него, не е ризична група И Курц се согласува со тебе Џулс, и он не е во ризичните https://www.thelocal.at/20210207/austria-open-to-making-russian-covid-19-vaccine
ЗоЌи го боцнаа. И мене ќе ме боцнат. Тие сме. Боцнатите. Кај мене сите доктори се испоредија, па каде сите, таму и јас
Прележана во јуни сум, секако се повеќе од 6 месеци. При разговор со еден доктор (од приватно здравство) денес, ми рече дека е разочаран што нема да стигнел на ред за Фајзер, лично таа ја претпочитал. Јас сум неука на темата, слушам стручни, чим моиве стручни сите до еден се поредија, им верувам.
Да, секако дека е добра вакцината. Во Израел кои користат само Фајзер, податоците покажуваат дека 0.24% од луѓето имале компликација (која се решила брзо) и ефикасност од преку 94%. И јас сакам вакцина а којзнае кога ќе дојдам на ред.