Вакцина против коронавирус

Дискусија во 'Коронавирус' започната од Ahoy, 20 август 2020.

?

Дали би се вакцинирале против коронавирусот?

  1. Да

    613 глас(а)
    53,3%
  2. Не

    365 глас(а)
    31,7%
  3. Не знам

    173 глас(а)
    15,0%
  1. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    20.166
    Пол:
    Женски
    Не биле, само ако се лажеме. Целата историска заднина на антивакс нарацијата ја имаш на гугл. Од етички до религиозни причини, скроз истите реторики уште од времето на Џенер. И увек коа иде еднаш ин виво, почнува уште поинтензивна преку 100 години стара аргументација, еве ја уште се влече. Сакам да кажам, споредбата со тие вакцини е супер, обидот за побивање на спротивното, не е добар. Итна употреба, пошо сме во пандемија. Важат други правила. Исто ко во елементарна непогода на пример, би важеле други правила.

    Не гледам ништо лошо во добар маркетинг, ниту истиот ја оспорува потребата од вакцина, ефикасноста или безбедноста. За тоа реков, потребни се други податоци. А конкретен одговор не можам да дадам, назад сум со читање.

    Е сега, пошо треба да се вратиме во времето на Џенер и блистерот од крава, кога луѓето се лечеле со молитви, да ја отфрлиме секоја нова технологија и секоја можност за напредна и многу подобра медицина. И мрна, која може да биде превентива за канцер. Да тапкаме во место ко религиозни фанатици, што подалеку од новини. Егзорцизам одма тука!
    Звучиш ко Јаре со аферите во Сзо и местенките на научни истражувања за ефикасноста и безбедноста на вакцините. Пошо се тоа е биг фарма нели. Некако, шо знам. Многу карактеристично за религиозни движења и молитви.

    И Вејкфилд многу пари направи да ви кажам. Да, антивакс е. Амин!
     
    На Mikha4, KateKane, duffi и 5 други им се допаѓа ова.
  2. MilaSs12

    MilaSs12 Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2020
    Пораки:
    8.880
    Допаѓања:
    18.757
    Пол:
    Женски
    Дали некој знае зошто некои вакцини се одобрени за влез во некои држави, други не? Зошто кинеските не ги прифаќаат, спутник не ама фајзер во цел свет е како уса пасош?
     
    На AndyRad и IRBBB им се допаѓа ова.
  3. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.425
    Допаѓања:
    90.751
    Пол:
    Женски
    Споредба со вакцина која не е стерилизирачка е смешно во најмала рака.

    Не се сеќаваш дека јас знам како функционираат антивакс групите.
    Што се однесува до мрна вакцините многу работи околу нив мора и треба да дадат одговор.

    И повторно навеза пост и не одговори.
    Прашувам конкретно.
    Зошто лице со две примени Астра Зенека или Спутник мора да прими фајзер или Модерна?
     
    Последна измена: 3 декември 2021
    На AndyRad му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.320
    Допаѓања:
    190.006
    А ти звучиш ко Трнорушка во длабок сон што била, па не прочитала весник 6 месеци.
    Свиркач излезе за клиничките студии.
    Њујорк тајмс имаше напис за тајните договори.
    Ти кажав не ти го разбирам наративот, јер ниеден антиваксер не ми е познат. Само мејнстрим медиуми и по некој докторски твитер/јутјуб канал следам.
    Да се потсетиме дека миокардитисот беше пост-хок или како?
    Поздрави го Јаре ако го видиш, ама немој да го бараш кајшто го нема.:)

    Пс. ,,Свои луѓе во регулаторни тела,, беше копија од одбраната на либерал-капитализмот погоре. За такво нешто сознанија немам, ама има кој да истражува, фала богу за тоа.
     
    Последна измена: 3 декември 2021
    На AndyRad и INNERBEAUTY им се допаѓа ова.
  5. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    845
    Допаѓања:
    1.373
    Пол:
    Машки

    Ова реторикиве твои на не одговарање директни прашања до тебе не пишувајќи директно за тоа што е напишано ме потсеќаат како да ги слушам политичариве од двата табора, професионално како да си обучена за тоа (не велам обучена за разговорот со к.вид, туку онака нешто во твојот професионален живот (што не е моја работа да знам) ама сепак пак ќе кажам не можеш никому да спречиш мислење како што јас не можам тебе, ако не ти се допаѓа продолжи си по патот, имам право да пишам тука колку што имаш и ти право. Толку од мене повеќе не реплицирам на глупости.


    Уште ова за тоа дека никој не не тера на вакцина.

