Вакцина против коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 20 август 2020.

?

Дали би се вакцинирале против коронавирусот?

  1. Да

    613 глас(а)
    53,3%
  2. Не

    365 глас(а)
    31,7%
  3. Не знам

    173 глас(а)
    15,0%
  1. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    Никој не рече дека е грип, туку разликата не е доволно голема за да ја оправда целата параноја, мерките и присилната вакцинација со недоволно испитани вакцини на млади и здрави личности за кои е многу мала веројатноста да бидат во тие 2%.
    Бонус е тоа што ефикасноста е под знак прашалник!
    За некој кој нема хронични болести поголеми би дошле шансите миокардитис да добие од вакцината (па и покрај вакцината да се зарази од ковид), отколку лошо да помини ковид.
    А патем и од грип има лица што доста лошо си врват, ама никој не ве принудува да се вакцинирате!
     
    Последна измена: 1 декември 2021
    На AndyRad, SiMpAtIcNaTa, orevokrsacka и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.827
    Допаѓања:
    80.756
    Пол:
    Женски
    Еве јас само што слушнав за случај на починат вакциниран пациент. И сега, објаснување од вас експертите? Каква е и каде е сигурноста, безбедноста, заштитата?
     
    На AndyRad му/ѝ се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.540
    Допаѓања:
    289.036
    Не знам стварно каква сигурност ќе бараме.

    НЕМА.

    Статистиките се тие, стојат јавно.

    Факт е дека кај вакцинираните се подобри.

    Ветување, гаранција, или шта ти ја знам дека имаш 100% гаранција дека ќе куртулиш, нема.

    И до природниот имунитет додека стасаш, дека глава ќе спасиш или со лесно ќе минеш ако фатиш корона, нема.
    Едниот ќе верува на екпертите другиот ќе изиграва експерт.
     
    На noteforself, buba4e89, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.
  4. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.962
    Допаѓања:
    37.023
    Пол:
    Женски
    True :nod: Само... бидејќи експертите изнесуваат дијаметрално спротивни ставови, на кого да веруваме? Пак на крајот секој ќе верува во сопствено убедување.
     
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.827
    Допаѓања:
    80.756
    Пол:
    Женски
    Ова ти е за мојот коментар пишано? Модератор си, нели знаеш дека ако на некој му одговараш или ако се надоврзуваш, се цитира?

    Ептен се подобри, мхм. Гледам. (y)

    Точно така, сигурност нема. Токму тоа сакав да го кажам. Мило ми е што се согласуваме.

    На темава, инаку, не практикувам баш да пишувам мислења, еве само што пишав, одма ме нападнаа поединци. Јас сум изигравала експерт, а само што напишав 2 коментари, не дремам на темава ко некои. Па за вас тоа си говори колку судите, не за мене. :)
     
  6. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.540
    Допаѓања:
    289.036
    @Bitter-Sweet Да, се надоврзував на твојот и стотици други коментари, нареден пат во спојлер сите ќе ве наредам, моја грешка. Модератор сум, не смееше да ми се деси такво нешто.
     
    На Аргентина * му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.320
    Допаѓања:
    190.009
    Како гледаш на недостапни податоци?
    Соодносот на вакцинирани-невакцинирани што завршуваат на интензивна нега, барем кај мене е 1:3. Соодносот на хоспитализирани е фифти фифти, горе долу. Ова за непрележани. Е прележаните се во промили, на 100 непрележани, 0,5 прележани. Заклучок вадете сами.
     
    На AndyRad и Angie1432 им се допаѓа ова.
  8. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.827
    Допаѓања:
    80.756
    Пол:
    Женски
    Не гледам податоци туку лично слушам информации кои и не се малку. Не е ни важно, веќе нема потреба воопшто да пишувам.
     
  9. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    @mKdevojce, @BloodElf пак ја свртевме водата на вашата воденица нели? Врти врти вакцина не треба. Во темите за готвење уште малку ќе се појавите да пишете дека вакцина за Ковид не треба. Досадно е веќе.

    Статистиката е таа. Почнавме од тоа дека смртноста е помала од напишаното, па отидовме до тоа дека и од грип умираат луѓе за на крај па да завршиме дека вакцина не треба. Ви пишаа дека имате тема за и против вакцини за КОВИД ама во секоја тема исто па исто вртите. Оп туп тоа па тоа. Досадни сте веќе.

