Вакцина против коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 20 август 2020.

?

Дали би се вакцинирале против коронавирусот?

  1. Да

    613 глас(а)
    53,2%
  2. Не

    366 глас(а)
    31,8%
  3. Не знам

    173 глас(а)
    15,0%
  1. Markian

    Markian Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2020
    Пораки:
    296
    Допаѓања:
    386
    Пол:
    Машки
    Screenshot_20211201-234022_Facebook.jpg
     
    На AndyRad и LoneWolfGuy им се допаѓа ова.
  2. Grimlinko

    Grimlinko Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2021
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    375
    Последна измена: 2 декември 2021
    На AndyRad и LoneWolfGuy им се допаѓа ова.
  3. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    1.376
    Пол:
    Машки

    Не знам дали читаш или не? Зошто со обвинувања и навреди? Еве признав дека сум бил грешка повеќе пати и впрочем само ги искажував моите претходни мислења пред заблудата и после заблудата велам моја грешка.

    Или треба да се клањам за да ми се признае грешката? Не знам, што треба да направам?

    А под тоа дека поголем број имаме сега отколку претходно мислев на тоа дека јас на пример сега се вакцинирам нели има мал дел од вирусот во вакцината е сега, додека јас сум вакциниран ми е пуштено секаде да одам и на работа и по кафичи и се, непосредно веднаш по примањето на вакцината е ама јас ме фаќа температура или што ли уште јас знам и пошто е таков вирус кој лесно се шири јас вакциниран може да го раширам на сите околу мене и правопропорционално на тоа се зголемува и бројот на заболени кои инаку со мене надвор од равенката односно да иако сум бил вакциниран да сум бил во изолација две недели како невакцинирани кога ќе се заболат немало да ги пренесам вакцината ќе делувала и ќе се изборела со мојот вирус кој е принесен од истата.

    А да не зборувам како вакциниран кога ќе фатам корона ама лесно ќе поминам и онака имам сертификат и онака никој не ми прави тест на позитивен кли не, и да бидам потешко болен ќе го сметаат геип и нема да се изолирам туку напротив ќе поминам секојдневно како и секогаш, и пак ќе ги заразувам тие околу мене и тие околу мене ќе ги заразуваат тие околу нив.

    Немаше моето мислење никакво врска со имунизацијата за таа ми одговори и ми стана кристално јасно чисто нели?

    Дури така мислев и се создаваат мутациите, но и тоа е сигурно грешка и мислам и таму ќе ме поправиш, пошто нешто за да мутира треба да биде нападнато првин а нападот се врши со вакцините врз вирусот и ако се заболат мутацијата се создава и се пренесува на други пошто не се изолирани за да се уништи и отпосле да се излезе меѓу народ.

    Ете повторно откако ми одговори и ми рече дека требало 50% посто народ да биде вакциниран, а не е, кај нас за да биде успешно тоа мое мислење.

    Ете во големи заблуди сум бил, дури мозокот ми бил испран би рекол.
     
  4. Kimberly11

    Kimberly11 Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 септември 2015
    Пораки:
    6.687
    Допаѓања:
    25.266
    Пол:
    Женски
    Вакцините се многу штетни :party::party::party::party:
     
    На Markian, quattro и LoneWolfGuy им се допаѓа ова.
  5. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.867
    Допаѓања:
    41.235
    Пол:
    Женски
    Чекај, што?
    Не функционира така вакцината.Вакцината не те прави заразен за околината, ниту пак си ти заразен со вирусот кога ќе примиш вакцина бидејќи тоа не е цел жив вирус со потенцијал да се шири(инаку ако беше вака ќе немаше поента да се вакцинираме).

    мРНА вакцините не ти ни внесуваат вирус, кинеските да, ама инактивиран кој не може да се размножува.Како и да е не постои вакво нешто како што опишуваш ти.
    Не? Ова па ич нема смисла.
     
