Да беше Астра со најголема заработка пак ќе пишеше на темава зошто баш Астра, пак ќе читавме вакви смајлиња Као мистерија е од каде заработката, нешто мора да има во позадина. Да, вакцина.
Врти, врти... пак не кажавте зошто се форсира Фајзер, а не другите вакцини? Why? И зошто сосем солидна вакцина како Астрата ја пратија во заборав? За кинези и руси ич да не зборам. Нели вакциниве се спас од епидемијава? Како побогу фаворизирање на една вакцина придонесува кон ова? Воздржете се ако можете од лични напади, би сакала одговори на прашањава ако може. тнх
Да де,токму тоа побрзаа бустерот фајзер и модерна да бидат. И Астрата се покажа како одлична вакцина зошто не за трета доза со Астра или Спутник кај луѓе кои ги примиле тие вакцини. @bicycle Не замарај. @Lianna Anna Ти ми се чудиш на мене,а тоа баш и не ме интересира искрено туку не прочитав аргумент. Не збориме за потекло на полио или глупоста со споредување со вакцината за Вариола Вера, Зошто Фајзер и Модерна? А од друга страна Модерна поради ризици ја тргнаа за вакацинирање на млади лица во скндинавските држави. Со што ке ги бустираат нив? @Bridget Мастер трол си станала. Истото прашање од погоре и за тебе? Зошто не за бустер од истата вакцина што си примила. Туку мора фајзер,а фајзерот немодифициран по последни студии штити 3 месеци. Ако не е профит и монопол,што е?!
Еден пример да има со посериозен или смртен случај, некои држави веднаш ја отфрлаат таа вакцина затоа што народот не ја сака. На и така слаб процент на вакцинација, не им треба уште лоша реклама за вакцините. Астра зенека никој не сакаше кога почнаа со студии за тромбоза. Сите чекаа Фајзер. Ете ви Фајзер. Е сега - зошто Фајзер? Преку граници одевте за Фајзер, добар маркетинг си направила.
Кој фактор си ти да кажуваш кој што да објавува ако нешто не ти чини во нечиј коментар не го читај, мислам и сите што сакаат да се вакцинираат може само да си ги затворат очите од страните и само напред да гледаат да не читаат ништо и нема потреба од страв да ги бие. Нешто алфа и омега си во форумот? И не само за тебе и за сите овде важи што не се согласуваат со некои од читателите одма коментаторите ги напаѓаат а не изнесуваат свои аргументи? Зошто? Немате или?
@Cosmi не знам кој замара Тоа е се што имаш да кажеш, не замарај? Не ми одговори, епидемиолог си, виролог? Тебе истото ќе ти го кажам исто ко на членката : Има овде луѓе кои сакаат да се вакцинираат, или се вакцинирале, а членкава им влева дополнителен страв. А сакаат да ја читаат темава. Имаме аргументи, и сто пати е кажано: Ако некој решил да се вакцинира, нека се вакцинира, ако не, нема потреба од цело време да вади линкови и да кажува зошто не треба. Делот од нечитање на темата ти паѓа у вода, оти не е само на форумов, секаде ги има такви. Нека им каже на тие што изгубиле свој близок колку е добро да прележуваш. Колку е добро природниот имунитет на некој што има трајни последици.
Нека им каже некој на тие кои што откако примиле вакцина го изгубиле ближниот колку е добро да се вакцинира. И пак ќе кажам, а прочита дека е "антиваксер" нека го прескокне цел коментар, не мора да продолжува со читање.
@Cosmi Не дај боже да модифицираат. Уште повеќе пари, уште повеќе маркетинг, уште повеќе реторики зашо, зашо и зашо. И после шо прајме? Уште не можеме да се објасниме у делот зошто е потребна модификација, оти задни намери бараме. Полио и останати, оти на еднаков начин биле пречекани. Еве ги сега, уште стресираат луѓе.