    Ако убаво се информирате ќе видите и дека за детските болести за кои најчесто се примаат вакцини и кои сите ги примаат смртноста е исто околу 2% кај морбили и помала кај другите (https://www.ncbi.nlm.nih.gov/books/NBK143257/). Прашањето е зошто да се губат животи чие губење може да се спречи?И ај сега рспалите како не сакате да бидете експериментални глувци и како овие вакцини не се испитани (а демек тие во 1960 против полио или морбили на вонземјани ги испитувале пред на луѓе масовно да ги дадат или таа за Вариола Вера во Југославија која спасила многу животи и ставила брз крај на епидемијата била ептен испитана).

    Еве и статистика за смртнота кај вакцинирани и невакцинирани. Јасно се гледа разликата ама вие тешко ќе ја забележите се натаму ми оди https://ourworldindata.org/covid-deaths-by-vaccination

    И ај нека се премести ова со вакцини е во соодветна тема. Стварно е досадно за исто па исто да се вртиме.
     
    На buba4e89, TheBlackRose, Mikha4 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. g8lQQk

    g8lQQk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2018
    Пораки:
    2.179
    Допаѓања:
    14.264
    Пол:
    Женски
    Третата доза од вакцината против коронавирус на „Фајзер“ го намалува ризикот од инфекција за дополнителни 80 проценти или многу повеќе од заштитата што ја обезбедуваат првите две дози, велат истражувачите од Факултетот за јавно здравје на Универзитетот Јеил во американската сојузна држава Конектикат.

    Комисијата на американски здравствени советници со тесно мнозинство го поддржа лекот „молунпиравир“ на компанијата „Мерк“ против коронавирусот, со ова велат тие се отвора патот за регулаторните тела да ја одобрат првата таблета со која Американците ќе можат да се лекуваат дома од коронавирус.

    Комисијата за храна и лекови гласаше дека придобивките од земањето на лекот ги надминуваат ризиците, вклучително и потенцијалната штета за фетусот ако лекот се зема за време на бременост.

    Препораката беше објавена по неколкучасовна дискусија за умерените придобивки од лекот и можните проблеми поврзани со неговата безбедност.

    Експертите кои го поддржаа лекот нагласуваат дека не треба да го земаат бремени жени и ја повикаа ФДА да препорача дополнителни мерки на претпазливост пред да го препише лекот, што вклучува и тестирање за бременост, пренесуваат агенциите.

    Комисијата особено ја поддржа употребата на лекот кај возрасни со поблаги форми на Ковид-19 кои се изложени на зголемен ризик, вклучително и постари лица и луѓе кои страдаат од состојби како што се дебелина или астма.

    Повеќето експерти веруваат дека лекот не треба да се користи кај вакцинирани пациенти.

    Се очекува до крајот на годината Комисијата за храна и лекови да донесе независна одлука.

    Таблетата на „Мерк“ веќе е одобрена во Велика Британија.


    ©Makfax.com.mk
     
    На fina erika, buba4e89, JoyJoy и 3 други им се допаѓа ова.
  11. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    Првичниот коментар во дискусијата е баш за вакцинација, од каде ние ја вртиме водата на нашата воденица?
    Тоа беше дискусијата, си го лајкнала и мислењето и сега ќе се правиш на три и пол!?:hai:
    Ти каде го најде грипот во моето мислење каде што ме цитираше!?
    И од каде ги извади вариола вера, морбили, рубеола тука, кога темата е КОРОНА!?
    И за кои патем не бараат сертификат за да испиеш едно кафе. И да, и самата си напиша, не се НЕИСПИТАНИ
    BTW
    Researchers began working on a polio vaccine in the 1930s, but early attempts were unsuccessful. An effective vaccine didn't come around until 1953, when Jonas Salk introduced his inactivated polio vaccine (IPV).
    Или кога немате нешто паметно да додадете само ќе ги напаѓате другите дека се тоа што сте ВИЕ и ќе плачите да ја избришат дискусијата?
    И во кои теми за готвење? Kолку мислење имам на форумов, па ти здосадив?
    Да не добивме и ново ограничување за коментирање на форум ние без вакцинален, а да не знам? :worried:

    Ништо, барај си и тоа да воведат ако веќе нема супериорен граѓанину, вака слабо ти оди;)
    И многу потресена гледам ти за мојот живот?
    Ич да не се грижиш, ти битно си прими вакцина, безбедна си :*

    Т.е чекај, прими вакцина за грип? :worried:
     
    На LoneWolfGuy и AndyRad им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Јорго, претходно со грип споредував.

    И не ми кажвај за 1930, кога само што дознале дека раните треба да ги дезинфицираш за да не загнојат.
    Знаеш колкав напредок има за овие 100 години во технологијата и медицината?
    Да. Споредуваш нешто од пред 100 години, со нешто денес.
     