    Последна измена: 2 декември 2021
    На TheBlackRose, Billy Idol, Annath и 2 други им се допаѓа ова.
  6. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    3.354
    Допаѓања:
    8.719
    Пол:
    Машки
  7. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    35.416
    Пол:
    Женски
    Вистина еднаш а??? Со колкава сигурност тоа го тврдиш????
    Или битно да се лупаат работи колку да се лупнат за тоа како само КОВИД вакцина се прима во повеќе дози. Сите други само еднаш и толку а?

    Погледни вакцнинални каледнари за бебиња и деца па после зборувај: Календар за Имунизација 2019 – Здружение на лекари по општа медицина – семејна медицина (zlomsm.mk). Сите вакцини (псвен таа за БСЖ)_ се даваат неколу пати. Знали секоја вакцина се бустира (ендаш или неколку пати зависи од вакцината).
    Зошто бре коментирате работи за кои навистина не сте информирани.
     
    На TheBlackRose, buba4e89, gjoker4e и 5 други им се допаѓа ова.
  8. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    35.416
    Пол:
    Женски
    @BloodElf отиде мојот пост во соодветна тема за вакцините. Таму се читаме.
    Не знам само што ви е проблем но-стоп да ме нарекувате супериорен граѓанину. Ако имате проблем со тоа колку се чувствувате супериорни/инфериорни на друго место да си се жалите. Ах да и темата за говетње беше чист сарказам зашто на оваа тема за вакцини зборевте ама кој да сфати. Битно да се рипа без потреба.

    Инаку за статистика за ефикасноста на вакцината кај смртни случаи имав ставено истражувања од повеќе земји, ама ич не мора да се чита ништо.
     
    На gjoker4e му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.845
    Допаѓања:
    80.829
    Пол:
    Женски
    Ај вака. Едноставно не може никој да ме убеди дека е добра и ефикасна вакцинава. Не е. За другово можеби не сум била во право, ама кога пред очи ми се куп факти за конкретнава вакцина, ја да верувам дека треба да ја примам? Епа не. И тоа е се' што сакав да кажам, само дека НЕ се согласувам за ефикасноста оти еве има и инфекции, реинфекции, смртни случаи.
     
    На AndyRad и Grimlinko им се допаѓа ова.
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.287
    Допаѓања:
    35.416
    Пол:
    Женски
    Еве нова студија со податоци од Македонија. И статистиката пак е на страна на вакцините. https://sdk.mk/index.php/zdravstvo/...uvane-smrt-od-bolesta-veli-novo-istrazhuvane/.

    @Bitter-Sweet арно си призна. Ништо не сакаш да слушнеш и разбереш. Ншто не те убедува. Џабе се истражувања, статистики и слично. Алал ти вера. Така продолжи. Немој ич да се информираш. Терај си по свое.
     
    На Mikha4 и Annath им се допаѓа ова.
  11. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    Во Македонија, спроведено е истражување за ефикасноста на вакцините врз македонската популација, на долг период и со голем број на испитаници. Во прилог:

    Во првична сеопфатна анализа на ефективноста на КОВИД-19 вакцините во спречување хоспитализација и смрт од КОВИД-19 во македонската популација, беа следени сите корисници на националниот електронски здравствен систем “Мој Термин” од денот на првата регистрирана вакцинација (15. Јануари 2021-ва) до 30. Септември 2021-ва. Вкупно 1,886,124 граѓани на возраст од 11 години и постари беа вклучени во анализата, вклучувајќи 779,558 вакцинирани испитаници кои примиле бар една доза вакцина и 1,106,566 невакцинирани испитаници. Од популацијата на која им е понудена вакцината (11 години и постари), во дадениот период 41.33% биле вакцинирани со бар една доза, од кои повеќето (37.78%) биле целосно вакцинирани со две дози. Најголем дел од испитаниците ја примиле вакцината BNT162b2 на производителот Pfizer/BioNTech и вакцината CoronaVac на производителот Sinovac.

