Курц, претходниот канцелар кој го сменија поради скандал со корупција, се повлече од политиката целосно. Моменталниов не е, си ја тера агендата за подготовка на законот за задолжителна вакцинација. Иначе вчера или завчера во еден ден тројца други политичари си дадоа оставка поради лудилото кое упорно се тера во таа држава. И после скоро две години можно ли е толку да не сте информирани што се случува надвор од границите на Македонија, во Австрија и Германија на пример? И на сите дискриминирачки мерки упорно да се повторува оваа реченица да не знае човек дали е смешно или жално...
@JoyJoy Па сто пати ги спомнавте на темава и нив и вариола вера. И пак промашуваш цел фудбал со линковите и споредбите. Ковид-19 вакцината и покрај оптимистичките најави во почетокот е веќе утврдено дека нема да створат стерилизирачки имунитет. Толку.
@mKdevojce Тука читав https://www.google.com/amp/s/www.te...je-ostavku-nakon-samo-52-dana-na-duznosti/amp
Аа не знаев за тоа. Чудно но по медиумите тука само за Курц имаше дека целосно де повлекува од политика. Ако е ова вистина тогаш е добар знак според мене.
@JoyJoy за Спутник ништо не знам, ете таква ни била судбината. Или мнра или мнра. За другите не коментирам, моите со кинеска се вакцинирани, така што како да ви кажам, не сум од антивакс фамилија. И детето ми е со сите вакцини вакцинирано, ама оваа ќе ја прескокнеме, барем во догледно време.
@mKdevojce Знаеме, пратеме, читаме, следеме. Не сме толку закржлавени во мозоците ко некои што цело време веруваат у теории, први у свет сме, сите ни се смеат. Дали знаеш дека со терање инает уште ќе сме во ова срање? Дали знаеш освен да ширеш антиваксерство некоја идеа да се заврши ова? Локдаун не, карантини не, вакцини не. Ништо не сакате. Кога веќе толку знаења за вакцини имаш повели, измисли начин како да излеземе од ова, ете било што. Безброј пати си прашана и велиш дека не знаеш, а како толку знаеш за вакцини? Ете, стави се на нивно место и како би го решила тој проблем? Ако не со вакцини, карантини, локдауни? Ете, не се толку ефикасни, ама дај образложи ти начин за излез на ситуацијава. Не знам како не ви досади 2 години со ова.
Епа како тогаш не сте прочитале дека се воведува задолжителна вакцинација? Како уште може да пишувате нИкОј нЕ Ве ТеРа На СиЛа дА сЕ БоЦКатЕе? Иначе, вакцините не се покажаа ниту најмалку како решение за пандемијата. Нема ефект ниту по намалување на број на заразени, ниту по обезбедување на голема заштита од тешки последици од вирусот. Напротив бројките за разлика од лани се дуплирани. Каде видовте зрак на надеж не ми е јасно.
He has been one of three public crisis managers during the COVID-19 pandemic, with responsibility for the enforcement of lockdowns and restrictions. Nehammer also led the government's response to the 2020 Vienna terror attack, a series of shootings that left four people dead, hours before the city was due to enter lockdown. Аии Такви луѓе требаат за спроведување на насилни мерки, секако сето тоа само за "доброто и здравјето на масата народ".
Девојче, ако ја следиш од старт темава ќе се сетиш колку се кукаше оти немавме вакцини. Едно. Друго - не се вакцинирам оти Филипче ме тера, туку зошто јас сум избрала. Трето, нема потреба од коментари од типот ќе цркнете од вакцината, стерилни ќе бидете, нема да останете бремени и бла бла бла. Ете, за тоа се бунам. Ете, не се толку ефикасни. Шо следно?
Sorry, за улетуење у ваш муабет али ,да прележиме сите пошо обична настинка е . Шо има везе, све треба да се отвори еее, шо било поминало не треба да hold on to these past 2 years. Напротив треба и зтврање на инфективни одделенија а и да престанат да се прааат прц тестови. етеееее решив пандемијава, лабаво само
Зошто го вртиш муабетот во сосема друга насока. Мојот коментар беше за тоа што ти цело време повторуваш дека никој никого не тера насила да се вакцинира. Нит сум спомнала ништо од тоа што имаш наведено во постов.
Не знам за тебе ама други да. Исто и ко на темава препаметнава Козми цело време кажуваше колку е подобро да прележиш наместо вакцина без да размисли дека не секој има среќа лесно да помине. Руски рулет, јбг.
Морбили немаше само кај нас низ цела европа имаше, и директива за вакцинација на децата од морбили со сомнително потекло беше исто од сзо и странство. Им се закануваа на прави здрави деца кои имаа претходно вакцина од морбили она кога е определено да се земат, дека од школо ќе ги избркаат и како што паметам толку беше безбедна вакцината што дури и министерот внуката си ја вакцинираше он ја држеше во раце доктори во неадекватна просторија ја вакцинираа, односно после се увиде дека и не му е внука, и дека капачето било оставено на вакцината значи немало боц боц. И после испадна дека биле со поминат рок. Значи кој да прати кој да памти не се знае.
Ти џабе ја читаш темаваништо не си разбрала ко што треба. Ни локдауни,нит антиваксериве сите да ги избоцкаме на плоштад ,нит ковид мерките ќе стават крај на пандемијава. Ќе живееме со неа додека не речат крај.
Кажи излез ти како најпаметна еве. Ајде отидов да се заразам пак оти според тебе природниот имунитет е најдобар, ако поминам со последици шу праиме бе? Ти си разбрала, гитла таму у СЗО, шо седиш по форуми не знам. Оди просветли ги.
Дали сериозно? Каде замина, па сега ќе расправаме дефиниции, кои, не знам ни самата дали ги разбираш или имаш интенција за пренасочување. О Боже, фигуративно да објаснувам! Фокусот е на интензивни научни истражувања, напредна технологија и медицина. Во случајов ете, мрна. Секаков вид носечки научни верзии, кои можеби би можеле да напреднат и до тој степен. Чекај сега, зошто тестираат, па зошто не тестираат? Никако не е, освен основната присилна форма (демек по Нирнберг кодекс) која увек некако се провлекува. Може е тоа зборот што ти фали во низата. Види размисли, чиста тиранија! Нешто што се појавува непосредно по вакцина, не е нужно поврзано со вакцината, освен ако се докаже како такво. Кога ќе се докаже како такво, нема аргумент што може да го бутне. Во спротивно паѓа, оти е логичка грешка, заблуда во расудување. Аргументирано со сомнеж или претпоставка. Никако тоа не е моја дефиниција, туку е основно правило. И е концепт во расправа на антивакс редови, пошо нели, неаргументирано или барем лошо аргументирано. Немам до сега видено некој толку упорен со корелациска врска на миокардитис, па во секој цитат скоро ми го убацуваш, ко демек види, ова искочи вистина, а кој знае уште што се ќе дојде. Скроз исто како Денга вакцината што ти беше омилена реплика. Затоа прашање, како е миокардитис аргумент или пак шо знам, можеби и доказ, дека се друго е основан сомнеж? Последното е субјективно чувство, знаеш. Иначе иде вака: кој тврди, мора и да докаже. Well, yeah! @Cosmi Како ќе превенираш мутации и растечка тенденција во болнички кревети? Ако се боцка рецимо, само 60+ како ќе ја ставиш под контрола?
Во градската болницата ми рекоа да донесам уште 5 луѓе за заедно да сме се вакцинирале, инаку не сакаат да слушнат. Ме враќаат неколку пати, не можам да се вакцинирам.