Таа само две работи знае да каже: "Никој не ве тера да се боцкате на сила." И "Ајде па ти кажи решение за излез од пандемијата." (На секој што ќе каже нешто против промашената ковид политика или вакцините).
И вие цело време знаете да зборете едно исто - постирање линкови и ширење антиваксерски пропаганди. Не е лошо да си признаете дека постојат луѓе надвор од форумов што се занимаваат со тоа знаат повеќе од нас ама пусто его, не ви дозволува. Ае разлаз.
Зошто тогаш земја како Португалија со 90% стапка на вакцинација не успеа да ги превенира тие работи па враќа мерки?
Немаше баш во цела Европа. Имаше само кај нас, во Романија и слични криви леви земји. Имаше еве и во Њу Јорк а само градот. Сите места беа со вакцинација под 90% тоа им беше единствено заедничко. Се заради верување во полувистини, клик бејт наслови и сумњиви типови. Иста прича ко со Ковидов де. Истиот ментален склоп друг појавен облик. Никој прописно вакциниран нр беше отстранет од ништо тогаш. Првачињата примаат ревакцина МРП и се чудев колку сега не однедоа деца на ревакцина (ќе дојде аутизмот и оооп бап ќе им ги гризне децата за газ).
Да де, заборавив и тоа да додадам, "антиваксерски пропаганди" и "теории на заговор" исто така. Сега пак и линковите испаднаа криви. Епа ајде немојте веќе да споделувате и читате од линкови, слушајте само тоа на вести што ќе кажат.
Вести одамна не следам, нашиве ни најмалку, ама не верувам ниту на секој линк постиран ниту па муабети оти па реално денес секој може да напише статија. Илјада информации, сите сезнајковци. Сакам да верувам дека наскоро ќе има излез од ова, почитување нормални мерки, додека не заврши. Кој решил да се вакцинира негово право, кој не, да е жив и здрав. Ништо против невакцинирани немам, напротив, уште се водам по тоа дека секој одлучил како да тера, почитувам секоја одлука, секој ден имам контакт со нив, ама да го убедувам у нешто спротивно, немам намера, а не да бидам ко одредена група на антиваксери или луѓе што уште веруваат дека не прскаат со авионите оти ми е губење време. И дел од ваксерите и дел од антиваксерите претеруваат со убедувања. Ништо не ни чини, искрено. Нит се тераме нит се водиме. Сакаме вакцини, а не, штетни се. Баране мерки - глупави биле или дискриминирачки. Многу изгубија животите, многу не веруваат во ова, многу не почитуваат. Треба навремени мерки, додека не се влоши пак. Уморна сум од препукувања и вакви корона бројки и секој ден да слушаш некој познат, некој млад починал. Не е време за терање инает. А за крај на ова, не знам кога. Избегав од темава ама кој не се согласува, не мора.
Јас не реков да се боцка само 60+. Да се боцка кој сака ,без присила во другите категории и задолжително 60+ како возрасна популација со најголем ризик. Болничките кревети претежно се наполнети со оваа популација. Значи доколку вакцината е ефикасна не би било проблем со пополнети болнички кревети. За мутациите ќе видиме,што, како зошто и каде. Никој ништо не знае. За миокардитисот Врвен англиски кардиолог го отвара ова прашање.
Затоа шо за еден не сакале вакцина да отвараат. Па морало повеќе луѓе да им донесам. Не знам дали е вака во сите болници или би требало да се пријави некаде ова?
Оди во друг диспанзер во јане пример. Не знам дали се пријавува, реално е така ќе фрлат 5 дози. Да, не е фер за тебе, ама па од друга страна ќе фрлат вакцини. Смени диспанзер оди во јане букурешт... и батали не си троши нерви.
Јас на оваа тема сметам дека никој нема право да ми кажи дали да се вакцинирам или не, мое право е сакав отидов ставив еве жива сум. Дома сме сите вакцинирани јас и мајка ми имаме Синофарм, таа и трета доза Фајзер, татко ми и брат ми имаат Синовак татко ми исто трета доза Фајзер. Брат ми беше омалксан 1 ден, другите ништо немавме. Не се ни думавме за одлуката дали да се вакцинираме едногласно беше кажано дека одиме се вакцинираме, знајме како ја поминавме короната кај што ноќе не спиевме оти татко ми има шеќер и башка тешка операција. Јас да го ставам во ризик животот на моите нема да си дозволам, не велам дека утре други ден нема пак да се заразиме ама цврсто сум убедена дека нема да биди толку тешко како првиот пат на толку лошо поминување и неспиење проклети две недели. На никого не сум му рекла оти не се вакцинираш будала си ретардирана како што мене ми зборат дека сум ретардирана што се мислам за трета доза. Ме нервираат ајде овие да ги наречам антиваксери ама ја претеравте со вашите ''ставови'' околу вакцината ама бидете свесни дека еден ден ќе не можите ни леб да си купите а камоли да смените работно место. Бидете посовесни, и за вас ако не за вас барем за вашите родители.
А од кога било кој антибиотик е контраиндициран со вакцина против ковид? Во периодот помеѓу првата и втората доза бев на десетдневна терапија со пеницилин, после тоа морав да продолжам да примам додатна терапија панцеф, па се погоди да пијам антибиотик и на денот на ревакцинација. Жива и здрава сум, без апсолутно никаква реакција освен болка во раката. Вакцините не влијаат, ниту пак имаат било каква интеракција со антибиотици.
Значи јас не дојдов на темава за да се правам паметна и да зборам глупости .Туку прашав дали има некој период што треба да помине. Кај децата чекаат да помине две недели минимум пред да ги вакцинираат, затоа прашав.Инаку во документите за согласност стои само со температура над 38,5 нема да биде лицето вакцинирано , со пониска и др проблеми не е проблем.
Јас би се водела според логиката за деца Ава. И не е само логика за деца, и пред тетанус ревакцина предуслов е да бидеш здрав, прав. Можеби е поинаков механизмот на овие вакцини, ама јас лаички рачунам, штом некој примал антибиотик, со нешто (со бактерија) се борел организмот и би било фино да се опорави од таа борба.
И јас мислам како тебе лаички.Имав операција и одам кај матичната и ја прашувам кога смеам да се вакцинирам.Ми вика за 2 недели од операцијата. Прво сум изгубила крв, второ од што сум чекала толку ми се воспалило слепото црево што примав прво едни 2 антибиотика кој не делуваа, па после ми ставија еден за сепса ептен јак.Сила после втората недела немав скалите во влезот да ги качам, уште вакцина ми фалеше.Ја сменив матичната и новата ми вели минимум после месец и пол можеш да се вакцинираш.Поминаа 7 недели и сум ок, ама ушето ме зеза па изгледа ќе ми дадат антибиотик, а вакцина термин имам другата недела и не знам што да правам. А тука без вакцините веќе ни на др не те пуштат.
Вакциниран сум со две дози во Србија, меѓутоа сега третата сакам да ја примам во Македонија. Ми рекоа дека првин треба да ги регистрирам двете дози тука. Дали знаете каде се прави тоа? Ја информирав матичната, ама на www.vakcinacija.mk уште стојам како невакциниран (не ме регистрирала). Ми рекоа дека можам во било кој вакцинален пункт да го направам тоа, ѕвонев во Идадија, никој не ми крева.
Почекај да се опоравиш од операции и лекови најпрвин. Собирај сили и заздрави. Потоа се вакцинирај. Не брзај толку. Сепак си имала проблеми си кревка сеуште плус операција, заздравуваш. Пиј витамини, јади витамини, дај си време да се совземе организмот. После вакцинирај се.