    Сите на вести не тераат да се цакцинираме, владата не фатила за раче не стиснала и ни шепоти ќе се вскцинираш? Не, е па пати за глад, ќе ти ги качиме струјата, водата, горивото (а со тоа и поскапување на сите продукти во Македонија) без никаква врска, ќе си дадеш отказ ако не сакаш да се вакцинираш, и оп за некој месец кога тоа што си оставил за црни дни ќе го снема ќе ме молиш да се вакцинираш. Тоа ти шепоти сега владата, и владите низ цел свет, затоа сите мислат дека ова не е за вакцина туку за контрола, затоа и милиони, и милиони народ низ секое делче во светот си протестира, само кој да отвори очи и да види, никој не протестира против вакцината туку сите заедно протестираат против пасошто или сертификатот за вакцина и мерки и карантини.

    Само според мене овие две изминати децении успеаа да го дефинираат протестот таков каков што е, од работа на протест или од протест на работа, каде што претходно било општонароден штрајк, ништо да не работи ни приватно ни државно и со тоа кога ќе ги мавнеш по џеб тоа политичарите ќе видиш како ќе почнат да играат по твое, вака ништо нема да се постигне. Ама јас тоа на погрешниот човек му кажувам како и да е толку повеќе нема да ти враќам на твое мислење и поради тоа не очекувам одговор.

    Но грешка моја сега пак нема да одговориш зошто само не прескокне тој што не му се чита и си има свои мисли, линк е значи одлучуваат да стиснат можат и да не стиснат ако одлучуваат да стиснат значи и пред да стиснат имаат свои мислења двоумења без да пеочитаат тука нешто.

    И тоа ставањето сите под исти ќош не е на арно, сите сме различни сите си имаме свој живот и свои мислења, а ти ги делиш луѓето на тие што сеат страв, тие што поверуваат и тие како тебе што ништо не читаат и се едно исто повторуваат, секако само со различни уредени реченици. Тоа сме за тебе ние луѓето обична бројка, што пак ќе повторам ме потсеќа како да си политичар или нешто многу чудно.
     
  6. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    20.166
    Пол:
    Женски
    Што значи нестерилизирачка вакцина и како е мрна таква?

    Ти кажав погоре, на тема бустер немам ништо читано и не би сакала да си нафрлам измислени информации. Миксот уште одамна го коментирав и кажав дека не ми се допаѓа. Апсолутно сметам дека треба да се обезбеди бустер доза од првичната вакцина. А кога веќе не е така, не гледам ниту како можната финансиска заднина на ова, ја оспорува безбедноста или ефективноста. Пластично, која ти е поентата?

    Сега, ако може да се вратиме во 21 век или да, време кога телефонов е попаметен од мене. Сакам да кажам, вакцина! Било која, секоја е подобра од никаква.
    Премногу фанатично за некој што не е успан, е информиран и уште попрецизно интерпретира податоци. Не сум антивакс, ама... Далеку од 100 години сон, ама цурата на грашок многу добро ја сеќавам колку беше сензитивна. Скроз алергична на вакви наративи. Дај ми издржана студија за сомнителните клинички тестирања. Сомнителни бе! Пошо сакаш да кажеш дека безбедноста е под знак прашалник, па барам пир ривју. Оти со намера во оптек пуштиле небезбедни вакцини, значи свашта! |( Другото не ме интересира, пошо нема таква нитна која ја става под прашалник ефикасноста, освен официјалните статистики. Знаеш ли колку луѓе се вакцинирани со мрна?

    Не знам што мислиш дека ќе поентираш со тоа што го корелираш миокардитисот со грешка во дебата. Мајке ми немаш поента. Пост хок ерго проптер хок е логичка грешка која се провлекува во дискусија. Ако некој го препознае ја бута дебатата одма и ова нема врска со миокардитис, пошо второто е последица/нус појава, а не логичка грешка. Сакам да кажам, се напаѓа аргументот, а ти го употребуваш во погрешна конотација. Дали некој крие за миокардитис? Го имаш во официјални несакани појави. Опрај се!