    ЕФЕКТИВНОСТ ПРОТИВ ХОСПИТАЛИЗАЦИЈА:

    Од 15.01.2021 до 30.09.2021, од вкупно 16,691 хоспитализации, 1,114 биле регистрирани по вакцинација кај 701,148 целосно вакцинирани (0.159%), додека 15,577 хоспитализации биле регистрирани кај 1,119,139 невакцинирани (1.391%). Грубата процена на ефективноста на примени две дози од било која вакцина во спречување хоспитализација изнесуваше 88.727% (95% интервали на доверба (ИД): 88.017- 89.400%).

    Постарата возраст и машкиот пол значително ја намалуваа ефективноста на вакцините, при што граѓаните на возраст од 65 и повеќе години имаа околу 76% поголем ризик да бидат хоспитализирани од оние под 65 години а мажите имаа околу 23% поголем ризик од хоспитализација од жените. Поради тоа што популацијата вакцинирани беше во просек речиси 10 години постара од популацијата невакцинирани и затоа што вакцините од различни производители се нудени на различни возрасни групи, процената на ефективноста беше коригирана за пол и возрасни групи (граѓани од 65 години нагоре наспрема помлади од 65 години).
    Коригираната ефективност на примени две дози од било која вакцина во спречување хоспитализација изнесуваше 90.604% (95% ИД: 90.018- 91.166%), а засебната коригирана ефективност по вакцина од различен производител е дадена во Табелата.

    [​IMG]


    Во анализа на 65,837 индивидуи кои примиле само една доза вакцина од било кој производител покажа значително пониска ефективност во спречување хоспитализација од КОВИД-19 и по корекција за пол и возрасни групи изнесуваше 40.918% (95% ИД: 35.912- 45.644).

    ЕФЕКТИВНОСТ ПРОТИВ СМРТЕН ИСХОД:

    Од вкупно 3,947 регистрирани смртни случаи на КОВИД-19 во периодот 15.01.2021-30.09.2021, само 179 смртни случаи беа регистрирани кај 712,587 индивидуи кои биле целосно вакцинирани (0.0251%), додека 3,642 смртни случаи беа регистрирани кај 1,106,574 индивидуи кои биле невакцинирани (0.329%). Со тоа, грубата процена на ефективноста на две дози вакцина од било кој производител во спречување смрт од КОВИД-19 изнесуваше 92.39% (95% ИД: 91.159- 93.486%).

    Постарата возраст и машкиот пол значително влијаеа и врз ризикот од смрт од КОВИД-19, при што оние на возраст од 65 години и нагоре имаа речиси двојно поголем ризик од смрт од КОВИД-19, а мажите имаа околу 28% поголем ризик од жените да починат од КОВИД-19.
    По коригирањето за пол и возраст, ефективноста на примени две дози вакцина од било кој производител во спречување смрт од КОВИД-19 изнесуваше 94.064% (95% ИД: 93.661- 94.448%).

    [​IMG]

    Во анализа на 66,942 индивидуи кои примиле само една доза вакцина од било кој производител покажа значително пониска ефективност во спречување смрт од КОВИД-19, која коригирана за пол и возрасни групи изнесуваше 39.140% (95% ИД: 34.476- 43.562)

    Овие резултати ги потврдуваат наодите во останатите популации, потврдувајќи дека вакцините против КОВИД-19 се високо ефективни и во македонската популација во спречување тешка болест и смрт од КОВИД-19. Вакцините од различните производители немаа големи разлики во нивната ефективност во спречување смрт од КОВИД-19, но имаа разлики во спречување хоспитализација од КОВИД-19. Анализата укажува дека една доза вакцина против КОВИД-19 е недоволна за спречување тешки исходи од болеста и ја истакнува важноста да се примат најмалку две дози вакцина.

    Истражувањето го предводи д-р Харис Бабачиќ, магистер по епидемиологија и докторанд-истражувач на Институтот Каролинска (Стокхолм, Шведска), во соработка со Жаклина Чагороска од Управата за електронско здравство при Министерството за здравство на Република Северна Македонија (Р.С. Македонија). Истражувањето е на доброволна основа, истражувачите немаат конфликт на интереси и немаат примено финансиски надомест за истражувањето.

