Нели рече Зоки кога ќе дојде вакцината со Венко ќе се вакцинираат пред камери за да види и се увери народов дека се безбедни вакцините. А од друга страна дека нема доволно, да не испаднат себични, зошто не е итна за нив вакцинацијата. Има поприоритетни од нив, му ја мислат сега да не ги разгневат тие на кои навистина им треба. Ај да видиме како ќе се одвива македонскиот сериал „Вакцинација“
После јас сум била драма квин А нешто жири од народ составено ќе има при тој пресветол чин, пошто нели во едно шишенце 4 дози се, пример прво ЗоЌи, па тројца рандом луѓе, па после од друго шишенце по случаен избор Венко, па пак рандом луѓе, по случаен избор? Нешто како наградна игра, "Освој вакцина од исто шишенце со премиерот"
Венко Хуманитарецот се огласи Предност дава на народот тој не се вакцинирал. Муле. Оди вакцинирај се прв вака само и на тие што сакаме да се вакцинираме ни прави филмови во глава.
И јас едвај чекам да се вакцинирам. Во прва Б група сме ние. И се надевам во пратката од Кина ќе има и за нас.
И јас едвај чекам да се чипирам, ама знам дека не ми е за брзо редот. Сепак едвај чекам да се вакцинираат моите што побрзо, сите се во прва или втора фаза меѓу првите, што поскоро го чекам тој shot на ослободување
Може имате пишувано на темава, но дали се знаат реакции и несакани дејства од вакциниве против корона?Некој доктор кажувал дека Фајзер делувала на гените... не сум антиваксер, напротив, сум за вакцини, но оваа пребрзо некако се направи. Барем јас така мислам, може грешам. И нели министерот за здравство е логично прв да се вакцинира? Демек да не потроши една вакцина ,хм...
Ама пак треба и по вакцинација да носиш маска и да пазиш, ниедна вакцина нема 100 % заштита. А кинескава вакцина колку точно штити, нема официјален податок од СЗО и ја нема на нивната листа
Баба ми е пензионер, матичниот ја пријавил, и' се јавил. Е кога ќе и' дојде терминот не знаеме. Мене ми е фуфте оти плачка сум, малце тт да кренам или да ме боли раката ќе тагувам
За мене е храброст. Јас се плашам да се вакцинирам, а ете и официјално има дека луѓе со тешки алергии, автоимуни заболувања и терапии да бидат внимателни.
Шала на страна, премиерот секако не е поризична категорија од некој старец или сестра. Мада нашиве шарлатани врска немаат со солидарност, мора со фама да се вакцинираат
Е јас немам ништо од тоа, а и знаеш дека не се потресував ич, димери ми испитаа тек кога дојде време да дарувам, тогаш и прв пат кс ми направија, а тоа беше 4 месеци мислам после прележување. Прашалникот за нас (вработени во здравство) беше поприлично обемен, не знам како е на странава сега. Не ми е страв дека кој знае што ќе ми се случи, повеќе ми е за нормалните нус појави, како тт на пример, и како дете качував тт од вакцини, веројатно ќе качам и сега. Тоа не ги спречи моите да ме вакцинираат како дете, што е тука е, план Б немаме.
И не, не е логично министерот да се вакцинира прв затоа што ниту е секојдневно во контакт со Ковид пациенти, а ниту е веројатно ризична група.
Тоа секако дека ризичните имаат предност. Мислев од гледна точка на безбедноста, во смисла јас ви ја донесов јас прв ќе ја пробам А вака неговата"солидарност" има контра ефект, ќе се двоумат луѓето уште повеќе.
Има на Bloomberg, 79% просек, а во Турција оди и до 92% ефикасност. Тоа е во превенција на болест, инаку сите се 100% сигурни во превенција на тешка клиничка слика. @buba4e89 не боли воопшто.