    Интерсно е и што не ми го разбираш наративот, освен кога самата го употребуваш. Да се повикаме на разум и конечно да разбереме дека има луѓе што разбираат повеќе од нас. Сакам да кажам, ќе дојде време кога воопшто нема да има потреба од тестирање на луѓе на пример. Идеме напред, фала богу. Уште од сега ме интересира за идните реторики. :inlove:
     
    На Mikha4, KateKane, Bridget и 3 други им се допаѓа ова.
  7. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    @LoneWolfGuy wow :rofl::rofl::rofl::rofl::rofl:
    Што има врска вакцинацијата со поскапувањето на струјата и другите продукти?
    Дали си сериозен?:rofl:
    Ме насмеа така посабајлечки на работа, фала ти.:hug:

    Значи дечко, секаде има криза не само во Македонија.
    Дали ти тоа сметаш дека затоа што не се боцкаш ќе ти ги поскапат струјата водата и остало? Е уште ова не го прочитав.:D

    Инаку, јас воопшто не го оправдувам тоа ако сакаш да работиш ќе се боцкаш.
    Ама види другарче, јас не се боцкав оти ме натераа, туку затоа што јас сакав.
    Таму кај што работам а и знам на многу други места кај што не бараа задолжителна вакцинација за работа, не само во мојот град, ама добро.


    Инаку, дали си свесен дека по светот почнаа да ги апсат тие што сеат страв и паника за вакцините?
    Изгледа не.:)
    Чисто да те потсетам за тоа.;)

    И кога веќе се праеш сезнајко ти убтаквите ко тебе, не велам и јас дека сум повелете дајте ни идеи како да излеземе од ова.:sun:

    И да, гледам дека имаш време за реферати, повели разлистај по форумов колку се паничеше зошто немавме на старт вакцини.
    Го повторив ова нз колку псти, некако ко
    да не ви се чита тој дел м?

    Ај ќе се обидам да ти раскажам еден пример:
    Си се боцкал, зборуваш со антиваксер, ти кажува дека сите вакцинирани за 2-3 години ќе умрете, ќе бидеш стерилен, нема да раѓаш, бла бла теории.
    Тоа ок е? Докажано е?
    Пропуштив нешто?

    Цел свет ни се смее.:D
     
    Последна измена: 3 декември 2021
    На buba4e89, Bridget и JoyJoy им се допаѓа ова.
  8. An-na

    An-na Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 септември 2011
    Пораки:
    6.961
    Допаѓања:
    37.017
    Пол:
    Женски
    Небезбедни можеби не, ама неефикасни секако. Освен, нели ако не сакаш да излезеш од розовиот свет и да ја согледаш реалноста.
    Пошто, да беа ефикасни вакциниве, до сега пандемијава ќе беше завршена, барем во државите каде што има висок степен на вакцинираност... ама не... не само што не е завршена, туку напротив...
    И за крај.... зошто упорно се форсира вакцинација (со демократски а често и со нацистички методи) кога истата е неефикасна како што може да се види од официјалните бројки кои вие толку многу ги љубите, ама некако ги извртувате резултатите.

    Јас инаку сум вакцинирана. Со Синофарм, тие за сиромашни што беа :^)
     
    На AndyRad и LoneWolfGuy им се допаѓа ова.
  9. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.425
    Допаѓања:
    90.751
    Пол:
    Женски
    Мрна вакцините и воопшто вакцините против ковид не се стерилизирачки.(способност да стопираат инфекција и трансмисија) а со тоа и да завши епидемијата кога ке се постигне одреден процент вакцинираност.
    Тоа значи дека тие можат единствено да спречат смрт.
    Од тие причини присилно вакцинирање е бесмислено, освен за категоријата над 60 год.
    Иако и во таа категорија не е ефикасна колку што се очекуваше

    Со масовно вакцинирање нема да се спречи ширењето на вирусот.(што всушност и се случува)

    Тоа треба да биде лична одлука кај поединецот да си го намали можебитниот смртен исход кај себе.

    -Со вакцинирање на децата од 5+ и младите нема да ги заштитиме старите.

    Веќе низ многу студии меѓу кои и последната е утврдено дека ковид не е страшна болест за децата и затоа е апсурдно присилно вакцинирање над 12 год.
    За сигурноста и безбедноста на мрна вакцините, а особено долгорочните последици апсолутно никој не може да тврди и гарантира безбедност и од тука е потполно неетички да присилуваат деца,млади, прележани да бидат задолжително вакцинирани.
    Зошто се форсира примената на мрна вакцина ,а две протеински цела година чекаат на одобрување , а од друга страна клиничките испитувања на фајзер од 6 месеци-11 год.е започната крај на март и веќе се боцкаат деца од 5 год.е под знак прашалник и секој би требало да се запраша зошто е така.
    Ако не е финансиски монопол, и форсирање исклучиво на мрна вакцини,не знам што е.
     