Не не биле така пречекани бидејки не биле одобрени условно за 6 месеци. Пак не ми одговори на прашањето зошто не за бустер од ист вид вакцина туку фајзер?
Чисто за споредба, во Словенија ја тргнаа Џонсон после смртта на Катја. Веднаш. И утврдија дека вакцината е причината. Другите држави во ЕУ се уште поригорозни кога се работи за заштита и безбедност за здравјето на луѓето. Остајте што во Македонија не трујат со лекови од паралелен увоз. Се и сешто примате за терапија. Видов со свои очи иста терапија од ЕУ и Мк.
Јас ти напишав мое мислење, ама ти очигледно имаш некоја теорија во глава и мислиш дека сите мислиме на исто ама не кажуваме Кажи де, зошто Фајзер?
Никој никого не го тера да оди да се боцка, ако не сака самата, не мора, ама да сее паника и страв, не е ок. Она целото време кажува колку е подобро природен имунитет, да, ама не размислува дека не секој ја има среќата да помине на нога. А ако некој решил да се боцка, негово право, на своја одговорност е, шо не е јасно? Паметам лани колку се паничеше за немање вакцини и зошто доцнат со набавка, чему сега ова дрндање?
Тие што веќе ја примиле, не ви требало веќе имаат стекнато доверба во истата? Од каде тоа дека не ја сакаат?
Каде тоа Точаче никој никого не тера да се боцка? Во Македонија каде за да функционираш деловно/ во најмала рака да одиш на семинар, мора да бидеш вакциниран (45 дена после прележување) нели? Или во Германија каде за да купиш чорапи мораш да бидеш вакциниран? (6 месеци ќе ти трае вакциналноста). Кај видовте страв и паника? Слабо гледам денес, да не сум пропуштила нешто .Чуму сега ова дрндање?
Ај врати се во периодот кога се паничеше на темава зошто немаме вакцини, како владата била неспособна зошто не обезбедила и дека доцниме. Се сеќаваш? Спореди со ова сега како се наоѓа маана на се и сешто. Одлучете се. Да се едитирам, Косми и тие ко неа цело време сеат паника со линкови, а на некој што е лабилен малку му фали. Колку пати да се повтори? Едвај се чека на темава да се случи нешто слично ко со девојката од Словенија што починала од Џонсон па да нападнат.
Ама ти сакаш идеален свет во кој никој ништо не прашува и никој за ништо не приговара? О, душиче. Ај, ќе пораснеш можеби. Кој сее паника со линкови имало копче ,,пријави,,. Ама не се проблем тие што сеат паника, проблем се тие што прашуваат, што коментираат без везе. Имало и ФБ, да гледате само луѓе што мислат исто како вас. Ова овде ФОРУМ, разногласие, баби и жаби и слични еквилибристики
Ја само ве потсетувам колку кењавте шо немавме вакцини а сега друго, ајде, наврати се назад. Како некои многу паметни шо цело време какаат за се и сешто уште не најдовте вие решение како да излеземе од ова. Како што кажав, СЗО, виролози, епидемиолози дипломите у гз да си ги ставаат, греота е вакви ко вас да седат дома, таленти сте. Ае разлаз.
Затоа што најдобро тераат бизнис. Затоа што имаат најсилно лоби, најспособни менаџери и најдобар пр. Затоа што први и единствени направија клинички студии за различни категории на луѓе. Веројатно затоа што имаат свои луѓе во регулаторните тела. Дали се ова етички чекори? Дури и легални? Веројатно не, ама добро утро, така функционира капитализмот. Тие се компанија која имаат финансиска одговорност спрема своите акционери и прават се за да им заработат пари. И толку е едноставно. Нема никаков заговор тука.
Никаков заговор, криминал можеби. Клинички студии со сомнителни стандарди за квалитет, тајни договори и што уште не. Свои луѓе во регулаторни тела- мераци. Не дека ќе им биде првпат де. Капитализам убер алес.