    И се е (по)јасно :)
     
    На TheBlackRose, Billy Idol, Lianna Anna и 5 други им се допаѓа ова.
  12. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.845
    Допаѓања:
    80.829
    Пол:
    Женски
    @JoyJoy оф бе (facepalm) НЕ, не е точно дека не сакам да слушнам и разберам, многу добро јас слушам и разбирам. И затоа сум на овој став на кој што сум. Знам за луѓе што починаа после примена вакцина. Не позитивни, туку стриктно после вакцинирање. Немам доверба во вакцинава, не можам да бидам сигурна дека и мене нема да ми се случи згрутчување на крвта, кардиоваскуларни проблем и сите тие останати реакции за кои што со сигурност знам дека се случуваат кај поединци после примање на вакцинава. Ако НЕ сакаме вакцина не значи дека не слушаме и не разбираме, ок? :) И научници и доктори и инфектолози и постручни лица од мене се против, не се сите ЗА. Сметам дека НЕ треба да биде задолжителна и дека вакциниран не значи заштитен, безбеден и сигурен, исто го шират вирусов како невакцинираните.
     
    На AndyRad, deskarada, Grimlinko и 2 други им се допаѓа ова.
  13. duffi

    duffi Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 април 2011
    Пораки:
    12.802
    Допаѓања:
    145.385
    Ништо не знаат овие од Шведска @Ahoy .:!:
    Се едни исти на темата, со истити реплики. Антиваксери во завиена форма. Демек наивно не сме против вакцина , ама очи ќе ти извадат оти они се управо.
    Хрватските линкови и доктори главни се низ темава.(facepalm) Искрено се чудам колку големи лекари имаме ние. Поголеми од сите други низ светот.
     
    На LejlaD, eli25, vitamina и 8 други им се допаѓа ова.
  14. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.411
    Допаѓања:
    260.136
    Фајзерот е поефикасна сепак кај хоспитализацијата така?
    И друго, дали вакцините имаат улога во слабеењето на вирусот сепак?
    Гледаме што се случува во Јапонија.
     
    На LejlaD и Ahoy им се допаѓа ова.
  15. JuLleE

    JuLleE Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јануари 2010
    Пораки:
    19.411
    Допаѓања:
    260.136
    А Дафи, вусшност вакцината си го направи своето.
    Ама ете, што знаат научниците и докторите, треба Балканот да го слушаат.
     
    На LejlaD, buba4e89, Ahoy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Ahoy

    Ahoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јануари 2020
    Пораки:
    9.795
    Допаѓања:
    41.890
    Пол:
    Машки
    Мене, прво ме изненади, да речам, значајната разлика во однос на ефикасноста на хоспитализација кај Спутник, односно прилично пониската ефикасност, ама се оправа кај смртните случаи. И второ, Синовак најефикасна против смртен исход :o

    Иако, има некои претпоставки дека Синофарм и Синовак може да испаднат најефикасни против Омикрон, поради многуте мутации кои ги содржи овој сој. Сепак рано е да се каже.

    Во однос на другово, ќе видиме. Времето ќе покаже. Се надевам дека влијаат, ни 40% помалку инфицирани не е мала бројка, да не зборувам за 90%+ помалку хоспитализирани и починати :)
     
    На LejlaD, JoyJoy, duffi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.534
    Допаѓања:
    191.536
    Од колку позитивни во секоја категорија?:?:
    Овие 1,8 милиони се целокупната популација, така? Или има некои екстра, по стар или по нов попис е бројкава?

    Да му е страв на човек да праша очигледно прашање:tmi:
    Нема врска со медицина, со математика има врска:).
     
    На AndyRad, Grimlinko, BloodElf и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.867
    Допаѓања:
    41.235
    Пол:
    Женски
  19. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.534
    Допаѓања:
    191.536
    На deskarada, Askopje, Grimlinko и 2 други им се допаѓа ова.
  20. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    7.004
    Допаѓања:
    37.243
    Пол:
    Женски
    Ќути ти прикриен антиваксеру :P
     
    На Biljarkata му/ѝ се допаѓа ова.