    На AndyRad, mKdevojce, ButterflyQueen и 5 други им се допаѓа ова.
  10. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Еве нова студија во Лансет за недокажаните вакцини. Бустер со трета доза со 7 различни вакцини. Safety and immunogenicity of seven COVID-19 vaccines as a third dose (booster) following two doses of ChAdOx1 nCov-19 or BNT162b2 in the UK (COV-BOOST): a blinded, multicentre, randomised, controlled, phase 2 trial - The Lancet. Велика Британија е студијата значи првите две дози се или Астра Зенека или Фајзер. Третата доза е различна. ПОкажува дека и различни комбинации не се нешто потенцијално опасни по живот, иако компбинацијата Астра Зенека после две дози Фајзер се покажала со најмногу нус-појави. Обратната комбинација не (две дози АС па Фајзер или Модерна).

    Мене ваква студија ми требаше за да видам околу трета доза. Првите две ми се Спутник. АКо е ОК комбинацијата АС со Фајзер тогаш и Спутник со Фајзер би било ОК.

    @Cosmi многу убав збор имаш смислено. Стерилизирачки. Ми се допаѓа. Инаку ниту една вакцина не е стерилизирачка како што милуваш да казжеш. Со сите вакцини имаш шанса да ја добиеш болеста против која си заштитена. Ама и ако се разболеш вакцината гарантира полесно дека ќе поминеш. Ниту една вакцина не штити 100% од разболување. Поентата е што кај поголемиот дел од вакцините и болестите обично имаме имунитет на стадо. Кога тој паѓа болеста одново се појавува. Примерот со морбилите е уште свеж. Заради антиваксери ни падна процентот на имунизација под 85% и морбилите повторно се појавија како проблем. Таа зима (една пред Ковид) кај син ми во група имаше само 5 деца што имаа право да одат во градинка (читај беа вакцинирани). Во текот на Јануари се вратија 90% од децата и немаше проблем.
     
    На Mikha4, Ahoy, Nikolina35 и 2 други им се допаѓа ова.
  11. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.021
    Допаѓања:
    41.444
    Пол:
    Женски
    @JoyJoy другарка во Германија прва доза АЗ втора Фајзер. :)
     
    На Feminka22 и JoyJoy им се допаѓа ова.
  12. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.539
    Допаѓања:
    20.166
    Пол:
    Женски
    Нирвана во розовиот свет! 100 процентна заштита со бајковоти нијанси, немаш ни на софа у дневна. Сликата од ѕидот може да ти падне на глава. Теоретски, не е дека не постојат шанси. И природната варијанта (прележување) е во бајковита имагинација за розови еднорози со гарантирана заштита. Дека се раритен вид. Да гледав розово, ќе продавав нарација во натуралистичка форма.

    Досега ќе беше завршена пандемијата. Yeah, right?! Да не се боцка некој ×3 рецимо, а некој друг ниту еднаш. И после со ваква висока стапка на вакцинална покриеност, како шо се искоренија морбили рецимо (за век и векови, амин! Пази, висока вакцинална покриеност и тук таму пак локални епидемии) да си замислиш дека функционира ко со магично стапче, не дека е процес кој трае. И има за цел да превенира тешки форми, најважно и неретко, смрт. А како со нееднаква распределба на вакцините жити се? Не е дека нема да се стави под контрола, ама е успорен процес, пошо меѓудругото постојат држави каде што има простор за циркулација на нови варијанти, оти се под вакцинален праг. Потребата од ажурирање на вакцините или евентуално бустер доза! Ако ги прилагодат на нови варијанти, што реално и треба, леле, кој ќе слуша демагогии дека ставиле уште еден чип?! Заобиколи го ова, чиста реторика!

    Well yeah, не чинат, пошо се жртва на сопствениот успех!
    Целата поента во една реченица. Ама, "единствено" е вишок.
     
    На Ahoy, KateKane, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.425
    Допаѓања:
    90.751
    Пол:
    Женски
    Леле JoyJoy јас го имам смислено зборот.:rofl: едуцирај се,не мантрај за џабе.
    Птотив вариола вера биле стерилизирачки исто и против морбили и ХПВ.
    Против хепатит б не се,против рота не се,против пертусис делумно.
    Каков црн имунитет на стадо со овие вакцини.
    @Lianna Anna
    Е да,
    Затоа во возрасната граница каде има највеке смртност мора задолжително да се вакцинираат,но не и притисок за сите.
     
    На AndyRad му/ѝ се допаѓа ова.
  14. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Свекор ми и свекрва ми се со две дози Спутник, трета Фајзер. Освен болка во рака и малку треска со трите дози ОК поминаа.
    Вакцините даваат стерилизирачки имунитет или не. Вакцините не се стерилизирачки. Ама еве поедуцирана си од мене. ОК еве медал за едуцираност ти давам.
    Инаку еве и морбили не била стерилизирачка. Само на времето немале начин тоа да го дознаат. Ова вака пошто неедуцирана сум го најдов. COVID-19 Vaccines: The Myth of 'Sterilizing Immunity' - The Atlantic.