    На TheBlackRose, buba4e89, oblace1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    Прочитај прво што напишала членката, па потоа коментирај!
    Упорно вака ја вртите дискусијата во друг правец, ги испревртувате зборовите и после другите ги обвинувате за истото.
    Каква врска има вакцината со средствата за дезинфекција?
    Праксата еве покажа колку напреднала медицината и колку се ефикасни и безбедни еве вакцините за ковид.
    Еве гледаме сите околу нас примери, нема што да ми докаживаш на форум!
    И без разлика што напреднало, вообичаено сите производи поминуваат низ безбедносна контрола пред да се пуштат во продажба/употреба, а не па медицински средства, па и бонус присилно да се наметнуваат.
    Истражувањето за вакцините сеуште не е завршено :hai:

    И многу фино, пишувате за грип во тема корона, а се жалите зошто се пишува за вакцини за корона во истата тема, иако вие сте ја довеле дискусијата дотаму.
     
    На AndyRad му/ѝ се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Како да не споредувам?
    За тебе е исто време кога не знаеле за чистење рана, со време кога се обидуваат да испринтаат органи со 3Д принтер?

    Процедурите се поминати.
    Вакцината е тестирана.
    Впрочем, секоја година има нова вакцина за грип.
    Ако е доволно време за таа вакцина, доволно е и за оваа.
     
  15. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.320
    Допаѓања:
    190.009
    Боже господе(facepalm)
    На.
    Студијата за безбедност и ефикасност ќе биде завршена во мај 2023.
    https://clinicaltrials.gov/ct2/show/NCT04368728
     
    На Askopje, AndyRad и BloodElf им се допаѓа ова.
  16. BloodElf

    BloodElf Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    724
    Пол:
    Женски
    Вирусот е различен, истражувањата не се завршени.
    Впрочем ти кажав, еве гледаме во пракса како стојат работите, џабе пишуваш.
    Мислењето го избришаа, jа сменавте дискусијата на форумски ликови и други вакцини, одговор на прашањето зошто да ја примат вакцината млади и здрави личности не дадовте!
    Браво, ви успеа, yet again!
     
    На AndyRad му/ѝ се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.304
    Значи и вакцините за грип не се тестирани?
     
  18. TheBlackRose

    TheBlackRose Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2021
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Еве и јас да ти кажам, мој познаник, антиваксер, почина пред две недели на 35 годишна возраст, без никакви претходно коморбидитети. И сега? Колкава е сигурноста дека ќе поминеш добро ако фатиш корона? Никој, никогаш, никаде не напиша дека вакцините штитат 100% од потешка форма, Ако е така, има смртни случаи и кај вакцинирани од туберкулоза, дифтерија, хепатит, кои се во многу, премногу мал процент и тоа според тебе значи дека ако на 1 милион вакцинирани имаме еден смртен случај, треба да не се вакцинираме? Каде е тука свеста за колективното здравје и заштита? Ајде па да оставиме од ништо да не се вакцинираме, да се укине вакциналниот календар и мали дечиња до 5 години да ги осудиме на прерана смрт од дијареа и дехидратации заради вирусни инфекции кои сме можеле да ги превенираме. Статистиките моментално (ова видов и погоре беше коментирано) баш укажуваат дека во голем процент вакцинираната популација со полесни симптоми ја поминува болеста, што повеќе треба како доказ?

    Додека немаше вакцини и бевме оставени сами на себе, ругавте по коментари колку биле неспособни медицинарите, не можеле лек да најдат, не можеле вакцини да направат, не можеле да ја спречат пандемијата, па каде се вакцините, па зошто каснат. Еве, има вакцини сега, во што е проблемот?
     
    На JoyJoy, Mikha4 и st-el им се допаѓа ова.
  19. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.827
    Допаѓања:
    80.756
    Пол:
    Женски
    Ништо не е сигурно. Ни како ќе поминеш, ниту ако си вакциниран дека лесно ќе поминеш. Ништо.

    Не го мешај ова, со некои вакцини зошто се вакцинираме еднаш, а со оваа за ковид и три дози се малку? Оти многу е ефикасна.

    Израел е доказ, колку проценти вакцинирано население имаше и пак болниците полни.

    Не госпожа, јас не ругав никого. ;)

    Проблемот е во тоа што сакаат да ги направат задожителни и еве дури и мизерна мерка воведоа, по 30 денари на докторите да им даваат за вакциниран пациент. Да убедувале. :x Нема мене некој да ме убедува и да ме тера да примам нешто што не сакам. Кој сака нека повели, ама задолжително не. Да затворат граници им е подобра мерка, да водат малку повеќе евиденција како е во угостителскиве објекти, ама тие си знаат.
     
  20. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.396
    Пол:
    Женски