    Како и сите живи организми и науката постојано се менува. Се добиваат нови докзаи и се менуваат препораки сходно на тоа. Никој што барем малку разбира како функционира добивање докзао нема да се фати како пијан за стап за едно исто и да го врти постојано.
     
    Последна измена: 3 декември 2021
    На Mikha4, Ahoy, bicycle и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    16.161
    Допаѓања:
    49.396
    Пол:
    Женски
    6D337167-E9E0-4AE5-8DC8-4BD077A6806A.jpeg
    53CE91CC-2CF0-4346-849B-C9C83F4C432A.jpeg Овие колку се смешни значи :rofl: :rofl: гулицнете ме да се насмеам
    За погреб хехјхе
    За ковчег да има.
    За овој труд? За ковчег вреди.

    ти се плукнам во ретардираните
     
    На Mikha4 и bicycle им се допаѓа ова.
  16. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.425
    Допаѓања:
    90.751
    Пол:
    Женски
    Леле JoyJoy:yawn:
    Баш си го нашла текстов.
    Дали морбилите се ерадицрани со вакцината?
    Ковидот не е и нема да биде.
    зарем не е очигледно?
    Measles vaccines induce sterilizing immunity. That is, the measles vaccine completely stops infection and therefore prevents transmission.

    https://thefacts.com/free_share/article_815da8a7-1f83-5099-86de-20785be24019.html
     
    На AndyRad му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.320
    Допаѓања:
    190.006
    Сомнителните клинички тестирања- клинички тестирања на кои е фрлен сомнеж. Бритиш медикал журнал е некое ново анти-вакс врталиште?:?:
    https://www.bmj.com/content/375/bmj.n2635

    За миокардитисот, секако дека го има во официјални несакани ефекти. Го дискутиравме пред да го има, фреквенцијата на инциденцата е сеуште иста како во прелиминарниот израелски извештај. Само што и самото спомнување на репортот тогаш, тебе ти беше антивакс реторика. Ете, не било, било основан сомнеж.

    Без тестирање на луѓе? Сериозно?! Со намера истото да се аплицира на луѓе? Well, не знам што да кажам на ова. Секако дека е можно. Со аргументација со извичници, со имплентација под присила, просто да ти е мерак:inlove:. Ама имаше некој термин за таквото уредување, како ли се викаше, на врв на јазик ми е:smirk:
     
  18. KateKane

    KateKane Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јули 2018
    Пораки:
    3.590
    Допаѓања:
    63.034
    Пол:
    Женски
    Јас планирам наредна недела со трета да идам да се боцнам. Е сеа се мислам дали Фајзер 3та или да си отидам у Врање/Ниш и да си се боцнам со мојата.
     
  19. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.425
    Допаѓања:
    90.751
    Пол:
    Женски
  20. JoyJoy

    JoyJoy Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 март 2017
    Пораки:
    5.284
    Допаѓања:
    35.396
    Пол:
    Женски
    Аман со тие морбили. Имаше или немаше епидемија кај нас на морбили? Ако малку падне имунизација се појавуваат (дури и кај вакцинирани лица само полесно поминуваат): Questions About Measles | CDC (извини знам дека ги мрзиш и намерно ЦДЦ ти ги ставив). Значи бвакцината за морбили после две дози создава имунитет (антитела) кај 97’% од оние што ја примиле. Ниту една вакцина нема 100% ефикасност. Морбилите како вирус не се исчезнати. Ама еве ако ти викаш така еве ќе ги прогласиме за умрено. Морбили официјално умрено.
    И амам веќе со тоа Ковидот не е и нема да биде. ОК еве нема да биде. Ама ако немаме притисок на здравствен систем, ако не умираат луѓе од КОВИД, ако немаат долгорочни последици по здравје од КОВИД и слично тогаш и тоа е успех.

    @Biljarkata за закачки на местото на производство Спутник уште чека одобрување (една фабрика била проблематична). Ама тоа не значи дека целото производство не чини. Или дека вакцините како такви не чинат. За Фајзер сум го кажала ставот. Баш неговото форсирање како магичен одговро на КОВИД ја направи целава оваа збрка со вас противниците на вакцинација. Ама од дрвата не се гледа шумата. И тоа очигледно нема да се смени па не знам какви докази позитивни да се извадат.